Настината сум,ама онака убаво како што се настинува во зима на #минус незнам колку. Ќе ми помине де,страшното е што нема човек што не ми рече:е аман де кај настина толку од дома,плус на толку убаво време во пролет Ок.Ај ако не да ги замениме имунитетите може?!
Оставиле на фб слика со синот средношколец како стои пред врата со куфери, и го испраќаат на екскурзија. Под слика пишано: Нашата гордост заминува на екскурзија. Најубаво да поминеш. Ти не правиш горди секогаш и ние сме тука за тебе. И таман ја акнам главата од ѕид, дали стварно морале така да пишат, читам долу коментар од тетката на детето. - Не ми крева мене. Му ѕвонев на вајбар (да, ВАЈБАР). Речете му да ми се јави. Па мајката коментира: - И ние не можеме да го добиеме. Сега ќе се јавам пак. Таткото: - Јави се Филипче ко ќе видиш. И татко му на Аце рече Аце да му се јави... Аце не крева... Ок? Ете така... И ете го детето: -Слаб ми е нетот. Ќе ве барам.  Што маче сељаци? Знаат дека постојат пораки? Горди биле и секогаш биле тука за него? Стварно? Ја мислев на децата на комшијата биле горди. Ех... Златен фацебук...тешки опинци те газат.
Постов не ми е наменет за Евровизијата, туку за НАС...за НАРОДОТ... САКАМ ДА КАЖАМ....................Зошто сме ваков народ-незнам. Плуканици за Јана Буречска, да неможеш да ги дочиташ. Да се пласираше во финале и да земеше меѓу првите места, сите ќе трчаа да кажат кој се знае со на вујна и внука од сестра, ќе се раскажуваше ,,што ви реков јас-најдобра до сега,,..,, абе знаеме ние кого да пратиме,, Земав прост и тазе пример. За секоја една работа е вака... Ако ти твоето не си го цениш, почитуваш, пофалиш и поддржиш, како сакаш да те ценат и почитуваат другите?! Ако ти твоето го плукаш, што останало за тие на кои не му е гајле...тие ќе го згазат како мравка ! Никој не рекол да нема критика, ама нека е конструктивна, нека со самата критика се придонесе за подобро... Ама нели слабоста на човек се гледа по тоа колку му е дометот на плуканицата.
Остај Референтка, што можеш да очекуваш од народ што ги сака песните на Калиопи и уште жали што Гиш не отишол на Евровизија? Млада убава девојка со прифатлива песна... не е тоа во нивниот домен.
Mене ми се допадна настапот, како изгледаше она, песната модерна и певлива, убав спот ама малце утна со пеењето, ако е наша да се правиме глуви? Башка што тој театар според мене не и требаше.
Најпросто нешто на целиот Свет е маалска така наречена фризерка. Нејзиниот салон не е салон, туку поранешна продавница од Југославија од која што како спомен останала дограмата. Можете да ги најдите сите прости жени од 60 па нагоре како одат тука за пет саати да им стои фарбата и уште десет да прават минивал, во меѓувреме уста да не затворат од тоа кој со кој се гледал, чија внука е разведена и чија се омажила. Фризерката знае само две теткински фризури да стрижи и да фарба. Нема ниту една лиценца ниту па било каква диплома. Нејзината врвна услуга е запечатена со ИНТЕСА, лакот за коса што ќе остане запишан во историјата како најзначаен за ваквите озборувачки фризерски места. Еднаш само ми се случило зошто косата ми беше катастрофа, а немав прилика да се закажам кај мојата фризерка да одам кај оваа. Одам јас и во салонот една баба зборуваше 510 на саат, но носеше некоја протеза и нон стоп како да дуваше ветар на секое изговорено ш. Пишман бев само што седнав. Почна едното око да ми игра од нервоза. Платив и станав, кога стигнав дома апче пиев за главата. И што да ви кажам, не дозволувајте да ве изнервира некоја арогантна фризерка, кај нема врска од ништо па и не знае да се однесува со клиент како што треба. Не знам зошто толкаво значење си придаваат, како да нема други. Страшна работа.
Сакам да кажам дека .. ... Кога доаѓав наваму да пишам нешто во план ми беше да кажам некој збор за тоа дали може момче и девојче да бидат другари и околу тоа ... али нешто ме премисли. ФУЦК, ПозЗ3³ ®
Од маалски фризерки кошмари си имам. Кога бев мала мораше таму да се стрижам кај една што ја мразев пошто едноставно НЕ ЗНАЕ ДА ШИША! Абе ме држеа на тоа столчето и рикаав и тоа не бев баш мала едно десет години имав. Ама мораш таму да одиш пошто нели мајка ми се правеше таму а и никогаш нема да ти простат ако отидеш кај друга фризерка. НИКОГАШ!
СДК се соочувам со дискриминација, сексуално вознемирување и мобинг на работно место, чисто колку да ми олесни... мислев тоа го има само по конфекции и од прости неиживеани луѓе кои не знаат а го вреднуваат и ценат работникот!Многу оддамна имав идиот газда кој не вреѓаше ама пуста немаштија па го трпевме со колешката за пусти пари и за партиципација на факултет, ај тој прост, необразован, неук, шалабјзер, измамник и се по ред, а одругиве демек интелектуалци. Воопшто не е во ред да се подгазува некого, да не се почитува како личност, да не го вреднуваш целиот негов труд, да го потценуваш, да го плукаш, да му се потмсеваш, некој да работи, а некој да парадира како на модна писта, ем да му течат придонеси, ем стаж и плус да зима повеќе плата од тебе само затоа што нејзините родители биле некој си наводно фактор односно на некоја позиција! Немам мака од работа ама од нелуќе имам. За разлика од претходниве идиоти иамв и колеги кои ме охрабруваа, веруваа во мене, ме ценеа, тоа ми беше мотивација за успех, работа, труд тие беа мојот мелеем на рана. За овие новиве сега сум само глувче! Нема правда на овој свет, барем не за обичните смртници како мене!
Неблагодарно, насилно, ненаситно, човечко суштество заглавено во сопствениот ограничен, прост ум, неспособно рационално да размислува и кое психички се изживува на вас константно. Дефиниција за монструм. Манипулатор кој полека ве уништува дел по дел. По никој критериум да не може да се нарече човек. Не е сѐ во физичкото насилство, бидејќи психичкото малтретирање само по себе влече катастрофални физички последици кои можат да те следат цел живот, за жал кај некои луѓе со текот на времето се влошуваат. На какви се луѓе не ќе налета човек...Немам зборови да опишам, неверојатно е. Само ќе кажам пазете се, имајте доволно самопочит за да се соочите и да си го одбраните сопственото место и реагирајте навреме.
Кога луѓе со проблеми од кој реално скоро секој нормален човек нема да знае главата кај му е седнале и ти кажуваат некои цитати за позитив вајбс... Не, не ги надминале или обработиле истите, не се ни соочиле. Живеат во некоја илузија и продаваат ветер и магла додека се залажуваат дека се е ок.
Завчера на журка. Вчера на моминска. Денес на роденден. Утре на свадба. Понеделник на камени. Така да си знаете.
Сакав да кажам дека од утрово го започнувам вториот живот, ама па се сетив дека вакви денови и ноќи (како изминатиов ден и ноќта) сум имала неколку па не ми е ова втор, изгледа ми е 7-8ми живот И обично луѓе кои ќе преживеат нешто страшно при што се соочиле со самите себе и за момент ѝ погледнале на смртта во очи, утредента кога ќе се освестат, мудруваат за тоа колку е убав животот и како секој ден треба да се живее како да е последен, за после неколку дена да заборават на кажаните зборови и да продолжат да живеат како предходно правејќи ги истите грешки во чекори... А јас ќе кажам дека кафето ова утро ми е посебно вкусно Имајте убав ден.
Збoрoви не се дoвoлни зa дa ти кaжaм кoлку ми знaчиш. Oстaни oнaквa кaквa штo си, пa дури и тoa штo си drama queen кoгa пoнекoгaш ми сметa. Секoј пaт кoгa нa шaлa велиш декa ќе "цркнеш" јaс ти велaм дa не си се oсмелилa зaштo кредит имaш зa врaќaње. И нa мoменти стрaвувaм декa некoгaш ќе дoјде тoј ден и ќе те немa пoвеќе, aмa зa жaл неизбежен е. Пoсaкувaм уште вoлку гoдини дa си живa и зaеднo дa си oстaриме кaкo штo е редoт. Среќен некa ти е рoденденoт, мaмo!
@Mr. Right колку убаво... Се надевам и' го кажа сето ова и нејзе во лице! Нека ти е здрава,жива, внучиња да ти чува.