Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.487
    Допаѓања:
    55.090
    Пол:
    Женски
    Може да имате 10 дипломи од најперспективни факултети,но ве молам никогаш не заборавајте ја онаа скромна диплома-како е да се биде човек пред се.
     
    На mssuniquee, crazylady, carangigia и 38 други им се допаѓа ова.
  2. "Zoki"

    "Zoki" Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    9.127
    Пол:
    Машки
    Ме боли грлово дали за пиво или од пиво:rofl::rofl:
    Шууу е работава.
    Бабеее дај некој лек @baba Rada.
    Што викаш за млеко да не е:rofl::rofl::rofl:
     
    На N.2106, EMoonlight, fallenangel и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.755
    Допаѓања:
    14.480
    Пол:
    Женски
    До која линија смокритичноста е добра особина, а преку која линија преминува во лоша?!
    Секоја моја постапка ја вагам до бесконечност, по секој настан си го одмерувам однесувањето, секоја донесена одлука ја преиспитувам по илјада пати... Ахх кое измачување! И потоа цела ноќ не ме фаќа сон, затоа што секоја грешка си ја повторувам во глава безброј пати...
    Сето тоа, вклучено со предимензиониран страв за идни неизвесни и работи за кои песимистички го предвидувам исходот- го сочинува пеколот во мојот живот!
     
    На EMoonlight, Lady Phoenix, Anabelle.Amorette и 3 други им се допаѓа ова.
  4. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.101
    Пол:
    Женски
    Ми значи прегратката од татко ми денеска, се расплакав им велам што ќе си праам без вас. Многу сум приврзана и не можам ни да си замислам такво нешто.

    Од друга страна без нивна прегратка не легнувам, а ако легнам како да ми недостигаат.

    И ова го пишувам со солзи во очите од радост што имам такви родители.:inlove:
     
    На crazylady, cresa-jagoda, EMoonlight и 18 други им се допаѓа ова.
  5. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.320
    Допаѓања:
    158.403
    Присуствував на една од потажните свадби, уствари на прва тажна свадба на која сум била. Плачев во себе.
    Да не се разбереме погрешно... свадбата си беше повеќе од весела, привидно весела.
    Тој се ожени за некоја која не ја сака.
    Не дека е мој (другар), ама ако добрината има лик, тоа е тој... ама без смелост.
    Не се погодија со вистинската никако. Вистинската му е со прстен на рака исто така, барем од она малку кое го знам...
    Се знаеа од деца. Од клупа во школо. Се запознаа филмски. Специфично е до толку што секој кој ги знае би ги препознал. Преромантично, преубаво...пренаивно, па мислам дека ни во најчизи љубовен филм го немало.
    Таа се плашеше од животот и беше како Бамби, ранета, но и храбра. Не му се препушти зошто се плашеше да ја сакаат безкомпромисно, си ја сакаше слободата и го чуваше за некое подобро време.
    Растеше, а тој ја чекаше.
    Имаа други, ама толку се сакаа што само платонски се гледаа и си простуваа се молкум. Толку ја почитуваше што не се осуди да ја бакне...го храбрев, но не... ја чуваше како чевли за посебна прилика, за овој ден кој денес му се случи.
    Убава негова по пижами трчаше по Охрид избегана од кај дечко и за да му заспие во скут. Никој не ги разбираше додека тој и ги собираше сите безвредни црни шноли кои и паѓаа од косата додека му спиеше во прегратки и луѓе мои и ги чуваше...сите до една, за спомен, за секој случај, за не знам што, и ги чуваше. Се разбираа, на посебен начин. За другите беше лудост. Они ја знаеа убавината на изгрејсонце низ отворени балконски врати и синилото охридско.
    Не собраа храброст. Цела храброст им се стопчи во округлуото тигрово око кое и го поклони.
    Кога негова убава собра храброст засекогаш да избега кај него штитејќи го од повреди и нејзината тогашна врска, тој реши да ја избрише од животот и да се даде на просечното токму тогаш, а ден претходно и рече - она не ти е ни до пола и никогаш нема ни да биде. Небитно, суетата ја изигра главната улога...
    Пред месец ми се јави убава да ме праша - ме спомнува ли? Го сонувам без причина периодов, мислам дека ме мисли и сака нешто да ми каже.
    Немав што да и кажам...не сум јас таа... не ни знаев дали имам одговор и судбинска улога која можеше да создаде хаос. Реков - па се жени... не знам што да ти кажам... Да заслушав убаво можда и ќе слушнев како и го скршив срцето. Ми рече само едно ааааа...па добро...со истата?! Велам, да. Рече само, знаев, чувствував, видов дека ***** спрема свадба ( другар му) и нешто почувствував. Завршивме со обичен муабет.
    Не знам дали го сака и не знам дали е среќна, ама знам дека ова е најтажната љубовна приказна која ја знам. Колку ли вакви приказни има?!
    И така...
    Ова беше најтажната свадба која ја видов. Оваа можеби не е лоша, но е храбра. Ја спаси и неа од глупости ама не е убава негова...
    Таа што го бараше дома кога му го рушеше светот, а и тој нејзиниот.
    Понежна и поискрена љубов од оваа не знам дали се случила...
    Убава нема да ја замени ништо. Ја познавам. Не само што е убава од надвор, туку и од внатре. Тој ме разочара и навивав за промена до 90 минута зошто му го знам срцето... ама тој си е, таков си е, нема храброст...колку и да го сакам мора да сум реална, таков е...
    Моралната дилема уште ми стои дали требаше да одиграм клучна одлука...ама претшко ми е своето за да се мешам во туѓото.
    Таа со убавина на срна верувам дека ноќва и е најтешко додека ги гледа фотографиите од кај неговите другари. Јас нема да објавам ниту една... протестирам тивко и сум бесконечно тажна како да ми се случува мене.
    И ако беше скршено барем да ја одболуваше и да најдеше друга која ќе му го разнесеше светот како неа, макар на 40 години.

    И се ова ми има призвук на говорот на попот на погреб после прошталната молитва... се е илузија на овој земен свет... па се прашувам кога вистински умираме? Многу порано пред са не закопаат за да се вклопиме во туѓата структура и очекувања. Стравот, стравот не уништува. Да не останеш сам, да не не најдеш подобро, да не е ова тоа кое веќе па и те гние од внатре.
    Вака се прават животи од типот ок ова е тоа иако не е тоа тоа, имаме дете, па она ме замара страшно, ок со неа сум за децата, најдпв друга која ме потсеќа на мојата недостижна љубов од младоста, изневерува...и приказната може да заврши во различни правци.

    Сум била на тие мрачни места. Да не се голтнев себе си и не ја истрчав Ленинова за да се скријам во овие прегратки, како неа по Охрид, ќе бев на лошо место, многу лошо место...
    Кога ќе се замислам...она беше цело време храбра и чекаше...да и покаже дека е до толку храбар за да ја заштити од се со што се бореше.
    Ќе умрам од грижа на совест. Го прашував од околу...но не сакаше ни збор по темата. Ја видел зимата од далеку, сељачки свртел поглед, ама го кажа со едно такво криво во него што направил така, ама изговори, ама па она не ми пријде, а ме виде. Па секако нема шутрак кога си се свртел...
    Колку ми горчи. Многу. Ама одговарам само за моето да и мојот прстен...ничиј туѓ. А не сум ни господ да си поигрувам со судбини...

    Собирајте храброст додека е време. И да испадне ружно, барем нема да го поминете остатокот од животот во каење...
     
    Последна измена: 15 мај 2017
    На Peperutce1115, Kimora, mssuniquee и 87 други им се допаѓа ова.
  6. bokace

    bokace Популарен член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    1.638
    Допаѓања:
    5.983
    Пол:
    Женски
    Почивај во мир мила Чадорче...

    Жално .. немам зборови ... ;(
     
    На cresa-jagoda, EMoonlight, Rama и 9 други им се допаѓа ова.
  7. Stories

    Stories Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2015
    Пораки:
    167
    Допаѓања:
    1.514
    Пол:
    Женски
    Летни со чадорчето и пронајди го мирот што го бараше.
    Душа полна живот,така згасна.
     
    На cresa-jagoda, EMoonlight, Rama и 9 други им се допаѓа ова.
  8. samovila.red.

    samovila.red. Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2015
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    188
    Пол:
    Женски
    Сдк... Зошто оваа да се случи, не е фер, се вознемирив, сега не можам да спијам. Жално премногу, дури не ми се верува што прочитав, ја нема повеќе Чадорче. Иако не ја познавав лично, ја читав кога имаше проблеми / несогласувањата со дечкото од друг град, како и велеа да замине странство, да ја проба среќата...Со нејзините изработки што ги правеше, кога ги препознавме некои членови, некои сами се открија. Сеуште не ми се верува...ќе ми останеш во сеќавање како мила личност, со многу чувства и емоции кои беа напишани тука... Почивај во мир, Чадорче :u:.
     
    На cresa-jagoda, galapce, EMoonlight и 8 други им се допаѓа ова.
  9. *Amethyst*

    *Amethyst* Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2016
    Пораки:
    1.785
    Допаѓања:
    9.940
    Пол:
    Женски
    Се сеќавам на утрото кога ти дојдов во болница, те немаше во креветот а знаев во каква состојба си, жената до тебе ми рече дека не ти е добро дека повраќаш во вц се стрчав да ти помогнам и од таму излезе цела изнемоштена, слаба, малечка со очи како на некое мило животинче исплашено. Ти ги фатив малите рачиња и ти помогнав до креветот. Не ми беше пријатно што имаше тешкотии во дишењето, на било кој начин сакав да ти помогнам.
    И ми ја фати раката ми рече дека си ме замислувала дека сум плава и дека не изгледам за моите години. Се насмеавме слатко зашто истото и за тебе го мислев. Очињата уште ти светеа. Ми рече ке се избориш и со ова дека ова не е ништо, ти верував/м.
    Почекав да се смириш за да можам да продолжам со праксата кога ти реков дека пак ке дојдам ми кажа дека сакаш дома да си заминеш, и тогаш чинам го реков муабетот “Дај боже да не те видам тука веќе, туку на подобро место“...
    Сите идеме натака на тоа подобро место на кое ти пристигна прва од сите нас тука, ке се сретнеме на небесата, таму нема болки, нема страдање, нема ништо непријатно.
    На смртта гледам поинаку, но физичкава реалност е таа што ме боли и ми создава немир и плач и на очи и во душа.
    Сега си на поубаво место мила, таму кај што има топлина и бескрајна љубов.
    Ти си херој, знаеш дека си и ние сите тука знаеме дека си. :l:
    Чадорке, летај сега кон небесата, рашири ги крилјата, само светлина има таму, впиј ја целата и блесни како сонцево што блесна утринава, блескај над сите нас.
    Никогаш заборавена @Umbrella22 :l:
     
    На IronLady, Dreams11, macka91 и 70 други им се допаѓа ова.
  10. macencef

    macencef Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    2.125
    Допаѓања:
    3.170
    Пол:
    Женски
    Срцка моја, таа те гледа од горе и вервај се гордее со тебе. Јас кога го изгубив дедо ми, макар што нема врска - последно го сонував каде му ги бакнувам рацете. Знам дека таму е и ме чува. Кога и да се насекирам мн секогаш го сонувам како жив. Како помлад од она што јас се сеќавам. Луѓето умираат кога ќе се заборават.
    Многу бев даун, премногу бидејќи сум самохрана мајка и буквално 17 години барам некој да ме бендиса минимално, и сношти конечно се откажав од кога повторно доживеав комплетно фијаско на тоа поле. доста е. на син ми му требам здрава и жива. вчера за малку на инфузија од нерва ќе завршев две супи испив за да ко кренам малку притисокот.
     
    На eli25 и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  11. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.203
    Допаѓања:
    106.294
    Пол:
    Женски
    Мила, најважниот наж во твојот живот го имаш до себе и те сака максимално!
    Тоа е благослов кој не секоја жена може да го има!!!
    Ниеден друг маж, ниеден, не заслужува макар солза твоја, не па вакви сценарија!!!
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.740
    Допаѓања:
    80.094
    Пол:
    Женски
    Ја отворив темава и што читам... тага, болка, празнина. Не ми требаше многу време за да дознаам што се случило. Се растажив многу. Ќе ми верувате ли ако ви кажам дека дури и неколку солзи ми се стркалаа по лицето иако не ја познавав девојката? Единствена допирна точка ни беа само лајковите, единствено што знаев беше она што таа го пишуваше а јас го читав. Не ја познавав, но навистина ми е жал.
    Таков е животот. Денес може да не има, насмеани, позитивни, полни живот, а утре да се претвориме само во спомен. Сурово е. На сите ваши блиски кои се живи, посветете им време, внимание и љубов. Многу ќе ви биде криво на крајот што тоа не сте го направиле на време...
     
    На Angie24, Dadusicka, cresa-jagoda и 6 други им се допаѓа ова.
  13. LBC

    LBC Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 март 2017
    Пораки:
    381
    Допаѓања:
    4.313
    Пол:
    Женски
    @Lilit тоа што го напиша звучи на приказна или во најмала рака книга или филм. За жал, неретко истите тие се и вистинска приказна. Ме потсети на чичко ми кој го немам видено 22 год. И многу се нервирав кога ќе отидев на свадба од на чале фамилија и обавезно еуриќи од жена му летаа од него демек нарачана проклета је Америка. И сите плачат, упропастуваат свадба. Наравно, не ни планирав тој филм да го гледам на мојата свадба па не ги поканив а реално немав ни кого од нив да викнам. Што уствари е причата...!?
    на времето чичко ми се сакале со некоја негова девојка многу. љубов без граници, без почеток и крај, барем навидум. пет цели години.... за наеднаш да се скараат за некоја банална глупост. нешто просто, да се чудиш дека воопшто за тоа се разделиле (велат немало некоја друга позадина). од инат за неколку месеци (не повеке од три) се жени со стрина ми. Таа другата плаче. Но инатот не им попушта. се жени и добива син. После една година уште еден син. втората година заминува за Америка да работи и од тогаш има само 2 пати дојдено. Го видов пред да оди зашто од кај нас отиде на авион. 22 години. 2 пати само. синовите кој во една држава кој во друга...а жена му со свекор и свекрва седи цел живот. веќе ни на тажна не изгледа од што навикна на живот без маж и деца. буквално ја казни неа за другата...
     
    На cresa-jagoda, Rama, mira.mira и 5 други им се допаѓа ова.
  14. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.315
    Пол:
    Машки
    Неможам да останам рамнодушен кога ке прочитам дека некој починал,а уште повеќе ме боли кога се работи за млад живот,иако многу членови/ки не ги познавам лично тука,но сакате верувајте сакате не,постовите кој ги прочитав сега ме расплакаа,ми го наежија телово,душава ме заболе.Почивај во мир млада девојко,Господ да ти даде најубаво место на небото,каде што нема тага и болка,и бакни ја мојата МАЈКА кажи и дека еден ден,ке се сретнеме горе пак и ке бидеме вечно заедно.
     
    На IronLady, Dadusicka, samovila.red. и 18 други им се допаѓа ова.
  15. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    6.183
    Допаѓања:
    50.630
    Пол:
    Женски
    Премногу се изненадив за Чадорче, во голем шок сум.
    Редовно ја читав Господ ми е сведок, беше мила, позитивна тоа го приметив од постовите, ама незнаев дека е толку болна:(
    Многу се изненадив само што станав отворив фемина и што да видам милото Чадорче повеќе ја нема ;(
    Ах девојче почивај во мир. Дај боже во царството небесно да го пронајдеш твојот мир и спокој.
     
    На EMoonlight, Rama, Salome и 4 други им се допаѓа ова.
  16. Jason123

    Jason123 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2012
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    3.168
    Цели 3 години на Пелистер, а веројатно и во други национални паркови се наплаќа рампарина. Поентата за наплата беше дека во цел свет се наплаќало и дека парите ќе се реинвестирале за проекти и одржување во паркот.
    Знае ли некој каде завршуваат наплатените пари, колку се досега собрани и дали нешто е инвестирано со нив овие 3 години? Да е направен досега некој проект не сум виделa, ниту сум забележалa некој ангажиран да го одржува паркот. Или како и се во државава, си течи наплатата по инерција и никој не дава отчет за ништо...
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.118
    Допаѓања:
    163.745
    Пол:
    Женски
    Толку е тажен и црн форумов денес... нема соодветни зборови :( :u:
    Иако само виртуелно ја познавав и одамна и ја немав читано во темите што ги читам, сепак многу боли...

    Се сеќавам пред повеќе од 4 години, додека уште не пишував ништо содржајно, туку постови на кои дури си се смеам сега кога ги читам - таа ме поздрави и ми пиша дека сум ѝ оставила впечаток, дека ме чита и сум ѝ мила...
    Тогаш негде после одреден муабет ја имав честа и барем виртуелно преку слики да ја запознаам... Мило, нежно, кревко суштество полно со љубов, добрина, трудољубивост :l:
    Додека цел живот горела во здравствени и финансиски проблеми, секогаш била подготвена да помогне... Памтам најмногу од постовите во СДК додека редовно ја читав ѝ беа за волонтирањето во Црвен Крст, за тоа колку корисна се чувствува кога помага некому... И вчера кога ѝ го отворив фб профилот во надеж дека се работи за некоја грда лага, споделен апел за помош на некое загрозено семејство ѝ е еден од... последните постови :u:

    Толку ми е криво што изгубивме контакт, што не ја читав во +/-40 катчето, што воопшто не разбрав за нејзините сериозни здравствени проблеми и ниту два-три реда зборови за поддршка не ѝ испратив... ;(:u:

    Толку е тешко да се напише ова... Почивај во мир мила Амбрела ;( ;( ;( :u:
     
    На Lella, Ginger^, cresa-jagoda и 35 други им се допаѓа ова.
  18. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    27.411
    Пол:
    Женски
    Почивај во мир @Umbrella22 . Не ја познавав лично но се пронаоѓав во постовите нејзини и неколку пати си имав ме пишано ЛП. Жално. :u:
     
    На EMoonlight, Rama, Feminka192 и 4 други им се допаѓа ова.
  19. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.978
    Допаѓања:
    219.600
    Пол:
    Женски
    Се додека гаснат млади животи ништо не е важно. Не е важна ни владата, не се важни ни премиерите ни претседателите, ни ироничнните статуси низ фејзбукот што кружат, ниту здраството што за огромна жал на скоро никого не е од корист, ни арогантноста, ни оговарањето ни људско, ни исмејувањето и плукањето по народот, ниту лицемерието, ниту моќта, ниту се живо и диво што кружи низ нашиот свет.
    Ништо не е важно и ништо не може да ти удри таков огромен шамар како смртта. Смртта на бебињата, смртта на мајките, на младината луѓе.
    Зошто?!
    Зошто секојдневно гаснат животи?
    Зошто луѓето се толку злобни?!
    Зошто ништо не ни фунционира како што треба?!
    И додека сите телевизии се хранат со надмоќот, додека сите телевизии и луѓе се препираат, шамарат и газат се што ќе најдат пред себе си, и додека главна тема на нашите цуркузи низ тв се врти околу премиерите и сите тие луѓе невините луѓе и младите луѓе секојдневно ги носат до гробот.
    Дали спиете мирно сите?
    Дали мислите дека основна преокупација ви се вашите глупости и вашето људско лицемерие луѓе да ве праша човек?
    Каде се телевизиите да соопштуваат вакви важни и трогателни вести?
    Или поважно е да гледаме кој каде се надмудрува?!

    Почивај во мир пријателко наша.. почивај во мир бебенце најслатко.
    И нека почиваат во мир сите споделени и несподелени стории на овој свет.
    Нека помина ова.
    Нека не одмине сите.
    Да научиме да бидеме луѓе.
    Се е пролазно АМА СМРТТА НЕ Е!!!

    НЕКА ВИ Е ЛЕСНА ЗЕМЈАТА АНГЕЛИ..
     
    На mynameislove, cresa-jagoda, sweet-cherry и 26 други им се допаѓа ова.
  20. tina-63

    tina-63 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2012
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    1.694
    Пол:
    Женски
    Греота,жално,болно до немај каде
    Почивај во мир драга Амбрела.....
     
    На EMoonlight, Rama, ♡BuBaLe♡ и 1 друга личност им се допаѓа ова.