Има име тоа кога сакаш да кажеш/напишеш нешто а не знаеш како/што? Молчи си, не за џабе рекле „молчењето е злато“. А јас пак цело време мислев злато ми тече од уста кога ќе прозборам. Јазикот е побрз од паметот. Шејм. Ме чуди само како тоа утре е ден на трудот, да се бориме за правата на работниците со тоа што не се работи и се оди на планина да се јаде скара и пие пиво до несвест?
Работите кои некогаш сте ги сакале, а не сте можеле да ги имате, секогаш доаѓаат кога ќе престанете да ги сакате и кога веќе не ви се важни и ви е сеедно. Така е секогаш. Пред извесно време ми се случи една од оние работи кои неодамна ги посакував, но за брзо време изгубив желба. Или пак надеж. А со самото тоа и желбата се намали. И сега, кога се случи, не се радував. Сеедно ми беше. Не почувствував радост, возбуда, кои со сигурност би ги почувствувала да ми се случеше порано. Последниве неколку дена сум под постојан стрес. Се подготвувам за голема работа. За голем ден. Возбудата од ден на ден се` повеќе и повеќе расте. Неколку пати се фатив себе си како пуштам по некоја солза. Од радост де. Не можам да верувам колку брзо си минува времето и како работите се менуваат. Како до вчера бевме деца, а сега сме сосема поинакви личности. Зрели, самостојни... Тоа е. Животот си тече. Искористете го секој ден како последен. Живејте.
Денес сфатив дека хуманоста на луѓето не зависи од нивната финансиска состојба, туку од нивната душа. Од Црвен Крст собиравме средства за социјално загрозените семејства. Поминавме можеби и стотина дуќани, но многу одбиваа да донират, а некои и не направија и крадци. Еден човек ни рече ,,И јас немам многу, но ќе дадам''. Човекот ни даде десет денари и ја покажа својата човечност, за разлика од други кои беа сигурно финансиски појаки од него, но не беа луѓе...
Први мај немам славено, едно 15 години. Ни скара, ни излет. Всушност само кога се има погодено за викенд е шанса да го немам работено тој ден. Инаку, целта на тој ден е да се работниците одморат и прослават? А, колкава беше стапката на невработеност во МК? По устав на невработените да им се забрани скара на овој ден Не ме слушајте де. Туку, друго. Денеска видев како кола пред мене изгуби контрола ради дупка на патот. Значи толку се бавни да поправат пат, а брзи се да ти наплатат секаква сметка, те за пат поправање, те за осветлување, те за ѓубре носење. Земав ќитки да садам оној ден. Сум земала повеќе од што ми требаат. Утре ќе си понесам со мене кофичка земја, ќитки, и работнички ќе си го поминам денот. Ќе садам ќитки по дупките од патот за озбилно. Барем кога ќе заринка некој нека има љубичици да гледа Не стигнав во весник со знак на улица фарбање ама ако не ме фатат или пријават и овој пат, нареден пат ќе им се најавам два дена пред тоа парадирајќи со мегафон! Епа не!
Сите вие што велите „на 1 мај треба да се бори човек за своите права, а не да брои испиени пива“, први го напуштате домот на излет. Пу.
Ми недостигаш бабичке и тоа најмногу на цел свет. Ама пуста судбина што не раздели и најлошо од се не раздели засекогаш. Никогаш нема да те заборавам бабичке, нема да заборавам ниту еден момент што го поминав со тебе изминативе 17 години. Тешко ми е , тешка е и самата помисла дека повеќе никогаш нема да те видам, да те прегрнам... Би сакала само да можам уште еднаш да ти кажам дека те сакам најмногу и дека ќе те сакам засекогаш.
СДК ако не се изреметам до јуни, добро ќе биди... Друго ништо немам да кажам Поздрави и честитки драги (и не толку драги) феминки.
Има едно чувство, кога некој ти бара совет, ти немаш појма што да му одговориш, но следиш некое внатрешен глас кој не си сигурен дали можеш да го наречеш интуиција, и одговараш. Го применува советот и гадно се зафркнува, а нема веќе назад Тоа е најгрдото чувство, тоа е чувството кое јас го имам сега, и не знам, не знам како ќе спијам. Можеби и не бев јас клучен фактор, можеби и моето размислување и делување немаше никакво влијание, но јас тоа никогаш нема да го разберам, сето тоа е веќе минато, а сега е ова, ова грдово, никаквово. Се надевам силно на пресврт во 90та минута и проработување на минималните шанси. Толку бев сигурна и позитивна, а не испадна ништо Во вакви моменти ме плаши светот на возрасните, и посакувам да си бев повторно дете, да, јас бев од оние деца што не брзаа да пораснат. Тогаш грижите се толку мали и безопасни, би им препорачала на помалите ич да не ги боли гз за ништо, и онака нема да се сеќаваат на голем дел од „проблемите“ и се ќе им биде така смешно.
И... Одмина полноќта, а јас, којзнае која ноќ по ред, седам така до доцна во ноќта и мислам на тебе. Не ти го знам ни името, не знам ни како изгледаш, но знам, знам дека постоиш. И... Ништо, само сакав да кажам дека те сакам.
Убаво е кога после толку време ќе почувствуваш повторно пеперутки во стомакот и ќе си лежиш цел ден во кревет со насмевка од увце до увце. Рано е знам, ама убаво ми е, многу убаво.
Го сакам времето кое го имаме одвоено само за нас двајца. Но свесна сум и почитувам дека сакаш да поминуваш време со твоите пријатели. Знаеш дека те разбирам, знам дека ме разбираш. Знам дека ме сакаш, го чувстувам. Ти ја сакам таа искреност, тој поглед.
Најбитното нешто во моментов ми е мотивацијата. Потребна ми е дури и за да излезам од дома, а не па за нешто поголемо. Мора да најдам фактор кој ме поттикнува да одам кон моите цели, макар да биле и најмали. Најпрво почнувајќи од редовно вежбање и редовно учење. Како беше она, go hard or go home. Start pushing!
Пазете каде си отворате банкарски сметки, можно е цел град да ви ги дознае и приходите и расходите. Ех моја чудесна земјо со се малограѓанштино, каков ли ви е сонот? До денарче пренесено, до вид на картичка и кога тоа и како тоа сум отишла да потпишам за картичка и како колешката била на смена, ама се и раскажала, дури и дека сум носела тегет панталони и како на едниот нокт лакот ми бил подзалупен (луѓе не се заебавам сериозна сум за ова со лаков!!!). Па преку мене переле пари (кој бре?!?!?!?!?!?!?!), па на која дата одам да си ги подмирам долговите, па како користам и електронско банкарство. Не ми е здраво баш, ама добро. И не знам дали потпишуваат договор за дискреција кога се вработуваат, ама ај и тоа, туку како стојат со договорот со нивната совест, поим немам.
Може никогаш веќе да не се заљубам,може нема никогаш никого да сакам Спојлер како тој кретенот ,може цел живот да бидам сама ама да излезам со некој што не ми се допаѓа никогаш.Може да биде најубав,најзгоден ако мене не ме привлекува се е џабе,со кој памет се согласив да излезам со него демек он бил добар,фин,културен,бла,бла,бла.Ок може супер си е он ама за мене дефинитвно не. Подобро цел живот сама...не со било кој...