Ама така ќе се откриеме кој е кој, т.е. ликот и гласот, освенако гласот не ни биде како на Тајанствени члан у жирито на Звезде Гранда а ликот како во видеовоИмам ја истакнато оваа идеја на форумов веќе во темата за Иднината @Madam-A и мене ми ја заборавија годишнината ама не ми надокнадија како на тебеТи брзо реагираш изгледа
За ликот никој не мора да го покажува, односно нема потреба да се уклучува камера. Само ќе си разговараме, ќе коментираме песни Ако некој сака да го прикрие гласот ако му е ептен специфичен може да користи предмети како марама, чаша, дланка, вода во уста и слично Ама нема да изиграме ЦИА туку ќе бидеме критичари за евровизија
Сдк ова кралскиве семејства никнаа од нигде негде. Порано само Елизабета ја знаевме и повозрасните Дијана можеби а сега де од Шведска, де од Шпанија, де од Норвешка... Па и на Фокс Лајф таа емисијата саде принцевиГледајќи ги така сликите, јас ко што сум си таква забележав тоа "војниците" што стојат таму, колку ли плата зимаат? Убава работа ми стои. Па ви велам да ставиме и Македонска принцеза за да се отворат повеќе добриработни места. Не знам што име би им дале на работните позиции, еве некој креативен нека помогнеОд мене предлог најголема плата да зима Дворскиот шут И бастунот е кралски изгледа, ова ко на Влатко Илиевски микрофонотАјде бе бегај таму, ние за нив сме измислени
Ne e tvoja krivica zlatno, i veruvaj deka se e po Bozja promisla... Majka ti ne e mrtva, tuku samo ne e prisutna vo ovoj svet. Covekot ne e telo, teloto ni e dadeno na koristenje. Site nie sme dusi i eden den ke si zamineme od ovoj svet... i ke se sretneme povtorno so onie koi ni nedostigale premnogu.
Да драга, разработив план и стратегија, многу добро „мултимедијално и мултиталентирано“ писменце, ваљда ќе упали ( таму кај што треба) фали уште брадата само да му ја дошкртам, го нацртав, со строфа хаику и цртеж, ако не падне на тој хумор и шарм и холивудска лепота, не е за мене па више не знам да му се невиди во расолот. Ќе ве известам обавезно! Него друг ми беше муабетот уште од вчера ама ми закочи телефонот, уживав у мрзата и баталив. Ми понудија матурско фустанче у бутик- имаме голем избор повелете погледнете си, и ми нуди некои мрежи, камчиња... со еден збор сексипил ми нуди бе. Бато, јел сам успела у животу ил нисам а? Тоа ти е продавачка бее, добар менаџер, ПР, народна жена, малку акциите да ти ги дигне, ако јас наредна година одам на десет години, и ако си носам замислена ролка цело време
Нема лош живот, животот е преубав уредувањето на истиот и сваќањата за него како дар од бога самите ги креираме. Штета што предоцна сваќаме дека убаво е да се живее, па помислуваме дека животот е прекраток.
Пријателе Господ да те чува,Господе те молам не го зимај мојот добар другар кој има само 24 години,немој те молам,целиот живот е пред него,дај му сила и храброст да ја победи болеста на 21 век.
Две ластовици ми влегоа во дневна. Клизачата врата од дневната и влезната врата ми беа отворени, да се излуфтира, некој од комшиите позади правел манџа и цела спална ми се усмрде, прозорецот беше ширум отворен, ми се слоши кога влегов. Не се плашам од птици, ама овие големки беа, летаа во соба, се стаписав целата, брр.
Полната месечина во Шкорпија ме уби. Ги елиминирав сите стари лоши навики, не давам веќе лажна надеж.Ставив крај на еден аспект во животот каде што требаше. Мислам дека ова беше границата. Не можев да поднесам веќе. Не можев да го поднесам неправедното и незаслужено однесување кое дургите го проектираа кон мене. Затоа ги елиминирав. Не спиев како што треба една недела, па денес сум спиела 10 часа. Да не спомнувам за тоа колку не сакам да сонувам. Соновите се толку реални, ствараат забуна, надеж дека нешто ќе се промени, но тоа само потсвеста прикажува што сака. И така што ви викам сега се осеќам како да се раѓа една нова јас, но со помало влијание на избувливата Шкорпија. Се качувам нагоре по планината, успехот го гледам пред мене, а со опашката сум спремна да го боцнам секој што ќе ми застане на патот.
На никој не му е лесно , Секој си има проблеми Никогаш не знаете... Низ што минуваат другите Затоа застанете пред да судите... критикувате или обвинувате, Секој си води некоја своја битка во животот...
Не е лошо да се направи опција за кога ќе се зачленуваат луѓе на форумов, да им се проверува дали имаат барем малку смисла за хумор, иронија и дали воопшто знаат да комуницираат со други луѓе. Разбирам дека има секакви луѓе, ама не сакам да поверувам дека се до толку затупени, па што не сфаќаат ништо. Обично имам приметено тоа се дешава кај некои нови членови што висат во една тема... Пример влагам во уредување на домот и следам разговор помеѓу две членки... (измислени се разговорите) Член што не сфаќа шега: - Јас преферирам зелено... Мислење некое? Рандом член: - Јас за ова ти препорачувам жолто... Но знаеш дека и на Џорџ Клуни му е омилена зелената боја.. Хаха имате нешто заедничко со Клуни Член што не сфаќа шега: - Молааммм? Сакаш да кажеш дека имам афера со Џорџ? Нели ти е срам? Јас имам сопруг алоо, не ми ги превртувај разговорите, ме слушна? Срам да ти е ..................... Или некоја мајка пишала дека додека пиела кафе и уживала сама во тишината, детето се удрило па му потекло ноџето....па некој и враќа дека убаво е да се одвои време за себе, и ништо не му е на детето.... А мајката што не знае како да комуницира со луѓе вика: - Сакаш да кажеш дека јас не сум добра мајка?? Дека си двојам време само за себеее? Ммм? Кажииии? ........... Како да разговараш со вакви луѓе? Не се зезаат.... Сериозни се за жал. АКО се вакви на форум, тешко на тие околу нив...јас не можам со вакви ни 3 секунди да издржам. Луѓе, опуштете се во животот. Не мора само да сте сериозни... Штетно е за здравје.
Има едно добро и едно лошо....прво уствари сите другарки ке се иселат во странство, друштвото ке се распадне, а се дружев 7 години со две и 2 години со уште една другарка.....а убавото нешто, значи баш како што ми велеа - видов некој и тој ме виде мене како на филм, си се допаднавме двата и сега сме пријатели. не знам што понатаму ама ми е многу пријатно да зборувам со него и имаме многу нешта заеднички - вклучително разочарувањето во љубовта. Не знам детали за него, ама хеј не ни прашувам. секој си има багаж - тоа не значи дека неговите причини се помалку битни од моите, само поинакви. Можеби утре ке се разидам со него - ама добро е да се знае дека уште постојат такви мажи со интегритет.
Луѓето...како си дошле така ќе си одат. Некои ќе останат,некои ќе заминат. Од тие што заминуваат се за наше добро,едноставно не биле вистинските. Без тие сме посреќни,без тие сме свои. Живејте,сакајте,уживајте.
Моментот кога некој раскажува за општо допадливи карактерни особини и понашање кај луѓето а ти целосно си се нашол во муабетот. Ама исто, баш како за тебе да зборува. Си викаш да си кажам ли одма, исто како мене, или да почекам да му текне . Моментот на одлука, да не испаднам нарцис или да си останам скромен.
Најјаките жени во историјата ако ги прашате како се заљубиле во своите партнери ќе ви кажат несомнено дека само поради тоа што тој партнер бил првиот маж кој ги прашал дали им треба нешто во животот... зошто тој бил единствениот кој заборавил колку се силни и им пружил раце да ги заштити.............
Сакам да кажам дека .. Една мисла ми пројде на ум и навистина е точна. Абе кога ви е најтешко, кога ви се повраќа и ви се гади од тежината само да продолжите понатаму низ процесот и кога сето тоа ќе заврши тоа чувство на исполнетост и самодоверба драстично расте. Незаменливо чувство. ! Жими се' ! Инаку постојат многу поединечни тврдења кои се преставуваат како апсолутни: 1. Тоа што јадете, тоа и сте 2. Тоа што мислите, тоа и сте 3. Тоа што правите, тоа и сте 4. Какви ви се пријателите, тоа и сте. Абе ај вака, " Каков животен стил имате, тоа и сте ПозЗ3³ ®
Многу ме нервираат луѓе што ем знаат дека се шалиш со нив ем се сериозно сваќаат. Се нервираат за банални работи. Ова му го посветувам на дечко ми. Не можам да го разберам,како може да биде таков.
едноставноста и искреноста луѓето некогаш не можат да ја разберат. А кога ќе ја осознаат веќе те гледаат во грб