Милиони луѓе на светот одбираат да бидат ладни, за да не може никој да ги повреди. И успеваат никој не може да ги повреди, ни и никој не може да ги направи среќни.
Кога некој не знае и што е уште потрагично не сака нити да дознае што преживува другиот до него, кога истиот тој кој е најблиску до "блискиот" а е воден од сопственото "ниско" ЕГО, па оглувел и отапел НА се' и некаде попат ги изгубил сите свои чувства: за вредноста, за логиката на нештата, за мирот и топлината, за блискоста, за сочувствувањето, за љубовта, за делење на убавото и неубавото, за балансирањето... Кога истиот тој некој со години на векови што наликуваат, решил: ГЛУВ да остане при здрав слух, СЛЕП да остане при здрав вид...!??? ВРЕДИ ЛИ? Вреди ли, да се продолжи со докажување на сопствената маленкост, притоа имајќи за цел да ја подигаш ТУЃАТА ЕГОИСТИЧНА ИЗГУБЕНА ДУША?! Вреди ли, Вреди ли, Вреди ли...? Малку ли се сопинањата и сите иссценирани несакани надворешни ефекти, со кои секојдневно и од сите страни те бомбардираат? Кај од најблиската околина(онаа крвносродствената), та се до работната. Ете, така некако изгледа секој "убав", секој "прекрасен", ама баш секој еден "едноставен, монотон или з(е)бавен, МОЧАН ДЕН". Не може да не пукне. Не може ниту да се продолжи по истиот пат. Мора нешто да се измени. Треба. Мора. Треба!
До каде бе со љубомората? До каде?? Ако ми љубомориш нема да го добиеш моето туку ќе ме изгубиш и мене. Тоа што имам нешто плус од просечен живот овде е зашто некој 3 генерации пред мене работел и створил за да остави за јас денес да живеам лагодно. It's not my fault darling. И не, нема да ме "стигнеш" ако се продаваш туку само ќе паднеш подолу од дното. И јас немам се ама тоа не значи дека треба да љубоморам на оној кој има повеќе од мене. За едно парталче спремна си да изгубиш другарка. За едно излегување се вовлекуваш во нечиј кревет. Ама на крајот од денот, сама си. Сама со своите стравови и депресијата. Сама со мислите дека јас имам повеќе од тебе. Љубомората е болест. Спречи ја, зашто лек нема.
Све ми е супер во животот и сакам вака и да остане освен некои луѓе кои се мотаат како муви без глави околу мене.
Ме касна пајаче под око. Или ќе се разбудам како спајдервоман или со оток. Ме чешка малце хуху Не знам уствари што ме касна, претпоставувам дека беше некое пајаче додека се пентарев по ѕидови, бришев прашини и чуда. Луѓе, мене ми е тешко и све ме боли Понекогаш ми треба само малку боја во животот. Како црвени нокти. Или црвен кармин. И доволно е. Зависи како ќе се разбудам сабајле. Она кога седите со луѓе што ептен си ги сакате, и од нив почнува стравот преточен во лоши зборови да истекува. Ние сите сме сјебани, знаете? Ќе ни треба проклето многу време да се оправиме. Ако биде и тоа некогаш. Ајде... ако се разбудам како спајдервоман ќе направам нешто... ќе сплетам мрежа до Норвешка
Некои пријатели на фб толку се опседнати да се означуваат на секој чекор, што кога нема да се означат неколку минути- јас веќе се чувствувам осамена и предадена Си мислам зар нема да бидам дел од вашиот живот во овие минути? Зар нема и овие минути да ги споделите со мене? Аууу Па кога ќе раскине некој пар која трагедија е Исто како јас да сум се развела се осеќам. Секој чекор им го гледаш...Еве сме со срцето на сладолед...Еве сме со душичето во зоо...Еве сме во парк...Еве сме во кино..........И одеднаш сте РАСКИНАЛЕ??? Епа не може бе Знаете како боли? Сите тие моменти заедно споделени Кој шок е тоа, знаете ли? СМИРЕТЕ СЕ И ОЗНАЧУВАЈТЕ СЕ ПАК!!!! Значи страшно. Ќе влезам на фб 2-3 пати во денот и гледам 100000 објави од едни исти луѓе Не знам дали јас сум ненормална што ги чувам во листата на пријатели, а не ги знам толку, или тие навистина претеруваат
@Gosh мене ме лaјкувaш честo, јa имaм тaa привилегијa. Пoлaскaн сум. @JollyGirl тие претерувaaт. Знaчи oчoбoл имaм кoгa ќе видaм некoј пaр и нa сликa стaвенo 1255262736 срцињa вo рaзни бoи, лaнци, кaтaнци и тaкви глупoсти. И кo бoжем тoa не е дoвoлнo пa си кoментирaaт сo единствен/a, ти си мoетo сè, те сaкaм нaјмнoгу, мoјaтa принцезa... и oвa нoрмaлнo прoпрaтенo сo гoренaведените рaбoти.
Од иронија - ниски удари. Инаку после една ноќ надвор - се ме боли. И божем новите превози што толку ги фаворизираа ниту сообраќираат нути пак греење има. Цели 3ипол саат во фрижидер се возиш, епа да кога е бесплатно. Најтрагично е што не беше нов превоз туку стар и беше расипан и беше валкан. За момент си замислив дека сум си дома под топло и сум заспала. Заврши, веќе еднаш во тој град и никогаш повеќе.
Ме немаше. Шо да Ви кажам, порано нешо многу се умарав со креативност, со некои различни срања, со некои недефинирани бљувотини... Абе глумев несфатена, а Скопје е лесно да го сфатиш, да го прегрнеш и исплукаш понекогаш, па така едноставното стана морално да се комплицира одново и одново. Пораснав бе. Тоа ми е мака. Уште поголема мака ми е што прифатив одреден шематски пристап на работите. Криво ми е што се, се сведе на една работна навика, на едно големо штедење, но и на многу испуштени работи од раце. Криво ми е што не бев поглупа, понасмеана, повесела. Намќор бев. Глуп и тоа. Сериозност, па авангардност па некои длабоки полемики за животните случувања, за филозофските проблематики, за модерната уметност. Се исклизав... Ај ќе биде. Од утре. Од понеделник. Така се тешам... Така само умеам.
Постојат ликови кои немора да се тролови за да кога наидеш на нивен пост во било која тема, да очекуваш дека кај и да е ке ти одмили и темата. Сите сме некому напорни понекогаш,ама чисто сакав да кажам за оние што се секогаш. Ова некако ке му дојде тука некаде со напорните ликови од ФБ.
Постојат ликови што се дно дна,едвај чекаат да ги излечат своите фрустрации. Е тие ликови не знаат за доста,пре ќе те запалат неголи да те разберат. Постојат и луѓе што се праат паметни,постојат секакви луѓе...се има само за памет е касно.
Сакам да кажам дека .. Случајно почнав да гледам слики од полуматура, што пишува во алманахот и ми се врати море од спомени. Леле годините си трчаат. Како вчера да беше. Кога ќе кажам "Како вчера да беше" се мислам дали навистина поминало толку многу време или сепак убавината и значењето се големи така што долго време ми останува свежо во меморија. Нејсе. - Социјалниве мрежи сега се чудна појава. Јас многу често не чувствувам потреба лугето да ги прашам што правеле затоа што веќе знам. Се е објавено на инстаграм ( за среќа само таа ја користам покрај фејсзбук ). И кога ќе ми кажат дека нешто прават у живототв мојата реакција е " Ауу знам, видов на инста имаше објавено" Додека сум веќе кај социјалните мрежи. Се соочуваме од потребата постојано да купуваме нови телефони. Потреба од нив е преголема :!? - Но дали навситина е така. Проблемот е што постојано излегуваат нови апликации ( Инстаграм, Снеп, Вацап, Вибер, месенџер, не ги знам сите итн итн ) и потребата од дополнителна меморија и перформанси на телефонот за да го поднесе сето тоа и притоа да не се успори брзината на работење бара нов телефон. И така во иднина постојано ќе има ново и ќе треба потреба за уште. Решение ви е да не сте корисници на сите социјални мрежи така ќе немате потреба за дополнителна меморија. Сегашниот телефон ако не го оштетите физички ќе ви користи уште најмалку 5 години без никаков проблем. Think wise. Имав друга намера пред да почнам со мислењево ама ја изгубив откако почнав .. како и да е .. ПозЗ3³ ®
Незнам како не ви е срам,и како немате осет,и кој ви дал за право да кажувате како треба другите луѓе да живеат?Мене некој да ми кажува како јас треба да живеам,затоа што на него така му годи?Премногу сила си имаат земено луѓево,и многу избегале од реалноста.
Ќе направиш 100 добрини, за жал ако немаш можност или пак мораш некогаш ради ситуација да се ставиш на истото или едноставно после се ти текнува да се ставиш себе си на право место луѓето се забораваат а тоа ти го памтат. Баш ради тоа си олош, лош и арогантен. Не бре луѓе не сум лоша едноставно ми здодеја да себе си се притискам надолу а вас да ве величам.