Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. minnie.m

    minnie.m Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2014
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    372
    :x Е за ова право во дирекција горе и отказ за дотичната,мислам потпишувале не потпишувале договор за дискреција не смее да каже ништо ама баш ништо.Мислам ,подоверливо нешто од банкарски податоци нема,побогу може некој и цела сметка да ти ја испразни или кредит да ти закачи.Не е ова за неа конкретно очигледно таа е само голема алапача ,ама не смее да се дозволи да некој од банка раскажува доверливи податоци за време кафе трач партија,аман
     
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Пред точно пет години, првиот биометриски пасош го искористив баш за роденденот.
    Полнолетството го дочекав на север.
    Годинава исто - новиов пасош ќе го сефтосам со еден роденденски продолжен викенд. Ама овојпат фаќам друг правец.

    Се надевам овој први мај ќе ни донесе многу сонце. Не само во метеоролошка смисла :)

    Отидов јас да уживам и пливам 8)
     
    На senza.parole, Dog-lover, bittersweet и 24 други им се допаѓа ова.
  3. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    11.189
    Допаѓања:
    136.038
    Не знам на кој му ги кажале твоите податоци, ама имав иста случка. „Несакајќи“ и кажале на мајка ми колку пари имам на сметка, колку орочени, па и рекле дека треба да и дадам за да го подмири нејзинио кредит!! Абе ало, кој им дал право на банкарски службеници да ми чепкаат по сметката и да и пренесуваат на мајка ми колку имам на сметка и што да правам со нив? Јас секогаш имам црн фонд за кој никој не знае, и нема што некој друг на светов да го знае! И нормално, парите си ги извадив и си отидов во дрга банка. И знаат зошто, оти драма им направив на шалтер. Ми беше мака што мајка ми мисли дека кријам од неа и сум себична, па морав да објаснувам дека мора некој да чува пари за „не дај Боже“ :(
    На темата, вчера ми беше еден од поубавите денови во животот, а заспав збунето среќна. Комплетно изгубена во времето и просторот. Мислам дека Харуки ми направи паралелни мисли и сега патам од него. Што да правиш, кога книгите ги живееш, не ги читаш.
    Инаку, денеска е денот кога јаките женски изглегуваат на тренерки и штикли. Да беше сончево, ќе беа на штикли и миничи по лозјата и нивите, ама зафрканција сеа :D
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  4. butterfly4

    butterfly4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2014
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    528
    ВАЖЕН ОГЛАС:
    Итно се потребни:
    -ЕЛЕКТРИЧАР - ДА ЈА ПОПРАВИ Струјата помеѓу Луѓето кои не Разговараат Меѓусебно
    -ОПТИЧАР - да го подобри Видот Меѓусебно.
    -УМЕТНИК -да нацрта Насмевка на Секое Лице.
    -ГРАДИТЕЛ - да Изгради Мир.
    -ГРАДИНАР - да одгледува Добри Мисли. .
    и на крај Математичар кој ќе не научи како да Сметаме повторно Еден на Друг... :(
     
    На Barca-Gril и GirlLove им се допаѓа ова.
  5. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.006
    Допаѓања:
    16.101
    Честит 1ви Мај...до година на викендичка со гоолемо друштво,да одмараме од напорната работа и да ја користеме платата за собиранка и покрај себе онај што го сакаме...денеска се задоволувам со фамилијарен ручек и YouTube

    http://www.youtube.com/watch?v=TpTBLpo2YaQ
     
  6. Madonna7

    Madonna7 Нов член

    Се зачлени на:
    26 април 2014
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    2
    Тажна сум....
    Имам голема грутка во грло и на срце....
    Сакам да викнам,гласно,до небото....
    Не можам.....
    Го губам човекот кој ме создаде...скршена сум од болка...од тага....
     
  7. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.298
    Допаѓања:
    158.181
    Утре ќе го средам ова. Само не знам дали да одам толку далеку да се жалам по шефови, се зависи од ситуацијата која ќе ја нечекам и како во моментот ќе бидам расположена.
    Ќе ја замолам сега пак да ми ја провери сметката и да види како стојат работите, а не да ме дискредитира на таков перфиден начин само за да си ја намири душата. Тоа се вика одбивање на реалност.

    Јас разбирам дека оговарањето е забавен спорт, ама некои работи ги преминуваат границите на толеранција. Ова е оговарање од инает со невистини, а не нешто неопасно, па се чуло, па се зборело...
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.413
    Пол:
    Женски
    Времето не е пречка за супер да си поминете за 1ви Мај ;) Какво сака нека е времето, на мене со другарките ми е супер. Надвор ако сака и град нека паѓа, цунами и торнадо нека има ние сме заедно, има јадење, добра музика и тверкирање. За мерак :*
     

    Прикачени фајлови:

  9. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    391
    Повторно ме нема некаде... И поради вчерашните случки, а и поради сонот од оваа ноќ... Се вратив назад во минатото, добив сѐ што сум посакувала, но само на сон. Во реалноста, ја изгубив онаа цврста девојка. Ја извадив емоционалноста, но само една личност може да ја види.. Јас самата. Посакувам да заплакам и да се фрлам во нечии прегратки, да почувствувам топлина во срцето.
    Зошто никогаш не сум добила прегратка? Се чувствувам празно, ги пуштам солзите да ме заробат во некој свет.. Ги слушам нивните удари по перницата, но не можам да ги сопрам..
     
    На Ketrin.Moon му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Anne15

    Anne15 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2012
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    245
    Пол:
    Машки
    Мхммм посебно ме радува ова скарава,делува навистина вкусна.Да направам некоја салата,ова она и да седнеме да јадеме.Е ова ме прави среќна,не ми треба мене којзнае што,сепак 1ви Мај е еден обичен ден.
    Ви посакувам пријатен ден!!! :hai: :* (и без многу пиење хаха ;) )
     
  11. LittlePinky

    LittlePinky Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2013
    Пораки:
    1.421
    Допаѓања:
    4.392
    Пол:
    Женски
    Денес сум ко стара баба.. Се ме боли, дури и стомачните :worried:
     
    На ColoursOfTheRainbow му/ѝ се допаѓа ова.
  12. RockNroLLGirL

    RockNroLLGirL Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    1.597
    Допаѓања:
    5.751
    Пол:
    Женски
    мразам презентации :@
     
  13. WaffleGirl

    WaffleGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2014
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    1.046
    СДК ме болат нозевее! :roll:
     
  14. missfortuna

    missfortuna Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2014
    Пораки:
    404
    Допаѓања:
    171
    Никаква дискреција и никаква кутура. И покрај тоа што си прават муабет еден со друг вработените за клиентите, кога ќе излезат од работа на секого му кажуваат за твоите приходи, па уште таму и пред тебе од еден на друг шалтер се развикуваат демек не знаат, па се прашуваат пред цел град собран во просторијата секој со различни барања, ама никаква култура.
    Што има да се дерат брее, па не мора тој до мене или зад мене да ги знае моите примања, не мора да ги знае моите барања, кредити и сл.
    Никакви луѓе, празни, изгорени да дознаат за другите што можат повеќе, завидливи и прости, уште буџетот да ми го прават и да го живееат мојот живот.
    Имаш право на жалба, ама за џабе ќе да е, на тој вработен само опомена ќе му дадат и ќе продолжи пак со истото.
     
  15. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Сакам денови како први мај, сакам денови кога семејството се собира и заедно јаде и пие, се шегува, кога се чувствува онаа пријатна топла атмосфера. Некои истото го прават со друштвото, но според мене незаменливо е семејството на вакви денови, поготово што со оваа динамика која ја носи животот, стануваат се поголема реткост ваквите денови. :)
     
  16. Baby-bubu

    Baby-bubu Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2014
    Пораки:
    1.626
    Допаѓања:
    13.308
    Пол:
    Женски
    Дека бродов Панини во Велес е најодвратнто место во животов кај што сум била. Прво не маткаа дека сме немале закажано. Влегов во сите можни врати за ме најдат на тој ебаниот список и на крај ме најдоа. Чекавме 10 минути внатре само за да ни кажат на која маса сме, додека келнерот си одеше од маса на маса и си ги броеше гостиве, за да на крај ми каже дека јас сум требала да му кажам дека ни било резервирано за надвор. А предходно му напоменав најмалце 4 пати. Се спастривме после пола саат и на крај јадењето. Луѓе немате појма колку влакна најдов. Мислам дека немам толку на косава колку што имаше во месото и лебот. :puke: :puke: Го викнав дечкото и ми вика а може паднале, незнам јас во кујна што прават. А чиви се влакнава? И му викам мои сигурно не се. И ми вика и сега што да правиме? И сакав да земам тоа месото и лебот у уста да му ги напикам и да ги јаде он. Глупак. А и најјакото го заборавив, порачавме ПОМФРИТ и ни донесе варен компир пресечен на парчиња. Кога го прашав што е со компирот ми рече дека бил ПЕКАРСКИ компир. Има таков или чоекот си бладаше?! :?: Значи немојте да се зезнете да идете на бродот, за да не бидете почестени со влакна и пекарски компири. А тоа што не сте воопшто сигурни дали седите или ќе припаднете во тоа водат у секој момент е друга прича.. :x Сега и никогаш више! :!:
     
    На SparkyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Pirana

    Pirana Популарен член

    Се зачлени на:
    25 март 2012
    Пораки:
    612
    Допаѓања:
    1.507
    Многу ми е смешно кога луѓето користат ретко употребувани зборови во своите текстови или додека зборуваат, со цел да ја истакнат својата интелигенција и докажат колку се они стручно потковани.
    Факт е дека не сме сите на исто интелектуално ниво, но јас ако употребувам `зборуваат` наместо `говорат` како во примерот погоре, тоа не ми ја скратува интелигенцијата и обратно.

    Ова ме потсеќа на рококо стил, кичерај невиден кој воопшто не го сакам.
    Човекот пишувал, пишувал, пишувал и текстот визуелно изгледа многу убаво, а уствари нема никаква поента. Луѓето што не можат да ги разберат сите зборови се воодушевени и го сакаат, мислејќи дека си кажал нешто многу паметно, а вистината е дека ни авторот не се разбира себеси.

    Некои од што се трудат да испаднат паметни, не разбираат дека повеќе одат накај смешни со нивното докажување. А оние што им се диват, ги обожаваат и им даваат громогласен аплауз за секој нивен изговорен термин ми се посебна категорија...
     
    На sweet-cherry, sweet-star, SparkyAngel и 10 други им се допаѓа ова.
  18. OmniaVanitas

    OmniaVanitas Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2012
    Пораки:
    1.456
    Допаѓања:
    1.478
    Оние кои пишуваат и даваат совети, сериозно треба да се преиспитаат по што имаат (си купиле) диплома. Оние на кои им разбира умот нагласуваат дека советот доаѓа од корисник, а не од стручно лице. А останатите не знаат ништо, пишуваат од она што слушнале и не се експерти на тема и се оние кои се најмногу читани и нив ги слушаат сите. За жал, читателите кога се жалат од послушаното, повторно бараат совет од овие првиве и така се во круг. Исто како кога ви требаат сметководствени услуги, а да ги барате од второоделенец.
    И зошто воопшто барате совети кога сепак ќе си направите по ваше?
     
    На SparkyAngel и mims-89 им се допаѓа ова.
  19. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Во последно време фемина ми стана мојот „издувен вентил“.
    Ми се чини ако не напишам тука се што ме мачи, ќе си пукнам во кожата!

    Денес во главно беше прекрасен ден. Се дружев со моите три најдобри другарки.
    Порано имав уште една. Една, ама она најверната. 12 години ми беше најдобра неразделна другарка.
    И си фати дечко и тотално ме отпиша од нејзиниот живот. Ми беше многу тежок тој период, се чувствував како дел од мене да се откина... Ама се навикнав.
    Ама тука не застанва животот. Овие три другарки сите се помали 1 година од мене. И сите во септември заминуваат на факултет во други градови, држави....

    И јас ќе останам тотално САМА! Имам дечко, да. Ама местото на другарките, дечкото не можи на никој начин да го пополни. Се плашам дека ќе станам тотално зависна од него, или тотално антисоцијализирана. Знам дека секогаш можам да најдам нови другарки и да се обидам да ширам познанства и сите тие работи. Ама факт е дека сето тоа е минливо. Овие ми се другарките од детството, оние кои ме знаат во најсирова форма.
    Стварно сум изгубена. Како помала мислев дека до сега ќе бидам веќе пронајдена. Која сум и што сум и каде припаѓам. Многу ми е тешко...
     
  20. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Прееска ме истушира еден автобус, па сега ми е криво што не си понесов сапунче со мене...
    [​IMG]
     
    На sweet-cherry, Golden, A-j-a и 8 други им се допаѓа ова.