Нека зборуваат луѓето дека се грешници. Нека веруваат и понатаму дека се немоќни и неважни, дека грешат, грешат и постојано само грешат. Нека го вртат низ главата по илјадити пат горчливото уверување дека не се доволно добри, дека никогаш не ни биле тоа, и дека е тешко да се дојде до оној назив „добар човек“. Нека стават во центарот на сопственото внимание сè освен самите себе, зашто им било кажано дека постојат повозвишени и побожествени работи од самите нив. И нека им веруваат повторно на оние кои ги лажат, велејќи им дека не вредат, дека се одвратни и ненормални - само затоа што се поинакви. Нека прифаќаат ограничувања. Нека го потиснат секое чувство на возбуда, кога прават нешто за кое нивната религија или околина смета дека е погрешно. Нека ги прифатат границите и правилата - колку и да им биде скратено и забрането. Нека ги почитуваат бесмислените правила без разлика на тоа колку се бедни, глупави и застарени. Нека се молат за повеќе и подобро, без притоа вистински да веруваат дека го заслужуваат. Нека веруваат дека животот е дури и пострашен од смртта, и дека контролата над случувањата не ја поседуваат тие, туку некој посилен од нив. И нека живеат луѓето во вечен страв дека ќе одат во пеколот, и нека му се плашат на Бога, зашто како мали им кажале дека Бог е одмаздољубив и казнува. И нека се надеваат и понатаму дека ќе одат во рајот, зашто решиле да не се одмаздуваат на тие што ги повредиле. И додека „добрите“ си го залажуваат умот дека срцата им се чисти од секаква омраза, потајно нека замислуваат како оние „лошите“ бидуваат казнети на најстрог начин од страна на Бога - зашто им било кажано дека Бог ги брои човечките гревови и дека ги мрази грешниците колку што ги сака праведните. И нека продолжат луѓето да се издигнуваат пред другиот и да му робуваат на сопственото его, а потоа да бараат мир и еднаквост. Нека покажуваат со прст и осуда на црниот во група бели, и на белиот во група црни, а потоа пак нека бараат да бидат прифатени од другите. Нека се делат меѓусебно како припадници на религии, секти, раси, нации, сексуалност, а потоа нека се прашуваат зошто се чувствуваат глупаво одвнатре. И нека биде жената послаба, а мажот посилен, зашто така не учат нашите религии. И нека и биде кажувано на жената да му се покорува на мажот, да го почитува, да му робува, зашто и дедо, и тато, па дури и баба и мама зборуваат како мажот треба да е главен. И нека бидат несвесни луѓето, за сопствената посебност и уникатност, за сета љубов што се способни да ја пружат и за сета сила што ја поседуваат. Ако не можат нека не сфатат никогаш, колку многу се сакани, од Бог, од Универзумот и од животот, колку многу поддршка имаат и колку се нивните соништа остварливи. Ништо повеќе не ми смета. Ќе бидам во мир.
Mu se zablagodaruvam na Bog za seta moja sreka...za toa custvo na treperenje, na nosenjeto nov zivot vo tebe,na neizmernata ljubov kon toa malo sustestvo. Rastenjeto na stomakot,.... custvoto na edno stavanje na rakata na stomakot i pocnuva otcukuvanjeto na srceto da bide po intenzivno, go custvuvas, go osekas i go salas od dnoto na dusata. Fala ti boze, fala ti mil moj za najubavoto custvo na ovoj svet...i ne zaboravajte... posle dozdot sonce gree .. leka nok *nemam makedonski font na telefonot
Што убаво си тргнавме во авантура... Ииииии....официјално заглавивме некаде низ Македонијава. Без пари, премрзнати ама важно сме позитивни и големи оптимисти. Следниот превоз за дома тек сабајле. На крај краева ни од ред бул нема да ни пораснат крилја за дома.
Утре и семафорине не работат,ах бах понекогаш ми доаѓа да го јавнам точакот и во некоја планина да живеам Е ова е вистинско богатство Рај за душа
Дали ви се случило некој близок човек, кој посебно го цените, одкако ќе ви каже дека некои луѓе за кои не сте имале некои посебно мислење или сте биле резервирани се стварно ОК, да ви станат посимпатични? Мене да, се почесто .
Ти шират негативна енергија . За обратно сум скептична на кажаното и за чудо не се откажувам од идејата дека има добро во нив
Девојки еден апел до вас,немојте штом фатите дечко да ги откачите вашите другарки. Болно е кога некој со кој сте се дружеле од пелени,да неможе да најде време за вас. Ако се сака може да се балансира помеѓу дечко и другарки. И јас сум имала дечко,ама никогаш не ги запоставував другарките,ама затоа јас секогаш бев и сум запоставена,ама затоа пак штом се скараат со дечкото им текнува да дојдат за рамо за плачење. Мизерија.
Се мислев коментаров да го напишам во некоја од темите од категорија Религија но е некако општ и не одговара на ниту една, би бил избришан како оф топик, па ќе го напишам овде. Забележав дека атеистите на форумов ги поддржуваат протестантските мислења, и со тоа веднаш многу работи се појасни. Еве размислете и самите.
Florenсе Постот твој треба да е на посебно место и да трепка 24/7 и секојдневно да се чита! Не те знам ама те сакам
СДК дека те мразам мнооогу моментално ПМСот си го прави своето, ама богами и ти не ми ја олеснуваш работата многу.
Опкружена сум со претерано љубопитни луѓе, кои сакаат да знаат сè за секого, сечии проблеми, сечии маки. Не престануваат да ме прашуваат понекогаш што ме мачи, цело време ми велат дека се луѓе од доверба, дека можам сè да им кажам... Од овие луѓе највеќе страдаат оние тивките. Зошто? Зошто толку се измачувате со нечија психа? Зошто единствениот начин да помогнете е дволично да му пристапувате на некој и "да му вадите зборови со клешти"? Зошто велите ако сакаат да ви се доверат, ама во спротивно тие се ненормални, чудни, дури и болни? Зошто мора баш вие да сте таа некоја личност на која ќе ѝ се доверат? Кога знаете дека нешто ги мачи, зошто тие се БОЛНИ, ако не сакаат да ви кажат?.... Барате одговори за некој што само мислите дека го познавате... Би зборувала во нивно име, би застанала пред нивното достоиство, би ја бранела нивната самодоверба која едвај успеале да ја стекнат....за можеби потоа да сфатам дека и јас сум дел од нив Сфатете дека она што го минале низ животот, ги научило да не веруваат секому Сфатете дека празните зборови ништо не им значат, ако некој друг сè уште им нанесува болка Сфатете и дека полесно им е ако се трудат да се отргнат од тешкотиите што ги гушат и се трудат да имаат нормален живот ...без некој да им вели дека се болни и ненормални, да им вели дека никогаш нема да бидат среќни, да им вели дека таквите како нив треба само да се сожалуваат. И сфатете дека да ги ислушате не е доволно да помогнете, ако вистински не ги разбирате. Оставете ги прво себеси да се разберат. Оставете ги сами да одлучат кому ќе му веруваат. Оставете сами, самоуверено да се изборат со чувствата. Оставете ги прво да се отплеткаат од мрежата на животот и сами да си разјаснат што е што. Некои многу подобро кажуваат како се чувствуваат и кога само молчат. Бидете тука за нив кога ќе ве побараат, но оставете ги кога ќе сакаат да бидат сами. Можат да бидат и тие среќни, знаат да сакаат, да бидат сакани, знаат да се вклопат меѓу луѓето. Доволно е да им дозволите и да не им ги мешате мислите уште повеќе... Само оставете ги....
Ја се уморив од чекање да заврши маратонов,не можам да замислам како е да трчаш 21/42К. Се уморив велам, ме болат страничните стомачни мускули
Не проддржуваме (лајкуваме) протестантски мислења, туку оние со кои се согласуваме, како сите други членови на форумов воопшто. Мислење што сум го лајкнала, би го лајкнала и да било напишано од евреин, муслиман, будист, хиндуист, нео-паган и кој ти знам уште. Не лајкуваме членови, туку мислења.
Она кога ќе ти го дадат годишниот одмор за точно два месеци и десет дена, започнувајќи од денес, па имаш фора да ослабнеш барем 10 кила... Ако не, секогаш има и втора опција... П.с. Јас понекогаш ( не ) лајкнувам членови.