Го знаете она чувство кога некоја стара пријателка ке ви се јави да се видите и кога после целиот муабет на крај на денот ке сфатите дека всушност сте биле многу смотани во оние моменти од животот кога сте помислувале дека немате баш никој и дека на никого не му значите? Да, смотана бев што заборавив дека имам таква прекрасна личност во мојот живот. Премногу ја сакам, нејзина среќа е и мојата. Многу и се радувам. Фала ти Универзуму за ваква личност во мојот живот. Фала ти!
Животе доста е,доста ми задаваш болка. Он е мојот херој,моето се неможам да се соземам од плачење и мисла што ќе се случува понатака. 15 години ја гледам мајка ми како страда и се мачи несакам и него да го гледам.
Мразам кога некој ми се меша во штипки. Ти како сакаш, ама... Нема ама. Јас така сакам и готово. Сама правам, за мое дете правам. Дај совет океј, ама не може за се ти да одлучиш.
Мене тачот ми се расипа, значи ептен е поткачено нешто и само се клика, ништо не можам да отворам, за пишување да не правиме муабет. И сега севкупно десетина минути сум на мобилниот на ден, колку да го отворам, да се изнервирам и да го фрлам некаде. На светлата страна, поради ова расипување ми се намалија можностите за прокрастинирање и две проектни завршив. И сега колку и да сакам да имам функционален телефон пак, потсвесно знам дека најдобро ќе е до крајот на мај да чекам вака.
Кога ништо посебно не ми се случува и се е океј, само нешто ми фали и како да си барам проблеми со сила. А кога имам некаков проблем, кога ми е тешко и нетрпеливоста ме убива.. има нешто во мене што ми дава сила, надеж за уште една шанса. А најмногу од се, има нешто во мене што ме кара што сум била смешна барајќи си проблеми онаму каде што ги нема. Ете ти сега проблеми колку сакаш. Не ги најде ти нив, туку тие те најдоа тебе. Уживај си во забавата.
Мм вика дека многу му е убаво кога гледа дека со ќеф готвам за нас двајца, дури и солзи му доаѓаат во очите. А јас сакам да му ги правам омилените јадења и да гледам како со сласт си ги јаде. И мене ми доаѓаат солзи кога гледам дека се што прави, го прави за нас двајцата да бидеме среќни, кога гледам колку ме сака и го покажува тоа секој ден. Моето готвење е ништо во споредба со жртвата која тој ја прави за мене. Тој, јас и ова во мене. Ништо друго не ми треба.
Имам една другарка што не ми е како другите. Имам една другарка што безброј пати ми ги кренала нервите заради нашите различни размислувања. Имам една другарка што не е многу амбициозна, а има капацитет, знам дека има. И душава ме боли кога не го користи во целост. Имам една другарка што секогаш кога ќе види некој да проси, без размислување оди да му даде нешто ситно. Ја карам, и викам, ама ми вели таква сум си јас, што да правам ај. Имам една другарка, што се навикнав да ја имам секој ден до мене. Имам една другарка на која прва и кажав за мојот прв бакнеж. Имам една другарка што никогаш не ме издала, не затоа што сум и јас другарка, туку затоа што срцето не и дава. Имам една другарка покрај која сум се смеела и сум плачела илјада пати. Имам една другарка што упорно ме потсетува колку животот може да биде убав. Имам една другарка што секогаш била и секогаш ќе биде тука. И не ми е како другите, посебно место има кај мене, зошто ретки се таквите како неа. Премногу ретки.
Бисери за расипани умови од фамилијата на Џолана- втор дел. 1. Тетка ми му се обраќа на братучед ми: - Колку и да ти е голем, не ти е поголем од на татко ти (Тој се жалеше дека стомакот му бил голем, а таа го теши). 2. Баба ми: -Ќе седнам јас, така полесно ми влегува. (Се боцка жената со инсулин). 3. Братучетка ми: -Јас па се си лапам, не пребирам. (Не пребирала храна). 4. Мајка ми: -Ако не ми го ставиш ти, ќе го побарам Аце од комшии (Се расправаа со татко ми за некое цвеќе). 5. Баба ми: -И од дедо ти беше вака голем и бел (За часовникот коментираше ) 6. Братучед ми: -Јас му свршив пред некое време, а тој не ме бара. (Му завршил работа на некој човек пред некое време) Јас знам дека со ваков мозок ќе горам во пеколот и веќе имам резервирано карта, туку не знам луѓево како можат вака двосмислено да зборуваат
Имаше некој на форумов напишано пред некое време: Ако не си dirty minded, од каде знаеш за што зборувам?
Како раснам и одам низ животот, онака дрско, верувајќи дека сите се со добра душа, се повеќе и повеќе се разочарувам. Секој ден се повеќе и повеќе сфаќам дека во животот единствена личност што нема да ме разочара никогаш сум ЈАС.
Не знам дали сум се правела важна дека памтам датуми, ама еве (пак) ќе кажам дека памтам. Сум собрала дома друштво, сум нарачала торта, сум купила алкохоли.. Славам, пустам, праам...Организирав музичари, огномети, танчерки, фотографи.. Роденден е не е заебанција, а оно гледам немам ни трофеј, ни честитка ни бутур ни бакрач ни шипак. @RainBow , дај бе види среди ми таму нека мала пажња. Па бев на фризер и на шминкање за пригодава, а останав мома каносана, нецеливана . ( Да не биде @Lunaria како мене, под итно да му пристапи на симпатијата. Па на толку налетувања до сеа требаше пред матично да се сретнат...еве на мој трошак ќе ја праиме веридната ако сакате не е проблем, и онака спремна сум за парти а не ми се партува зашто премногу сум повредена што форумов ни ја забораи годишнината. ) Во чест на евентов си отворив едно винце (да глумам малку секс енд д сити) и си разлистав мемории и стари пораки... Кој што сака нека рече ама јас верувам дека човек се менува. Освен кога станува збор за одлепување фластери од душата. Глеам @kravce напраила чистка у плакар. Кога јас така? Јас омилени чорапи не фрлам, не пак друго. А тоа што сите чорапи ми се омилени да не праам муабет. Мајка решила да ги праи крпи за бришење прашина. Преку мене мртва, мајко! Додуша уште се сопкам на исти сопки и уште ме нервираат исти ствари, ама барем сум научила како да опцујам кога ќе се сопнам и/или изнервирам. Туку шупраиме? Ќе тепаме годинава? Ваша М,
Неможам да ги сватам луѓето на кои им сметаат стари лица,во случајов читај свекор,свекрва,баба и дедо,па брзаат да ги сместат во старски дом,или па уште полошо ако се "смилуваат" да ги задржат дома им го загорчуваат секој ден со нивната нетрпеливост и агресија. Ама па затоа за да си имаат домашно милениче куче и маче-оди па запри ги На кучето ќе му купуваат облека,играчки,ќе го шетаат колку и да се уморни од работа(па искрено во парк се почесто гледам да шетаат кучиња одколку деца,и да ги шетаат децата ќе им се придераваат нервозно ама на кучето мора со мило обраќање и одење по газот со извинение). Малку да не ги измешавте брзините и поимите луѓе?! Секако дека и животните се важни,ама не до тој степен да се ставаат пред еден човечки живот. Нема да ви падне круната ако дадете трошка љубов и внимание на личностите кои ве одгледале како малечки нели?! Се почесто гледам примери како на пријатели мои им сметаат дома старите дедо и баба,а се прашувам дали се запрашале во чија куќа живеат тие? И дали мачката има поголемо право да биде пашица во таа куќа додека изнемоштената старица што некогаш ја изградила таа куќа,сега седи во мало ќоше само да не смета никому!
Кога се кине и крши се во тебе ама се трудиш да не потонеш, да бидеш добро, се надеваш на подобро и молиш да биде се подобро....
Ja sam transrodan, jer nema drugog racionalnog objasnjenja zasto sam na zenskom forumu registrovan...
Ок. Во ред е. Ве молам да не се потресувате. Само што го пишав претходното мислење ми стигна трофејот. Или требало човек да си го побара своето или да покаже малку љубов. Може си барал форумов љубовче што во последно не знам да ја давам? Не е до тебе друже. Периодов го изгубив прирачникот за љубење. Не знам ни да давам ни да земам.... Еве од возбуда не знам ни дали да пишам тука, да пивнам од чашката или да го однесам во витрина кај другите трофеи. Работата е што е во форма на пехар е, и не знам дали ќе иде со пресечените прамени од коса од бившите ... знаев дека требаше да ги чувам фотографиите што им ги правев додека спијат, поскладни ќе ми беа златните рамки со пехаров, но добро, нели животот е школо. Еве ќе учам од грешките.. Ок. Не отповикувам фешта... ШТА ПИЈЕ КАФАНАААААААААААААААААААААААААААААА?????????? Го претурив виното у пехарот, забавата може да почне! М,
Една недела како ја нема повеќе... Мојот херој ме напушти. Не знам како да ви опишам која е болката по втор пат да губите мајка. Камо да ја имав нејзината верба да верувам дека е на подобро место... Чувствувам вина што јас дишам а таа не..
Во исчекување на едно мало ангелче, злато невино и чисто како солза!! Возбудена до толку што неможам да спијам Те сакам највеќе на свет и едвај чекам да те видам.. препремногу ми фалеше цело ова време!