Зашо идете во теретана нашминкани со тоа тушевите до уши? Не ви е глупаво кога ќе се запотите па ќе направите како габори во очите? Па кога ќе се забришете од маичката во која што вежбате.. Да му е мерак на човек да ве гледа. Се можам да разберам ама да вежбаш и да си нашминкан, не можам.
Секогаш кога ќе видам дека симпатијава ,, лајкнал ,, некоја страна или пост, у себе си викам ,, Mене мајмуне треба да ме свиѓаш, а не глупи постови,да ти се плукнам у глупиот да ти се плукнам. Е*ате неспособниот , е*ате...,, Кхм... И да, јас прва го аднав, јас прва му пишав, ми одговори по кратка постапка и толку. Стварно? СТВАРНО?! А у живо као демек ми се пушта. Море мрш тамо. Divorce!
*Note to myself Отстрани го ѓубрето од својот живот и види всушност колку среќна можеш да бидеш!!! Ми недостигаше ваква насмевка на лице Уствари сакав ова да идеше на фб, ама некои луѓе можеа да бидат страшно навредени
Подобро засекогаш да си го држев срцево затворено, заклучено и клучот на безбедно.. Сепак решив да го отворам и..се знае..наебав Згазни го, замачкај го и во ѓубре.. Пазете .. отвореноста и искреноста во 99% од случаите не се ценат.
Сдк Судбината си поигра со мене ... Се што планирав не ми се оствари.. Сега судбината ме протера да живеам во друга земја ...сама...без никого ...нов почеток ...Но всушност јас сум секогаш на почеток , но... Никогаш да тргне напред ...она што ме убива е празниот живот што јас самата си го избрав .... Лоша одлука!
Same story.. За жал оние кој најмногу сакаат да љубат, секогаш остануваат повредени. Но време лечи се, верувај
Нема ништо поубаво од тоа да се соголиш пред некој кој се соголува пред тебе, ама не она соголување до кожа, туку соголување на душата!
Се чудам како во луѓево толку инает и желба за некоја бедна одмазда . Дали произлегува тоа од сопствено незадоволство, сопствен неуспех или е вродено? Ако сум ја одбила другака ми за излегување бидејќи сум била зафатена или едноставно не ми се излегувало мора ли таа мене да ме одбие следниот пат кога јас ќе ја повикам? Ако на некој сум му вратила по 3 часа на порака мора ли и тој мене да ми врати по 3 часа? Не помислува дека можеби не сум видела веднаш? Па уште и си нагласуваат. Ете ти направи така сега и јас. Не знам но мене ми се банални тие работи и не им придавам значење. Одговарам кога можам, излегувам кога ми се излегува, не се одмаздувам и не се полнам со негативна енергија и ми делуваат многу недораснато овие личности.
Ја носев најмалата братучетка (2 годишна) во градинка. И дадов малку да јаде, ја облеков и пред врата таман и ги обувам патичињата таа ме гледа и ми вика: - А гонга генка? Јас никако не ја разбирам. И викам да не и се јаде...не...да не и се мочка...не...да не ја стега нешто...не...Епа што? Таа со тажна фаца ме гледа и пак: - Гонга генка? Се чудам што ми зборува детево. Му се јавувам на вујко ми (татко и) и му ја давам на телефон за да ми преведе. Се слушнаа прво тие двајца, па го земам јас телефонот, а тој со смеење ми објаснува дека секое сабајле кога ја носел во градинка, пред да излезат од дома и викал: -Леле колку си згодна женска денес...Па сега таа мене ме прашувала дали била згодна женска (гонга генка) и денес. И реков дека е многу згодна, убава и убаво ќе си помине со другарчињата. Па таа се засрами, се насмевна малку, гледаше надолу и почна да врти со ноџето од срам....па после беше нешто во стилот на: Си се изнасмеав сама, се фативме за раче и го зграпчивме денот. Замислете сите да се радувавме на такви ситни комплименти
Кхммм.... Пишуваме на тема:Нема ништо поубаво? Јас одкако се роди син ми,неможам да напишам ништо слично а да не го назначам неговото постоење. Значи нема ништо поубаво од своето чедо. Нема поубава исполетост во душата кога тоа е насмеано,нема поубава прегратка од таа со него. Ма нема,нема поубав почеток на денот од тие две очиња,поубава топлина од неговата близина. Е после веќе,како второ Нема ништо поубаво од здравјето на најблиските. После идат на ред они другите најубави работи од кои има поубаво: Кафе со цигара; Кафе во кревет; Ај да не биде пак кафе,оптегнувањето наутро после спиење; Нема ништо поубаво од мирна совест,возвратена љубов во соодветно време...
Секое лошо за добро и најубавите работи неочекувано кога најмалце очекуваме доаѓаат некој немаат шанса за нов почеток, ти имаш Убави мисли, убаво ќе ти се случува
Животов ич не е фер... Зошто олку млади животи згаснуваат?? Ми недостасуваш бе, другарке, проклето ми недостасуваш Секој ден се повеќе.. Што и да правам, каде и да одам.. Се ме потсетува на тебе!! Те има во секоја соба, на секоја улица...Дури и по два месеци јас се надевам дека некаде ќе те видам и дека некој ќе ме разбуди од кошмаров..Ама не, вистина е.. Те нема повеќе меѓу нас Ахххх да можам да заминам високо на некоја планина и да се дерам, да ти го извикувам името и да ти кажам колку многу ни недостасуваш на сите..Можеби тогаш ќе се вратиш Охх...животот никогаш повеќе нема да ми е ист..Иста ќе остане само празнината во срцево засекогаш..Тука имаш посебно место кое НИКОЈ НИКОГАШ НЕМА ДА ГО ЗАМЕНИ! Тука те носам додека не се видиме пак..Еден ден, таму горе Те сакам, ангелу, знам дека знаеш колку !!!
Товар по товар до слободни плеќи. Се ослободувам од се. Стар дом, лоши пријатели, лоши навики, стравови...стравови...реални, многу реални...но и нереални кога се ти е премногу. Кога ќе ги испуштиш сите конци и ќе отидеш во провалија. Ко Скопје во 63та... Градов во душава пак ќе никне...оди низ брдо ама темелите ги копам, со раце, пот и солзи. И се појавуваат прекрасни луѓе за сите други кои си ги отерал во мајчината. Прво те прават дека си побудалел, дека си неуротичар, дека е до тебе, дека нешто ти фали. Па и ќе се подубедиш и самиот и ќе ги вратиш назад при себе. И пак пекол...и не си ни свесен колку оние околу тебе те разболуваат, те закопуваат и не ти помагаат да се опоравиш туку ти се ситат со секој атом. И прашањето за домашна задача е - каде згрешив што го дозволив ова?! Одговор може и да нема, но треба да си доследен на одлуката дека тие луѓе никогаш повеќе нема да ги пуштиш назад. И така би.. и дојдоа нови светли ликови кои буквално преку ноќ станаа многу. Пазете кој ви го јебе менталното и емотивно здравје кога физичкото ви колабрира. Кога некој ве бутка во бездната и секој ден ви се жали додека вие умирате као и онака со тебе е готово ама видиме сирот јас што треба да живеам ноктот ми пукна, или леле кој знае колку мизеруваш и се плашиш или леле подуена си ама ај не си ти крива и низа глупости. Да, се плашев и се плашам...зошто сакам да сум тука. Страв како инстинкт за преживување, како аларм за акција...како желба да дишеш. А без серковци е полесно...свежина во воздухот и среќа, необјаснива среќа. Кој би рекол... кој би рекол дека правите пријатели можат да ти бидат здравје... Доста од будали кои мислат дека се ѕвездите во сечиј филм... оф колку сум среќна што ги немам повеќе.
Нова сум на форумов, постојано дремам на сајтов па никако да се зачленам и... еве ме конечно... Како за мое добредојде еве едно цитатче од мене, кое сама сум го напишала после раскинување на долга врска... "Љубовта не постои, всушност љубовта е навика, а на секоја навика и доаѓа кај."
Денес се осетив ко дете најозбилно со мм отидовме на спортски кој инаку КОНЕЧНОоо е реновиран и има донесено нови нишалки и чуда .. Па се нишав на Змејот , па на количиња .. и велам ех штета , нема Балерина а баш ми се возеше .. и се избацува мм и вика ооо ти кажии само одма ќе ти најдам . Ајде влегувајте во кола одиме на Балерина ! И стварно не однесе на Балерина ( мене и негова колешка а моја другарка ) . Кој адреналин човече ! Сакам пак ! Напомена : На Балерина строго на гладно мм јадеше кога дојде од работа и цел пат беше башка зашеметен од " вожњата "
Prestani da se grizis za drugite, moras da pocnes da se grizis za samata sebe prvo, zasto ako ti ne si vo red, nema da mozes da im pomognes na drugite. Ova mi zvuci nesto kako panika koga si vo guzva, procitaj nesto poveke za panika, napadi od panika i kako da se spravis so nea.
Додека го пијам радничкото кафе,после ќе неможам валкани ќе ми бидат рацете. Кој да свати .... Добро јутро убав ден
СДК дека конечно си најдов работа и почнав веќе. Официјално сум пријавена сега од 6 овој месец, а претходно си идев онака за да научам што како. Мене ми се свиѓа сега за сега како е, газдарицата ми е супер и се надевам дека ќе ми биде уште по супер.