Фaлa ти мнoгу, Бубaле. Ние пoнекoгaш си "дoфрлувaме" вaкви рaбoти oд типoт кoгa ми викa: "Штo ќе прaвaм јaс кoгa ќе се oжениш", "Кaј и дa oдиш земи ме сo тебе" и слични рaбoти. Си знaе женaтa, a знaе и декa никoгaш немa дa јa oстaвaм нa цедилo. Никoгaш.
Хахах срцка си Знаеш дека не мислев на вакви кориснички имиња туку кога вистинското име ти го пишуваат со мала буква. Може толку знаат или ма што е битно како, може и нивното си го пишуваат така.
Она кога седнуваш да се 'починиш',земаш да каснеш нешто од 'нога'. Не ти е вкусно па наидуваш на заостанати три страни од поинаков гемина инстаграм и се изнајадуваш со апетит. Наздравје.
Мислам дека никогаш толку не сум се срамела што живеам во државава како што тоа го чувствувам овој месец. Од настани што не засегаат лично, толку мизерија на голем дел од народов излезе на површина... што иако за среќа таквите не се мнозинство и иако најмногу виртуелно им ги читаш мислите од мозокот што го немаат, сепак успева да те засрами и згрози нивната негатива. Насилство со поддржување и аплаудирање на истото, вулгарност и говор на омраза без граници - на основа на вера, националност или пак само различно мислење... плукање по нешто што е наше, а квалитетно, малограѓанштина левел турски серии и ужасен хумор од кој вришти заостанатост. И најиритантно е што токму ваквиот тип на луѓе зборуваат за вредности кои со текот на времето се изгубени...
Лажат кога викаат дека сиромаштијата кај младите луѓе не ствара комплекс на пониска вредност.Излегуваш надвор да се смириш и да оладиш мозок.Бум.Гледаш како сите се облечени во најнова мода,ајфони,мерцедеси на сите страни,кафичите и клубовите полни,а ти во блуза која е стара 3год и со штеповани фармерки.Дечко ми кој зима плата 500ев (вработен со помош на неговите соли памет како сум била мрзлива и не сум сакала.да работам.Сам знае дека сегде се имам пријавено и дека мора да има човек врски .Полесно е.да се зборува кога има кој да те бутне напред во животов.Да не должам.Тешко кој нема.Да не си им во кожа на тие луѓе.
Велат дека стилот е работа на вкус, а за вкусови не се дискутира. Ова во поглед на модата. Во поглед на животот, па мислам дека и овде важи истото. Би почнала од себе и ќе кажам дека живеам војнички стил на живот. Сѐ сведено на неопходно. Собата ми е сведена на неопходен мебел, при што кога го тргнав на страна, на таван поточно, она што ми пречеше, добив коментар од моите дека повеќе нема да инвестираат во мојата соба. Голи ѕидови, без никакви фотографии или пораки, никакви украси и рамки, стерилно чисто. А истото се однесува и на облеката. Класика сведена на минимум, и основни парчиња соодветно со пригодата. Од козметика, шампон и сапун соодветно со типит на кожата, тоник и крема за лице. Антипреспирант и парфем кои ги користам со години. Со други зборови, целиот живот можам да си го спакувам во една торбица. И во два други куфери од најголемите, гаџетите, прочитаната литертура и пишаните забелешки. Е ова е фамозното но или ама во мојата приказна, овде се прави исклучокот. Секој еден обид за да се вметне нешто плус, нешто покреативно, е неуспешен. Почувајќи од слики и часовници во собата, до некој нов продукт од препаратива како крем за тело со мирис кој ми ги затапува сетилата, не возможно е да ми влезат во рутината. Затоа влегуваат во корпа. Тоа не е поради тоа што не уживам во работи кои оддаваат карактеристики за нивниот сопственик или во креативноста на некои луѓе. Напротив, сакам да ја почуствувам атмосферата во простор кој висат облачиња со пораки, мапи на посакувани дестинации, цртжи и рачни изработки, фамилијарни слики и стебла итн. Но тоа е сѐ, желба само за да се искуси нешто ново а потоа пак по старо. За изразување чуства, не сакам да зборувам. Како се прави тоа? На крај завршувам на мојот минимилизам, и поентата ми е, повторно прифатив дека е во ред да биде така. Се ослободив од стегите кои си ги ставив во период кога бев психички слаба и несигурна во себе, и немам проблеми со себе кои се нереални. Повраќањето на слободата и здравиот разум за мене се покажаа како неопходни за да функционирам. Сега ќе уживам во втората сезона на Шерлок, а подоцна во обврските.
Констатирам дека најголем причинител за зголемен профит на дрогерииве/бутициве e фемина Сериозно треба процент да им даваат на членови. Синоќа имав несоница, се зачитав низ теми на форумов, оп денеска 4000 денари сум полесна. Утрински набрзина завршив што имав обврски, среќа ми откажаа кафиња 5за12 и тргнав у шопинг. Среќа велам не морав да се потам да измислувам глупи причини. Абе како дрога да ставате во мислењева Не шала на страна дис вас маст нидед. Можеби 6 месеци веќе немам купено ништо а секако на една година правам обновување на козметика. Мора зашто дел џабе сум ги купила не ги користам па им поминал рок, дел се потрошени а дел уништени. Згора на тоа ми се врати желбата за шминкања повторно. Не дека не се шминкав ама рутински беше она пудра-римел-кармин. Ма да за работа престанав воопшто да се шминкам. Среќа краткотрајно беше. А да речеш сум уштедила пари, ете со месеци ништо не сум купила. Не е така ко што мислиме со париве значи.
Лујза Хеј во една од нејзините книги вели: „Ако завршам добар дел од работата, задоволна сум. Ако завршам само малку, пак сум задоволна. Ако не направам ништо, сè уште сум задоволна. Сè што правам е совршено за тој миг. Во суштина нема ништо што навистина „треба да направам“.“ Хм, какво олеснување. Значи, и она што го правам во моментов, додека го пишувам постов, е совршено за овој миг. Значи, и кога плачам, и кога се смеам, и кога учам, и кога не правам ништо корисно или бескорисно - го правам она што е совршено во тој момент. Да, знам дека постојат работи кои сметам дека би било добро да ги направам, но го прифаќам својот сегашен избор, и не го осудувам. Знам дека понекогаш нема да сакам да го правам она што е корисно за мене. Само ќе се препуштам на изборот. Тоа е мој избор. И совршен е. Нели ви олеснува ова? Независно дали вежбате или јадете торта, дали вложувате во себе или спиете, дали останувате дома или излегувате, сакате или мразите - што и да правите е совршено во тој момент. Знаејќи го ова, нема да имате потреба да се прекорувате или критизирате постојано дека не го правите она што „треба“ или „мора“ да го правите. Нели е тоа прифаќање и прв чекор кон промена? Нели е тоа слобода? Тоа значи дека нема изгубено или бесполезно потрошено време, нема пропуштени прилики и нема погрешни и непотребни мигови. Нема зошто да се грижите. Сè е во совршен ред. Ако не ми верувате мене, прашајте ја @*Amethyst*
Гледам, слушам и се чудам. Од кога студирањето на државен универзитет се смета наменето за посиромашната класа. Матуранти занесени - сите ќе студираат на приватен. 19,20 - годишни сите запишани по приватни универзитети... За квалететот на студиите нема да коментирам но во мое време само колку деца межеа да сонуваат упис на факултет па да не зборувам ако се работеше за студирање во друг град а оние кои одеа на приватен во мојата генерација се броеа на прсти. Во ред сега трошоците се смалени и има некои плус поволности но да кажеш дека упис + пријавување испити + книги + ако има трошоци за кирии и пат не чинат ништо посебно за стандард како нашиот не ми држи место. Па ако има двајца студенти во едно семејство секоја чест на родителите што успеваат да ги издржуваат и да им го овозможат тоа. Само ме мачи прашањето дали имаме толку добро ситуирани семејства бидејќи гледам дека квотите по приватните универзитети се полнат или се е само маска? Како и да е набрзо следуваат матурските прослави па пријатна забава на сите матуранти.
Не сакам мачки. И веќе имам домашни миленичиња,две зајчиња. Ама што да правиш кога пред врата ке најдеш две мачиња мали? Секако ќе најдеш цуцла и ќе ги храниш додека не ги згрижи некој. Инаку слатки се. Многу
Исто како јас да сум пишувала.И јас не сакам да се натрупувам со премногу работи.Порано сакав да купувам украси,шминка,тракатанци,сакав да ставам нешто како масичка за шминкање во собата,а сега едвај чекам да се ослободам и од некои две-три работи непотребни плус што ги имам.
Мoјoт ден денескa: Прoшеткa нa Мaткa сo девoјки oд Дaнскa. Седнувaме нa кaфе и некaкo се зaмуaбетијa сo две девoјки нa другaтa мaсa и им кaжaa декa се oд Дaнскa и еднaтa нaсмеaнa oд 6кa дo 6кa Oh you are from Denmark too, do you live in Copenhagen Три прaшaњa у секундa и кoa гo дoби oдгoвoрoт ни нaсмевкa ни ништo и тoнoт гo смени Пусти дaнски пaпири Се зaебaвaм... или не
Ги сакам луѓето како @Minnie 1 кои се грижат за мачиња. Денес цел ден ми е поминат во грицкање на чипсови, крекери и кркање на благо почнувајќи од ванилици, до чоколадирани стапчиња, чоколада со лешник и суво грозје и вечерата ја затварам со корнет сладолед.Месец мај ми почна со скара, пица, сладолед и неограничени количини на чоколадо и торти па така како почна месецот така текот си оди до негово завршување. Како се што грицкав цел ден е малку ме фаќа стрв за тост или баничка. Се тешам со тоа дека викенд е, а за викенд дозволено е непочитување на диети,иако диетава моја некако промашена, појадок секогаш започнува со овошје, после тоа следи кифла, измеѓу ручек грицки, за ручек манџа, па нешто грицки, многу кафе, вода скоро ич, повеќе сокови и така после се денес се качив на вага после толку внесени калории за само пола месец и да се чудиш дури покажа кг под 50 и многу сум задоволна поради тоа.Да нема забуни вагата си е точна, секогаш на една иста си се мерам. Финале на Евровизија не гледам затоа што овој настан личи на политички циркуз а не на некаква Европска визија за избор за најдобра песна, пеач и со тоа што не сме во финале ама баш ми е гајле како ќе се гласа и кој ќе победи. Имајте убава вечер.
Сакам да кажам.. Вечерва Фемина ме награди со трофејот Лудуваат по тебе Чест ми е Ја споделувам со вас радосната вест Лудувајте по мене
Седни го исправено, со главчето нагоре. Како што цицаат од мајката, така треба да биде поставено. Вака како што ти лежи не може убаво да пие млекце. Спојлер: Вака