Велат на илјада добрини едно лошо дело се памти, а јас на милион лоши дела една добрина памтам Зошто ли сум ваква 'обратна' ?!
Све почесто и почесто сваќам колку интернетот му штети на човекот,и колку сме заразени со мобилните телефони.Вчера решив да се олабавам од интернет ,телевизија и мобилен телефон,све ставив на игнор и искочив од сабајлето до вечерта надвор(шетање во парк)кафе во природа,јадење во ресторанче,секако со друштвото и позитивните луѓе кој ги имам покрај себе(затоа што решив све што е негативно да го бришам од мојот свет).Сватив дека животот е толку прекрасен и покрај сите лоши работи кој се случуваат во животот,и во државата и дека човек каков ке си го направи животот таков и ке му биде.Од вчера па натаму ке гледам максимално да си го користам слободното време за себе,за своето здравје,за уживање во природа,планини,возење точак,и уживање во тишината која природата ни ја пружа. За жал неможам преку недела да го баталам интернетот и компјутерот,затоа што тоа го работам и од тоа живеам.
Вчера необјасниво ми излезе suggestion за група на фејсбук: капа Александровка. Apparently, тоа е егзактна реплика на капата која ја носел Тодор Александров, наречена „тијара“, направена од врвни италијански мајстори. И apparently, некој помислил дека на светов и во земјава постојат луѓе (како множина, повеќе од еден) кои би сакале да имаат ваква капа и (можеби) да ја носат на главата. Еве како изгледа: За жал, на страната немаат слика од модел кој ја носи капата на глава, па во однос на тоа како таа уствари изгледа како моден аксесоар (или патриотско обележје) мораме да ја употребиме нашата фантазија. Да, добро видовте, капата чини само 1500 ден., ама тоа е мала цена да се плати за искажување на вашиот патриотизам, а ако ви се чини дека е скапо, не се секирајте - на секои (или како што пишува на странава, секоЈ) 10 капи, 11-тата е гратис! На страна од тоа што целава идеја за капава како нешто што некој би сакал да го купи (или да го носи) е траги-комична, тоа особено важи за сликава погоре, т.е. за распоредот на сликите и текстот. Авторот очигледно сакал со помош на капите да претстави и симбол на крст, несомнено за да ни испрати сублиминална порака дека ретко што на светов е попатриотско и помакедонско од капава. Арно ама, текстов, т.е. неговото позиционирање на сликава мене навистина ме потсети на крст, ама не оној кој е симбол на христијанството. Го приметивте ли и вие? Не? Епа... Спојлер: IT CANNOT BE UNSEEN Така да, да, сликава навистина испраќа сублиминална порака, ама не (т.е. се надевам дека не ) онаа која авторот намеравал да ја испрати.
Ми искинаа киселини во желудников. Сите негодуваат од што ми е, ама знам дека претерувам со јадење на претопла храна. Не чекам да се олади и ќе се налапам. Башка колку многу сирење имаше во њоките вчера просто на човек да му се поврати. Блу чиз се става малце не 200 грама. Али лаком гз трагедија не морав цело да го изедам. Недела. Ден за излежавање. Море колку за средување иам по плакар да ти е криво што не е работен ден Ме чека непријатна вечера. Понепријатна здравје. Па уште и поклон земав, но проклето ја сум воспитана. Што мајка бараше да ме викне бившава директорка не знам, глумење лудило ко мали деца. Мразам глумење лудило на 30 години. Нека и биде. Ја со тие 500 денари не се ни збогатив не се ни осиромашив.
Bender Rodriguez Swastika има многу подлабоко и поразлично значење од тоа што се прикажува. BTW Денес ми е 1год како сум на фемина
Понекогаш се прашувам дали сум нормална личност? Неможам или несакам да ги правам многу работи кои се сметаат за ок и ги прават сите нормални луѓе. Ве збунив и вас а?! Ај,подобро да си молчам...
Во животот сите сме фармацевти да знаете, зошто секој ден се растргнуваме меѓу антибиотиците и дијазепамите. и тоа не оние вистинските, туку луѓето преоблечени во нив.. Оти имаме луѓе ко антибиотици, кои идат кога тие сакаат на 12 , 24 часа, на два три месеци, а неможе да ги добиеш кога сакаш, оти нели рецепта ти треба за нив посебна.. А имаш и онакви луѓе дијазепамчиња, чие приуство те смирува, чиј допир те потсетува дека си жив, чија смеа ти ја враќа надежта во животот. Е тие се тука постојано, оти ти требаат, оти те обојуваат, оти ја бришат тагата и депресијата... И едните да се избегнуваат мора нели? Да не направиме резистетност, да не отупиме на цел човечки род, да не се загубиме некаде затруени од нивната немарност и нечовечност.....
Имам едни комшии, браќа. Билдери се, со ќелаи глаи и бесни коли. Се дружат со богаташи и мафијаши, кои секад се паркираат пред куќите на другите комшии, и од кога овие ќе се побунат, летаат закани. Јас на пример не се карам, туку седнувам на хауба, си ја отварам вратата од дома, па се качувам на хауба, си го зеам точакот у раце, си влагам у двор, ја клоцам колата за да запишти алармот, и си идам дома. И им оставам по некад писмеца дека се сељаци, и овие за да не останат покусо, ми го гужваат писмото, и ми го фрлаат на земја у двор.Оти сељаци, нели... А браќава, не се поздравувам со нив. Ни у очи не ги глеам. А они кога ќе ме видат, или трчаат директ у кола или као демек си забораиле нешто дома. Абе hilarious... Moral of the story...
Нови патарини еј... тие старите ги зголемија и нишо промена не направија околу дупките па уште ќе ставале. Маме ни ебавте. Цела западна Македонија е во дупки, спојките на мостовите да земевте да ги направите добро ќе беше ко за промена . Возиме цело време колите ги искршивме... они нови ќе ставале. Море да поцркате сите ... ќутете си сите идете си по кафичи и ресторани, они нека ставаат патарини па што....не ви се проблем партииите ни зајко ни грујо проблемот е шо вие на нишо не реагирате. Се ви е рамно. Овци!
Случајно налетав на една статија на фејсбук додека скролав. Само што го прочитав насловот ме здрма некое она непријатно чувство. Исто како пред скоро десет години(зарем толку години поминаа ) кога сѐ почна, секој проклет момент ми прелета пред очи. Времето си помина, последиците се уште присутни до ден денешен, и она малку што останало е доволно за понекогаш да ми пречи во секојдневието и да ме растревожи. ,,Ма батали ги, само не обрнувај внимание", ,,Нека зборуваат, не ги слушај што велат", ,, Игнорирај ги и не вели ништо" беа само дел од оние клише ,,совети" кои дополнително ме нервираа и не ми помагаа воопшто. Којзнае колку ноќи поминати во солзи, затворање меѓу четири ѕида, изолирање од луѓе, намалена самодоверба, анксиозност и комплекси, немање желба за да се оди на училиште, тој страв кога го поминуваш прагот од училницата и почнува агонијата... Кошмар за едно дете. Децата се најкревки суштества, најподложни на секакви влијанија од нивната околина. Да се справуваат сами со ваков проблем во најчувствителниот период, кога се развиваат како личности е најтешко. Ако имате помало братче/сестриче, братучед/а, внук/а или што и да е, и ако забележите дека има ваков проблем, реагирајте што е можно побрзо. Луѓе, не сте свесни колку многу ќе им влијае ова понатака. Најчесто родителите и професорите велат, деца ко деца, ќе заборават, ќе помине. За жал, има премногу такви игнорантни луѓе кои не се свесни за последиците од сето ова. Можеби децата нема да се сеќаваат на сѐ, со тек на време избледуваат сеќавањата, ама верувајте дека одреден процент од сето тоа се задржува во меморијата и низ годините ги мачи и не им дозволува да одат напред. Еднаш одамна на темава имам пишувано за моето искуство, нема веќе да должам и да се повторувам, само уште ова ќе го кажам: Ве молам, не дозволувајте да се случува ова на било кое дете, ако сакате да може да живее нормално без страв и ниска самодоверба.
кога ќе ме нема, направете журка, секако сите ќе се радосни заради мојата смрт. само две очи искрено ќе плачат по мене, на син ми. можеби и тоа ќе биди наскоро барајте дџ
Зошто вакви мисли мила?? Знаеш ли колкава болка е за дете да ја изгуби единствената најискрена љубов и потпора на светот-мајка си?? Ти кажува дете кое на 23 години ја загуби својата и уште пати за неа. Држејќи ја додека умираше на моите раце и подоцна држејќи свои деца во тие исти раце, единствено во што се заколнав е дека што и да ми донесе животот, каква и болест да е ќе ја победам и по секоја цена ќе се борам да бидам жива и тука засекогаш за нив!! Ништо и никој не е вреден по цена за твојот живот, а тие очи на син ти не смееш и немаш право да ги насолзиш, не!! Ајде попозитивно, знаеш колку си благословена што си мајка!? Во склоп на ова - мајки, среќен ден на мајката.
Кога имаш место на кое стално се враќаш,тоа е дом,кога имаш некој да сакаш,тоа е семејство,а кога имаш и едно и друго,тоа е благослов.