Мало дете и да го караш, па и да го тепаш, џабе е- не сфаќа што значи да немаш пари. Ќе почне да плаче за некое играче, и џабе е да му објаснуваш дека не можеш тоа да му го дозволиш, кога не сфаќа детето. Ама тинејџер и млад човек, што уште материјално зависи од родителите, кога гледам како им тера инат за нешто да му купат, ми иде јас да му врзам шамар. Зар не сфаќаат дека родителите им немаат толку пари? Како не им е жал на сите млади што се понашаат така? Јас уште од мала, ако знам дека не се во можност моите нешто да ми дозволат, одма се повлекувам. Дури и да ми купат нешто поскапо без мое барање, ако знам дека со последни пари го купиле, нема да ми биде мило...Нема да ми биде убаво длабоко во мене. Пред некој ден, една познаничка кажуваше дека синот (15 год.) и барал патики од 50/60 евра. Само таа оди на работа и зема плата околу 200 евра, а сопругот не работи. Детето ( пази "малото" дете од 15 години) рекло или тие патики, или бос ќе одам. Па оди бос, пи*ка ти матер. Оди сам заработи, па купувај. Не знам дали и самите родители до некаде се криви или децата немаат осет. Родителите ако имаат пари, и без да им рече ќе му ги купат најскапите патики. Или братучетка ми кога беше помала, иако беа во тешка финансиска состојба, таа ако сакаше нешто се дереше на цел глас: - Не ми е гајле...Ќе си најдеш пари и ќе си ми дадеш... Стварно? Додуша само такви деца си успеваат подоцна во животот. Без осет и грам чувства....А ние што цел живот се мислиме, така и ќе си останеме...Замислени.
Убав е денот кога ќе го започнеш задлабочен во своите мисли игнорирајќи ги ликовите кои те иритираат и нервираат.
Ми прелета сега наслов :нашето тело памети се што сме преживеале, и си викам сигурно и моето така, ја памети секоја болка, па направило чвор, ја памети секоја солза па се разлило во бескрајни стрии, го памети секој пискот па се смалува секој ден, како да се крие од звукот... и сакам ете сакам некој така да ми го познава, да не морам да ја слушам онаа лекарската: „биди со луѓе, разговарај долго за се, секоја мисла кажи ја...“ сакам ете сакам да знае , да знаеш што мислам, и само да ме научи да вдишам длабоко, воздух да земам в миг, и да залипам, и да се асмевнам лудо, ете да ме научи дека има уште потези на таблата животна......
Душава ме боли што знам дека почнувам да ги ценам нештата во оној момент кога гледам дека почнуваат да се распаѓаат. Тогаш си ветувам дека ќе бидам најдобра, само ако се си биде по старо. Знаете колку трае тоа? Два дена. И пак си почнувам по старо. Дури и полошо. Душава ме боли што знаејќи дека ја имам моќта да си го направам животот ПРЕКРАСЕН, јас упорно избирам да не го направам тоа! Не знам зошто и како, стварно. Можно ли е да сум толку самодеструктивна?! #евенезнам аплауз за мене!!
Познавајќи се себе си некои особини метастазирачки ги распространив што не размислувам за промена. Низ времето и случувањата научив како да бидам самокритична за да ги разберам другите. Ако под превезот на карактерот јас сум таа, и тие се некои. Многу е полесно да се прифатат какви што се наместо да се создаваат идеали. Тогаш секој би имал своја причина за среќа. Да бидам среќна не значи да трагам само по тоа што го сакам, туку да го сакам тоа што го имам. Тоа е мое, а другото е само копнеж.
Боли кога знаеш дека правиш се` што е во твоја моќ, а безмилосното, критично гласче во тебе те убедува дека не е доволно. Понекогаш посакувам да сум без чувства...
Макрон својата љубов ја опишува со зборовите: „Без неа, немаше да бидам ова што сум“ мислам дека секоја од нас мои феминки треба да си посака вака да ја опишуваат, вака да сакала, и само вака да ја сакаат.
Добро ма жено,зошто дозволуваш да те гази,да ми простиш да ,,моча " по тебе како да си земја? Толку ли не те научи мајка ти дека во животот не е доволно да си играш со барбики,да трепкаш со убавите очи и да се омажиш за првиот богаташ што ќе го сретнеш на патот. Не,сериозно јас тебе би ти дала орден сестро.Да го трпиш да се враќа од кај други жени,да се карате така да целото маало ечи,да децата повеќе сакаат да седат кај мене и во комшии отколку дома.Тебе ти е доволно да помине грмењето за да во првиот момент се стегнеш во тесен фустан,навлечеш високи потпетици и се сместиш во џипот гледајќи ги сите околу сожаливо. Не мила,ти си за жалење...се прашувам дали еден ден ќе го сфатиш тоа.Или за тебе е подобро да се плаче во џип отколку во југо. Иако имате сон џип.Да го позајмам малку да поплачам во него да ја видам разликата,м?
Сaкaм дa ме зaсaкaш. А ти штo глумиш шеф a не си, oмекни мaлку, смири се и смири си ги брзите oдлуки. Мм дa a сaкaм, дa кaжaм, декa имa мнoгу нaрoд штo се прaи кo све дa знaе a уствaри ништo не знaе И пoзaди грб збoри и те исмејувa. Срaмoтa.