Мене морбидни ми се монасите, боже прости ми. А и убав поп не видов... СДК никогаш не вели никогаш,ама баш за ништо
Негде по темите (читам дур пијам кафе насабајле се што е активно последно) видов некој правел палаЌинки. цел ден ги премислив и сега ќе праам
Во последно време се почесто си се сеќавам на излегувањата кога имав 14/15/16 години. Кога едвај чекавме со другарките да дојде 9/10 часот и да летнеме во град. Ми фалат првите прошетки низ парк, првите познаства, симпатии, одењето на базен, присуството на првите концерти, прошетките после школо кога демек случајно се наоѓавме. Навистина ми недостигаат многу тие времиња. Ниту во ресторани, ниту во ноќни клубови не доживеав и не почувствував такви моменти. Мислам дека подоцна дури и не уживав во излегувањата. Се би дала да се врати едно лето од тоа време
Исто и тука. Колку беше само поубаво. Се тоа ми фали. Киснење во парк цело лето, сиппатијата, Маракана.
Не сум од тие што едвај го чекаат летото. Јас би во некоја куќарка со многу прозори од кои половина ке бидат натрупани со снег. Внатре топлина да фрчи од два камина. Јас со книга во рака,малото заиграно со куп играчки и црвено во образите. Внатре темница а надвор совршена белина која ја прави ноќта ден. Нека излегува чадот од оџакот,нека се запотат прозорците,само црвените образи да се насмеани покрај мене.
Таман се наместија овие тмурни облаци над мене дојде некој и ги растера и блесна сонцето. Колку долго ќе блеска, ќе видиме.
Седејќи со една другарка во парк наводно мажена 5-6 години и има дете,маж ,двајцата работат,прекрасна куќа со двор,трева и цвеќиња,две коли,веспа ( сакам да кажам средена во животот) ни се обраќа мене и на другарка ми : Ајде,што чекате вие? Колку имате 26? Јас на 22 се омажив и дете имам,не ќе ве чуваме немажени в шкаф....Мислам кој муабет бе?? Искрено,се налутив....не сакам поќе муабет да и правам и не ни сакам да се дружам,се навредив искрено,ама ајде јас ко јас ќе попуштам..И еве ја пак истите муабети: Каде сте вие мои кукли за в регал...немаш лутиш сакам смеа малце..е ова веќе го сфатив како навреда или што знам премногу сум чувствителна.....Дали ти воопшто знаеш бе што се случува со мене што коментираш така?Не знам,многу имаат ограничувања некои луѓе......
Го прашувам внук ми:Тета лоша е? Ама ова прашање му го поставувувам по 100 пати на ден. И милиот мој ми одговара со мила насмевка дека не сум лоша. Ако се водиме по тоа дека само пијан човек и мало дете можат да бидат најискрени на свет,значи јас навистина несум лоша Да не ја заборавам и внука ми(за која многу ретко пишувам за жал)мерак и е постојано да кажува како се вика,Ава се викала а уствари Сара се вика,ама малечка е за правилен изговор тешко и е,ама се топам кога ја слушам како вели Ава
Snosti bese mnogu crna i ladna nok. Stanav go pojacav parnoto na 24 stepena i se pokriv so 3 kebinja. Se razbudiv sabajlevo, puka sonce ama seuste ladnicko. Se nablizuva proletata.
Ако човек не може да каже ништо добро за себеси, а сака нешто да каже, тој одбира да зборува лошо за другите......
Гледам во најнови мислења наслов „Ајде да си одиме!“ (без притоа да видам доле во најактивни нови теми дека е отворена од Реин) и прва претпоставка што ми падна на памет - драматична тема од нов член за муабетот од ваков тип дека само иселување во странство ни е решението. #исповед Наравоучение: премногу читам деновиве за случувањава во државичкава наша.
Велат, во животот има време за радост, време за тага, време за славење, време за плачење.. Кој е тој кој ги одредува процентите на опфатеност на истото?? Ја утнал кај мене работата!
Да не се заборави. Денес е тажен ден за Република Македонија, за семејствата на загинатите припадници на Македонската Полиција од антитерористичката акција во Диво Насеље во Куманово во 2015 година. Денес се навршуваат две години од кобниот 9 мај 2015 година и антитерористичката акција која започна рано утрината во 04.30 часот во саботата на 9 мај и траеше непрекинато 28 часа, сè до 10 часот во неделата на 10 мај. Во антитерористичката акција на македонската полиција осуммина македонски припадници го положија својот живот во одбрана на татковината: - Жарко Кузмановски (роден 1981), од с. Брвеница, Тетово - Ненад Серафимовски (роден 1987), од с. Зубовце, Гостивар - Сашо Самојловски (роден 1982), од с. Брвеница, Тетово - Бобан Ивановиќ (роден 1968 ), од с. Стајковци, Скопје - Горан Илијевски (роден 1974), од Гостивар - Исамедин Османи (роден 1983), од с. Студеничани, Скопје - Љубиша Аранѓеловиќ (роден 1966), од Скопје - Горан Стојменовиќ (роден 1970), од Миладиновци, Скопје Загинаа за одбрана на суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Македонија... Овој датум и имињата на хероите вечно ќе останат запишани во најновата Македонска историја. Слава им! Хероите живеат вечно!
Кога ќе се избориш со тешкотиите, погледни околу себе. Луѓето кои се тука до тебе... дефинитивно се твои пријатели.