Значи овој мојов шеф на раб ќе го здробам аууффпо голема мрза,неписменост и незнање да работи на мејл повеќе коментари немам.Може цел ден да ги замара сите колеги и устата да не му исуши!
Го сакам, да. Но се си има граница... Си оди кога сака, се враќа кога сака. Е неможе повеќе така, сега ќе играме како јас ќе свирам. Се во животов друго ми е океј, од се сум задоволна, но од оваа една личност не сум ама ич, ме заморува психички. Ама пустиот го засакав, ама па и си велам "Како што сум го засакала, така и ќе го отсакам" е неможам повеќе да се мислам, кога и да го видам си мислам дека е последен пат кај што го гледам толку блиску.
Е јa ствaрнo не знaм шo ви е. Сите сте нaпнaти денес, шaлa не сФaќaте дa му се невиди. Oвa беше зa темaтa Испукaј се. Денес сaмo @zhap4e ќе си јa дружaм.
Не е тоа шала да не се сфаќа. Тоа се...кога некој ти оди на нерви, оти... па, ќе избие ќе избива Уживај
Чекај малце, сега ќе одам да се сложам со тебе на некоја тема, па ќе видиш како и Жапче нема да ја дружиш.
Сакам да кажам дека ... Canadian Pharmacy нон стоп на меил ми праќа екстра попусти на Виагра. Човече да барам нема да ми дадат толку Видете, до сега не сум купил, ама да не одат така бадијала понудите, случајно да не има некој заитнересиран преку врски да му средам ( не барам ништо за возврат ) Случајно видов неколку интеврјуа на Јана Бурче во текот на предевровизиска турнеа како ли им се вика тоа. И често користи филозофии. Претпоследен беше Даниел Кајмаковски на х фактор. Абе ова Македонец каде и да отиде, мора да има нешто филозофко во него. Не знам, во гените може ни е, м!? Видете, знам дека повеќето паралелно со утрешната евровизиска вечер тековно ќе коментирате тука во темата Евровизија, дали сакате да направиме група на Skype, oovoo, Discord или на друго место и наместо да пишуваме да зборуваме !? ПозЗ3³ ®
Од кога си гледаш за себе и твоите интереси животот е поволшебен. Ама има едно мале делче во тебе каде сакаш да погледнеш малку и во минатото, среќа што постои едно мало гласче во тебе што ти вели "Не, не, добро ти е вака супер ти е." Тоа е моето второ јас ме предупредува на можна грешка. И да ви кажам не берете туѓо гајле, берете го своето гајле.
Како беше она:Среќен си?-не грижи се ќе помине. Тажен си?-не грижи се ќе помине. И така додека ние се тешиме со тоа ќе помине,всушност и животот веќе поминал....
Телефонот ми се расипа. И се додека не останав вака цел ден без телефон, сфатив колку сум всушност зависна од него. Цело време раката ми иде у ташна, барајќи го да проверам што има на фб, твитер, инстаграм... Во автобус не можев да слушам музика ПА МОРАВ ДА ПРААМ МУАБЕТ СО ЛУЃЕ. Е да, телефониве на ваков начин не уништија. Зависност, присутност физичка, а психичката внесена у телефонот, муабетите со луѓе сведени на нула. И сега цел ден вака нервозна, чекам да дојде татко ми, да се договориме нов да земам што побрзо пошо стварно вака не се живее. Сите дремат на мобилни, никој не ти праи муабет. Али колку и да е лоша зависноста, сепак друго си е, кога ќе си напраиш утринско селфи, коа ќе праиш бесполезни муабети по цел ден и скришно на часови ќе дремеш на интернет. Едноставно, тоа е тоа, 21 век, векот на технологијата.
, Не бев сигурен дали да го лајкнам мислењево. 1. Дали лајкот ќе биде само сложување во размислувањето дека зависноста е лоша 2. Или лајкот ќе биде поддршка за тоа дека покрај се, ќе си седам на интернет. Јбг, 21ви век. ( сооучесник и дополнителен мотиватор во твоите пороци ) Ете на крајот и ти реплицирав и ти ставив лајк. Сега знам и да те поддржувам одговорноста ми е помала затоа што не произлегува од желбата туку од почитта на твоето мислење. Сметам дека знаеш што е најдобро за тебе ПозЗ3³ ®
И колку и да нејќам да го користам морам. Свесна сум колку не е добро седење на интернет ама не само што е зависност, па и потреба е. Прво, денес не можев да видам на ЈСП коа има автобус, па морав да молам другарче да ми отвори. После, како претседател на клас, класнава цело време ме известува кога губиме часови, па треба на цел клас да пренесувам, а вака без телефон не можам да дознаам ништо од тоа. Така да, стварно лоши времиња.
Хахахахаха. 1. Ова за со ЈСП не ти е нешто потребно. Претпоставувам дека секој ден одиш со истиот бус ( 2 минути плус минус ) и одприлика знаеш кога ти доаѓа. Ќе застанеш на буска као не дојде во 8, ќе дојде во 8 и 10 2. Ова е навистина сериозно, јас дури сум под стрес ако губите час а ти не ги известиш останатите Знаеш кое губење на време e ако отидеш у школо а немаш 1 час !? ЗНачи страшно Ако не ја удоволив поентата тоа е само затоа што е писмена форма, ама таколку сарказам има во мислењево што и јас се смеам на сопствениот .. ПозЗ3³ ®
Лицемерие нaсекaде. Некoму се дoвериш, и слушнеш зa тебе и тoa штo си гo дoверил. Кaтaстрoфa луѓевo. Штo ќе прaиме. Кaкo дa се нaјде решение. Oд денес пред никoк ништo не збoрaм. Ете oвде ќе си јa oлеснувaм душaвa. Мoже нaјдoбрo ќе е,
Незнам дали навистина е така секаде... нооо некако нема среќа сега ни малку , само негативна енергија,напнатост..го нема ни тоа малку убаво од минатата година.Имаш се што треба за нормален живот,го цениш многу ама не можеш да се радуваш и живееш.Како да се распаѓа се ...ама јас пак се надевам дека ќе биде подобро.
Ете јас па имам другарка што не погледнува у телефон. Зошто и е ако не го користи, и ѕвонам не крева, и пишувам враќа после две години едноставно не го користи телефонот. Не е со намера да ме откачи туку едноставно е таква. А баш сега треба да одиме да трчиме... Страшна нервоза ми ствара вака.
Во тек била недела за подигање на свеста за менталното здравје, па сакам да кажам дека..: Зборовите и фразите како луд/а, ненормален/на, нешто му/ѝ фали зборуваат многу за (не)човечноста на луѓето кои ги користат за личности со психички проблеми и состојби. Фактот колку е сѐ уште присутен срамот да се оди на психолог/психијатар поради мислењето на околината, пак – уште повеќе зборува за нивото на цивилизираност на едно општество.