Прв пат ми е ќеф оти докажав на некој дека ете не било баш како што мислел, дека не сакам да работам, дека сум мрза, дека не ми се работи, дека лажам дека пуштам милион цв и нема одговор никаков. Иако на определен рок - со истиот тој човек како сведок, свати дека НЕМАМ ШАНСА за добро да работам! Не дека сум мрзлива или не знам си што. И не само тоа, сите во организацијата имаат респект дека мн работам, дека не озборвам и слични пофалби....Напротив, во мојот оддел ја туркам работата да оди побрзо - тоа што зависи од мене. За година и пол ја совладав цела работа и плус работам како припомош за уште два оддели други и техничка поддршка (за средовечните госпоѓи со проблеми со компјутер и интернет). Си се гордеам ехеххех
Да кажам...не сум срекен. И врската не ме прави повеке срекен. Чекам од Бог некаков знак. Поубаво ми беше сам.
Денес посебно расположена така без некоја посебна причина зготвив на маж и декорорав, јадењето го чекаше на маса. Се јавува и прашува што има за ручек, јас ништо велам. Заклопи. Дојде и се изненади пријатно, не дека јадењето беше нешто посебно но вниманието го изненади и ми се насмевна онака задоволно и испелнето. Ме бакна и после некое време гледам кафе на масата, декорирано со пената од млекото со срце. Љубов бе. И така денов од ништо посебно се претвори во нешто посебно. А тоа го направи само малото внимание и малата ситница. Љубов. За љубов не е потребно брда и долини, потребна е мала љубовна инспирација за подобар ден и подобро расположение.
Инспирирана од статусите на некои од моите "пријатели" , ќе кажам само дека и на крај светот да отидат, ќе останат гревови бедни, сиромашни во душа и сељобери. Многу брзо некои забораваат од каде потекнуваат, како живееле до скоро и како сега живеат. Мислат дека ако купат авионски карти и отидат у курац да живеат, дека се богови, сињорини и џентлменс. Порфафор значи, дај не ме терајте да ве хејтам со све име и презиме, бедотии бедни неиживеани. На нивата врата не можеш да ставиш исто како што ни во Европа ни во Америка не можеш луѓе да ги направиш, ту мач им е покондуреното у себе, уште кал под нокти имаат а ми се прават Енглези и Французи.. Мислам, дојде ред политиката да те натера да си одиш, тапа муабет, за сите има место под небово, него долговите и лихварите те натераа да одиш да печалиш зашо се глумеше буржоазија на долго и широко. Епа не иде така тоа пиле моје. За некултурата па можам и песничка да им составам, зошто ептен инспирација ми дадоа, со рима со све. Со бас, со аплаузи и со враќање на бис. До следна провокација, собирам материјал а сега : Аста ла виста. Мва
Секој погрешно направен чекор води кон амбис и провалија. Добро гледајте каде се движите и со какви чекори
Кога некој на некого ќе му рече сам е, ми идело да речам вие сте сами во душа. Ама секогаш премолчуваш да не повредиш некој. Е тој некој од инат ќе те повреди тебе.
Пред некој час ни пристигна една принцезичка за неколку месеци ќерка ми ќе има со кого да си игра во исчекување сме и на принцот кој треба да се роди до средина на месецов па и синко да си добие уште едно другарче . Ете вакви вести сакам . Се радувам што се множи нашето друштво , и така нека продолжи , па од наредна година на дружба ќе треба да одиме со најмалку 10 автомобила бидејќи нема да не собере во помалце . Пријатели , нека ви е жива и здрава принцезата , гордост најголема да ви биде и само успеси да ја пратат на секое поле . Среќна сум исто колку и вие . На мајката , со помин да и се слатките маки кои ја чекаат
Custvoto koga zapoznavas nekogo I pravi da bides bukvalno ko malo detence, te kreva najvisoko a potoa bum, pagas. Boli. Ne znam kako no takva sum, kolku I da me skrsi ja naogjam silata vo mene I prodolzuvam kako se da zapocnuvam od pocetok. Jas ja sakam ljubovta, strasta, I ke ja davam samo koga ke bide vozvratena. I uste te mislam, eve priznavam, no sekoj den se pomalku mi znacis.
Во љубовта постојат само два типа на кавги. Првите ја разнишуваат врската, влеват сомнеж и незадоволство а другите ве прават посилни, ве сплотуваат и повторно ги разгоруваат страстите.
Од такт ме вади кога сум во банка и на шалтер ќе застане некој до мене. Ви се случува и вас тоа или само мене? Сте слушнале за приватност? Сериозно ме интересира тоа. Не знам како не им е незгодно да слушаат колку имам на сметка или колку ќе земам. Да се немало најосновна култура, а работата ми е таква да бидам почесто во банка, па притисокот редовно ми е дигнат. Уште ако им кажеш дека сакаш малце приватност ти викаат дека си некултурна. Денеска ми се случи ова. Доаѓам на ред на шалтер и до мене застанува еден господин. Јас: Господине, ќе може малце да се тргнете да си завршам работа ќе дојдете и вие на ред. Тој: Е што ма девојче милионите да не ги подигнуваш, па ти треба приватност. Си викам во вакви моменти некогаш е поубаво да се спуштиш на нивно ниво и да им покажеш кај им е местото ама културата не ми дозволува тоа.
Јас од вакви дебили си земав електронско банкарство. Чао-пријатно, се' сама си правам од дома. Ни ме гледа некој колку вадам, ни колку ставам. Еднаш една во Стопанска ми рече - Аааааа, ти се собрале парички, шо ќе си купиш? Мрш. Него... вчера одам по улица и гледам мајка со две дечиња, девојчиња. Мали, убавки, насмеанки. Ме гледа помалото и се смешка. Додека така, му падна јакничката и застана да ја земе. Да знаете само каков ќотек и какво дерење доби од мајката. ЃУБРЕЕЕЕЕЕ, СТОКОООООООО, шлап, кај ти се очите мори, ќорава ли си и слични други работи. ТЕБЕ ЛИ ЌЕ ТЕ ЧЕКАМ, глупачо една. Мислам, сериозно? Оти му падна јакничето? Па и на голем човек ќе му падне нешто при одење, а не на дете од 3-4 години. Ако планираш така да му се дереш и да го сакатиш, што го раѓаш? Не ми е јасно тоа... родител, а со толку омраза кон сопственото дете. Мислам... едно е да му подвикнеш во нервоза, друго е да му се дереш жолчно како да ти го убил најмилото. Да видите како тажно ме погледна девојчето отпосле. Срцето ме заболе, којзнае колку му се дерат дома.
Мене па од такт ме вади кога на огромна редица на луѓе кои чекаат у еден ред, иако работат неколку шалтери - нели, за да иде работава побрзо - ќе наиде еден паметњакович кој ќе се напраи дека е глуп и не разбира зашто чекаат сите други луѓе у редов (а у себе несомнено ќе си честита на генијалноста) и ќе се шлапне директно пред некој од шалтерите. Really? И нормално, кога некој од луѓево што дремат више пола саат у редица ќе изреагира, одговорот е „Ама сакав само да проверам дали ми префрлиле пари на сметка“. Стварно? Си дошол у банка за да провериш дали ти стигнале пари? Добро е, пошто ние другиве у редицава чекаме за да купиме леб и млеко.