Има место и време каде што не мораме да покажуваме колку сме силни. Не само што не мораме, туку и не треба. Ама ете, животот не учи да се бориме, да не покажуваме слабост, да не дознае некој дека патиме. А некогаш мора. Човечки е да те боли. Да ти е преку глава од светот. Да сакаш да си ти најважната личност во сопствениот живот. За да не стане предоцна и за некој друг, почитувајте и сакајте ги другите, ама и себе. Подеднакво, ако не и повеќе. Бидејќи најчесто тие што имаат љубов за сите, забораваат за сопствените потреби, или ги задоволуваат само физичките.
Кренав ролетни да влезе светлина во соба, бар малку мраков да го ублажи. А може ли нешто да го ублажи мракот на црната земја? ... Сите сме гневни. Сите мислиме дека сме можеле да направиме повеќе. Сите мислиме дека и сите други можеа да направат повеќе. Во суштина сите само мислевме. Читајќи ја и читајќи ве, сите сме сложни дека сите потфливме. И институции, и семејството, но и ние. Секој на свој начин потфрлува. Но денес неа веќе ја нема и нема да ја има повторно. Па не ни вредат веќе тие коментари што сите не подгризнуваат од внатре. Денес треба да прифатиме дека секој од нас на овој свет доаѓа со 2 датуми. И само некогаш, колку и да е тешко, датумот на заминување не може никој и ништо да го смени. Денес дајте, место да обвинуваме и да бараме виновници, нека Амбрела на сите ни послужи како инспирација. Скромна, млада душа, со тешки здравствени проблеми, сепак со свое секојдневие, со свои желби и соништа, борец, хуманитарец, кој ниеднаш од ништо не се откажа. Има ли нешто поголемо во животов од тоа? Да носиш тежок товар, а истовремено да му пркосиш на животот со креирање свои планови? СДК дека Амбрела на сите треба ни биде потсетник, за она што ние здрави и прави можеме да го направиме и за кое не се бориме доволно поради наши глупи причини и недоволно добри изговори, навикнати да се жалиме постојано... додека таа со тешка планина на грб, правеше се! Шејм он ас. Кога ќе посакате нешто да направите што ве прави среќни вас или некој друг, а отстапите од истото, со изговор дека има време... дека може да почека, дека не е толку битно... Запомнете: Се што ве прави среќни е и те како битно. Се што можете да направите за себе и за другите е битно. Зграпчете го моментот, зошто нема да се врати пак. Пуштите го она што треба и сака да си замине и оставете простор за она што допрва доаѓа. Не кочете! Живејте за моментот. Моментот е денес и сега... утре, некогаш се чини многу далеку. Пред раката на животот сите сме немоќни, мали и кревки. Искористете ја секоја шанса што ви се нуди. Мој наклон душо добра. Почивај во мир Амбрела.
Животот некогаш е убав, некогаш суров, некогаш розов некогаш син, трнлив, мазен но секогаш е убаво да си жив. Можеби не е прекраток, колку што можеби незнаеме да го исполниме и во она онолку колку што ни е дадено од Бога. Можеби не би било живот ако нема во луѓето злоба, интриги а можеби па би било пресовршено без нив. На постов ме наведе денешното дознавање за еден млад згаснат живот, прочитани постови колку сме покајателни и хумани кога треба кога сакаме, колку проработува во нас совеста, покајанието и колку ги согледуваме добрините или надежта дека ја имало во животот на веќе згаснат цвет. Истото е и кај мене па би рекол слободно и кај сите па и за се во светот. Тоа е, вредноста доаѓа секогаш по згасување на сонцето. Тогаш ја осознаваме потребата дека ни фали макар и најслабиот сончев зрак.
Крајно разочарана, скршена и тажна од веста за нашата мила Umbrella. Лута сум и гневна затоа што во уште еден случај се потврди колку само не е фер животот спрема добри личности кои заслужуваат само убави нешта. Не сакам да верувам дека оваа е само уште една Божја неправда повеќе би да се утешам дека Бог покрај себе ги зима само ангелчињата со чиста душа и срце како што беше нашата мила Чадорче, искрена во радоста, тагата, болката... Почивај во мир душиче...
Сакам убаво да ми е се', ама знам дека така не може, знам дека треба од лошо да си поплачам, па да научам дека за ништо не треба да се плаче, туку само да се научи и да се премолчи, да се порасне и да се победи поразот со нова победа, да создадам свој свет и го обојам во омилената боја, сакам убаво да ми е се', ама знам дека така не може, затоа што за убаво да ти е се', треба да научиш да живееш со неубавото и да ја гледаш само убавата негова точка, макар била зрно.
М И доаѓа да викаам од дно на душата да викам и викам,да пишувам и пишувам..... И наеднаш снемувам глас и зборови Се си мислам ќе напише нешто ќе стори абер.....неможам уште да верувам...не не и не Боже господи....Зошто девојчето не ги доживеа убавите денови кои ги имаше замислено.....
Сакам да кажам дека сакам да живеам во 90тите. Музиката била убава, модата била убава, луѓето биле убави. Сега не знаат да направат песна што ќе поттикне чувства како таа од тоа време. Одење по рок концерти, свирки, збирање во лето во парк со гитара. Без телефони и без технологија. Уживање во младоста и љубовта.
And as we wind on down the road Our shadows taller than our soul. There walks a lady we all know Who shines white light and wants to show How everything still turns to gold. And if you listen very hard The tune will come to you at last. When all are one and one is all To be a rock and not to roll. And she's buying a stairway to heaven...
Ноќва се чувствуам емотивно слабо и тешко ја поднесувам тишината и празнината во станот. Викнав една колешка/другарка да дојде на спиење, ке учиме заедно вечерва. Утре не знам како ке полагам, не сум паметна овој ден.
Прости ми Тато за сите лажни успешни операции што ти ги кажувам но морам да ти дадам воља дека се ќе биде во ред. Неколку и се вистински и знам дека ти ќе бидеш супер и ќе бидеш со нас три уште долго. Ноќва нема да спијам од страв за утре ама ти ќе бидеш добар го знам тоа.
Ех моја драга СДК, стравот живи ќе не изеде. Поголема вистина од ова нема. Ти ги грицка прстите, косата, мислите, мозокот, чувствата, срцето. И дур да се свртиш во огледалото нема никој. Не живее, се крие. Молчи, осамена. За момент да свртиш поглед млекото може да претече. И кога трчаш по скали можеби побрзо ќе се искачиш, но секунда е потребна да паднеш. Животот е како една бесконечна патека по која треба да се искачуваш. Нема одмор. А јас се изморив некако деновиве. Сакав да бидам од се по нешто. И брзав, што треба и не треба. Вечерва оставив се, пуштив музика ама мозокот не одмара. Нека, подобро е така. Празнината ги јаде и спомените. Зарем не е ужасно страшно да не се сеќаваш? Сакав да кажам, се испраќаме, се мислиме, се надеваме. Погледнувам во часовникот, во телефонот, се чекаме. Да се слушнеме дека сме добри, дека сме стигнале безбедно, дека се е во ред. И ќе дишиш добро ден, два, недела... и потоа повторно борба. Живот. Шарен.
Морав да го споделам оти како мисли да ми прочита. Морав зошто овие луѓе - прибежишта го заслужуваат тоа, нели?