Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.524
    Допаѓања:
    28.157
    Пол:
    Женски
    Чуството кога ке станеш и во кујна ке те дочека цел куп гадни чинии (facepalm)
     
    На bella.s, ♡BuBaLe♡, ЕденЧлен и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.267
    Допаѓања:
    40.634
    Ако видите една на црн точак, у црно, со ленонки, и вози како луда Мара низ луѓето на велосипедска патека, одкако предходно им звонела 2 минути, а не се тргнале , ( збориме ако им вози од напред, а не од позади грб ) и плус ги пцуе, јас сум.:drunk:
     
    На Сама Дома, Yipman2, Dust и 17 други им се допаѓа ова.
  3. N.2106

    N.2106 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2017
    Пораки:
    1.101
    Допаѓања:
    19.135
    Пол:
    Женски
    Хаха :rofl:точак обожавам да возам и возам постојано на пократки релации.И да така исто возам поагресивно инаку не ми се признава:lol:нели.
     

    Прикачени фајлови:

    На ♡BuBaLe♡ и Mrs.Brain им се допаѓа ова.
  4. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.785
    Допаѓања:
    9.940
    Пол:
    Женски
    Му пуштив рикуест на симпатијата, сега од него се очекува да ми пише и да ми понуди брак! :makeup:(hollest)
     
    На Quuen, Сама Дома, fallenangel и 35 други им се допаѓа ова.
  5. orevka

    orevka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 август 2016
    Пораки:
    1.332
    Допаѓања:
    5.407
    Пол:
    Женски
    И покрај напорниот,нервозен работен ден можам да кажам дека веќе ми завршува со огромна насмевка причина е едно мало девојче кое беше дојдено со таткои и ми ја остави да ја причувам толку искрена насмевка,прекрасна косичка,прекрасни очиња и срамежлив муабет.Лепотица права од 5 годиники.
    За на крај со малото раче да ми мафта и да ми каже чао и фала што ме причува :inlove:
    толку...
     
    На Quuen, Сама Дома, galapce и 9 други им се допаѓа ова.
  6. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.391
    Пол:
    Женски
    Им се восхитувам на оние повозрасни жени што се секогаш средени и се однесуваат ко прави дами.

    Животот за сите е тежок... За некого повеќе, за некого помалку ама сите ја чувствуваме неговата суровост.
    Овие жени иако поминале многу во животот, сепак знаат да и манат шамар на негативноста и гордо да зачекорат по улица.

    Им се восхитувам колку си се грижат за својот надворешен изглед.
    Не се пари во прашање, не е во прашање ни тоа дека не се задоволни од надворешниот изглед (па да се маскираат со шминки), туку таков им е карактерот.
    Малку карминче, малку креонче, косата наместена, малку парфемче и уживаат во животот.

    Јас како помлада некогаш до продавница ако одам, си викам ајде ќе ја соберам косата како било и така си одам.
    Додека тие што си внимаваат на секој детал, не дозволуваат така да се појават во јавност.

    И цел ден дома да се, тие се средени... Од кревет станува и се посветува на себе.
    Треба од нив да се учат лекции за животот ... Треба од нив пример да зема секоја млада девојка.

    Секој може да одвои 10тина минути за своја душа... Е тек тогаш сите те гледаат со поинакви очи и со поголема почит.
     
    На Quuen, Сама Дома, Yipman2 и 29 други им се допаѓа ова.
  7. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.519
    Допаѓања:
    17.552
    Пол:
    Женски
    По неколку години, на тересата до својот дом ќе излезе девојка која ќе сака да го убие напорниот ден во мракот на Лондон. Се уште со униформата на себе, со кафе во една, и луботонките во друга рака. Со разбушавена коса и насмевка од шеска до шеска...

    Една вечер. Ветувам...
     
    На Lella, Yipman2, Mrs.Brain и 14 други им се допаѓа ова.
  8. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.750
    Допаѓања:
    21.438
    Пол:
    Женски
    Она кога сте преемногу дрти мајнд, а најголем дел од другарките наликуваат на часни сестри и секогаш кога ќе пријавите некоја валкана мисла, во најмала рака остануваат подзинати. А во најголема, ви се лутат оти сте толку безобразни|-).
    Дај одете затворете се в манастир, по 17/ 18 години и уште срам ги фаќа поимот с**с ако се спомни, пуштете не нас другите да си бидиме безобразни.:$
    П.С ако ме читате од негде, да знајте дека и покрај тоа што ме карате заради перверзноста и безобразноста, пак ве сакам.:inlove:
     
    На Сама Дома, ceca-1, Mrs.Brain и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Tinushka

    Tinushka Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2010
    Пораки:
    1.281
    Допаѓања:
    4.896
    Пол:
    Женски
    Секогаш сум стоела до тоа дека, форумов ни е многу од корист и многумина од нас стекнале вистинаки пријатели . Многу од нас и сме се препознале ,по слики, муабети итн . НО никогаш не помислив дека бившиот ,ми се крие зад таков ник и дека се претставува како мало дерле т.е малолетник и пишува тешки глупости по форумов:^)
    Откако му кажав дека знам кој е , у секундата го снема од форумов:D Каков психопат човече :headbang:
     
    На Dust, EMoonlight, teteks и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Feminka192

    Feminka192 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2017
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    2.567
    Пол:
    Женски
    Им се чудам на родителиве што нивните дечиња од 25+ години ги претставуваат како нешто идеално и совршено. Разбирам родителска љубов и заштита но да ги окривуваат сите за (не)успехот на своите милички ми нема смисла.
    Моите во живот не ми рекле пример професорот е идиот што не ти ставил 5 или не си положила оти на професорица не и бил денот или пак не те избрале тебе за работно место бидејќи шефчето веќе вработило некој друг пред огласот да се пушти во јавност. Не знам но сум ја немала таа поддршка и тоа убедување дека нешто некој ми скратил или дека ме оштетил а не дека немало такви ситуации.
    Па така денес во разговор со моја комшика на која девојчето и е веќе 27годишно, невработено со дури неколку дена работно искуство во свои 27 години, дипломирано пред некој месец бидејќи строго испитите ги полагаше на среќа или со снаоѓање, тетката си даде за право да си ја воздигне ќерка си и да објаснува колку е никаква нашата државичка што не и овозможува работа на женската и колку е идиотски професорскиот кадар што го мачел девојчето со години.
    Тетке дај биди ми мајка :drunk:
    А за женската секоја чест како ја убедила мајка си во својата генијалност при 8-годишно студирање и ниту едно вработување. :x
     
    На mareane, Glasna, Rama и 6 други им се допаѓа ова.
  11. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.054
    Допаѓања:
    5.085

    Уфф, а јас само како би си ги дала годините за да се вратам на таа возраст.
    И никогаш да не пораснам..
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  12. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.315
    Пол:
    Машки
    Со среќа на сите утре што ке трчаат на маратонот,со лесно нека ви е :)
     
    На Lella, Rama, Dust и 9 други им се допаѓа ова.
  13. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.231
    Пред светот се претставувам како ладнокрвна и бесчувствителна, носам маска со строг израз на лицето, свесна сум дека изледам надмено и недопорливо.

    А вистината е сосема спротивна. Понекогаш се плашам од себе и од своите чувства, зашто изгледа сум и благословена и проколната да чувствувам многу силно.

    Донекаде и јас сум крива за тоа што луѓето имаат таква претстава за мене. Одбивам да ја симнам маската дури и кога сакам. Или па не можам да ја симнам, да се покажам баш онаква каква што сум. Се блокирам кога сакам пред луѓе да се насмеам, да заплачам, да викнам силно кога сум нервозна. Ништо од тоа, па и понатаму само молчам. И сето тоа сама го преживувам, во четири ѕида, со лист хартија, пенкало, и пишувам. Пишувам многу зашто само така можам да ја изразам оваа бура од чувства што моментално ми се случува.

    Животот ме награди со љубов, а јас постојано мислам дека не правам доволно за неа. Длабоко во себе знам дека правам се` што можам, но секогаш чувствувам како да треба уште повеќе да направам.

    Не сакам и овојпат да доживеам загуба.

    И сега го читам сево ова што го напишав погоре и изгледа хаотично, неповрзано. Така е и во мене.
    Не барам ништо повеќе, само да не го изгубам ова што го имам сега.
     
    На winter flower, Сама Дома, Yowannty и 12 други им се допаѓа ова.
  14. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.785
    Допаѓања:
    9.940
    Пол:
    Женски
    Вечерва сама. Пиво и јас.
    Се навикнав веќе а не ми е ни до многу народ. А сакам да сум со некого, со некој со кој ке имам иста вибрација.
    Ама океј вака требало, да бидам сама и да научам да се сакам себеси за да може и други да ме сакаат.
    А како да го научам тоа само ангелите знаат... Ке ме научат ли или и овој пат ке сум оставена сама на себе да научам?
    Навикната сум, дури и да се појави некој ке ми стане чудно како што ми беше чудно па се навикнав на нечие друштво и сега пак сама, и така во круг. До кога? Додека не ја научам лекцијата.
    Идам да ја учам, со пиво у рака.
    Cheers to everyone
    [​IMG]
     
    На Lunaria, winter flower, Сама Дома и 22 други им се допаѓа ова.
  15. Shery

    Shery Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.054
    Допаѓања:
    5.085
    Утре ќе биде тежок ден за мене (не станува збор за маратонот иначе)
     
    На Rama, EMoonlight, ceca-1 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. k.frosina

    k.frosina Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 август 2015
    Пораки:
    2.524
    Допаѓања:
    28.157
    Пол:
    Женски
    Вечерва сама... А баш сакав да излезам ама нема со кој,кој на работа кој залутал некаде и така.
    Почнувам да мислам дека животов ми стана монотон.. Ми се стеснува кругот на пријатели.
    Сите се женети,мажени и тогаш скоро завршуваат сите контакти.
    Треба да си најдам нови пријатели.
     
    На winter flower, Yowannty, Matotheja и 14 други им се допаѓа ова.
  17. ♣ Alba Viduam ♣

    ♣ Alba Viduam ♣ Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2016
    Пораки:
    330
    Допаѓања:
    2.160
    Пол:
    Женски
    Треба стварно многу да се мразите себеси за да мора да имате постојано луѓе околу вас за да почуствувате дека вашето постоење има вредност и поента.

    Или постојаната потреба за туѓо одобрување. Kinda тажничко е ако размислите.
     
    На winter flower, Сама Дома, Someonespecial и 13 други им се допаѓа ова.
  18. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    3.808
    Допаѓања:
    52.973
    Ја фрлив Металика маицата :whew: Да ви кажам зошто е ова достигнување. Ја купив пред 15години. Ниту бендот го слушав или обожавав толку, ниту беше поврзана со некого како спомен, ама така без врска бев приврзана за неа. И беше избледена, и раширена, и ја немам носено милион години ама сепак секоја година само ја прередував во плакар. Епа збогум. :whew: Збогум и на еден куп влезници од концерти, фестивали, автобуски карти и слично. И на играчки од киндер јајца. Освен на две колички што не се сеќавам од каде се, ама не сакам колички да фрлам, секогаш ми биле интересни за играње. Како дете сакав со колички да си играм ^_^ Чистев плакар де :D Чуда најдов! Стиснав заби, собрав се' што не ми е потребно, ама секоја година од сентименталност не го фрлам, и низ врата.
    Најдов и цедиња со имиња од порно филмови, затоа што другар ми кога ми режеше музика на времето, сакаше да ги крсти така (facepalm) И цела папка аниме филмови, за кога ќе немам интернет :!: И премногу слики на кои немам ниту брчки, а освен слабото тело, фацата барем ми изгледа добро, младо де :worried: И сета среќа што најдов и алкохол спикан во плакарот, за да ја заблажи депресијата од чувството дека сум доста остарена.:drunk:
    Најдов и еден куп текстови и песни што сум ги пишувала у младоста :| што не се осмелив да ги читам, зашто сигурно ќе ги запалев :D ама ги оставив, затоа што нели ако Сузе може книга да издаде, и овие може да се доволно добри за некого таму во светот 8-| Спремајте се за Збирка бај Кравче- Мрачни фантазии парт 1. :|

    Сакав да кажам уствари... како да си чепкав во животот денес, и се осетив прилично олеснато после се што излезе низ врата. Спремна сум за новиот живот што доаѓа после 30ка :o: :D И да, сфатив дека имам доволно гардероба, така да не морам да трошам пари за ствари, освен за чееевлииии (во пеење) Вин!
     
    Последна измена: 6 мај 2017
    На Madam-A, Sexybaby86, winter flower и 27 други им се допаѓа ова.
  19. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.202
    Допаѓања:
    106.279
    Пол:
    Женски
    Да, има разлика помеѓу сакам и можам.
    А кога сакам - секогаш можам!!
     
    На Tajnaotrovna, Quuen, Сама Дома и 13 други им се допаѓа ова.
  20. Dragonfly

    Dragonfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    298
    Ме очекува огромна животна промена, период од кој не знам што точно да очекувам, но знам дека нема да биде лесно. Ми останува само да се надевам дека кога се ќе заврши, се уште ќе можам да се препознаам себеси.
     
    На Сама Дома, Tinushka, Rama и 8 други им се допаѓа ова.