Луѓе сериозни сте со веста за Чадорче? Не ја познавав,се читавме и лајкнувавме понекогаш..иако ништо незнаев за неа,сепак се потресив сега кога прочитав.. Жалам,жално е да згасне млад живот,посебно што ете се мачела така до последно болна...да се молиме да го пронајде својот мир на небото..
Девојките ме бараат поради 3 причини - Херба лајф - Лионес - Животно осигурување Сите сакаат да им ги дадеш парите никој неќе да им го дадеш времето. А со времето идат : длабоки разговори, прегратки, Љубов, разбирање, грижа, сочуство, мотивација, сослушување,држење за рака .....се постепено се града и вплетуваат две души кон едно .... а тоа со пари не се купува тоа нема цена. ама кој што бара ....
Драги форумски пријатели! Овој тежок ден, кој осамна со трагичната вест за загубата на драгата ценета членка umbrella22 беше обележан во нејзина чест и спомен. Поведовме и иницијатива за да донираме средства за нејзиниот вечен дом, но бидејќи темата не е достапна за сите членови, сите кои сте заинтересирани за донација,контактирајте ја @duffi. Контактирав со нејзиниот несуден иден сопруг, и неговиот брат ни се обраќа на сите тука во негово име: Го цитирам: На 15 мај сите ние плачевме, ни беше тешко, се запрашувавме зошто на добрите луѓе им се дешаваат вакви случки?, дел од нас беа револтирани, дел од нас бараа одгoвор од бога "зошто господе зошто баш таа ", а пак други се молеа . Само тој се радуваше зошто нашиот ангел Амбрела одлета крај него и со топла прегратка ја пречека крај себе. Tаа беше ангел и на земјата, таа беше тука да не ислуша сите и да бара со нас решение таа беше тука за сите нас, колку и да беше слаба таа беше цврста потпора за мојот брат, за мене, за нејзиното семејство, па се надевам и на сите вие кои ја читате оваа порака.Тука сме да сватиме дека секој нареден ден што го живееме е дар од бога и дека треба да си помагаме без разлика на раса, пол и националност, без разлика на боја и партија, а најмалку верската распределба да не дели. Тука сме сите за да се соживееме со оваа трагедија и сите заедно да ја пребродиме. Вие дадовте голем дел за да се помогни на нејзиното семејство, уште еднаш се покажа дека на овај свет кој е полн со злоба сеуште постојат добри луѓе, сеуште постојат вистински пријатели. Јас лично се гордеам со сите вас и му благодарам на бог што ве создал за да сте тука секогаш на сите што му треба помош. Ова е голем херојски подвиг БРАВО за сите вас кој помогнавте. Оваа порака ја пишувам со солзи во очи и уште еднаш сакам да се заблагодарам во името на: Брат ми во име на семејството на Амбрела Ви благодарам на сите. Со почит. Никогаш нема да бидеш заборавена драга наша umbrella22!!! Почивај во мир
и така ми беше цел ден хаос но оваа порака дефинитивно ме дотолчи Сочувство до семејтвото и мир и спокој за umbrella22
Прочитав една мисла : Nothing fucks you up more than your own thoughts. Уф колку е така. Колку мразам што сум ваква, што мислам 100 на саат, што не знам да запрам и да се задоволам со тоа што го имам. Можеби не е многу , но некој плаче за истото. Вечно ништо не ми е доволно, секогаш има по некоја црна мисла што ми го одзема сонот. А да, и тоа, често патам од несоница ради мојава празна глава што ја носам на раменици. Премногу анализирам , чувствувам дека го гушам и него. Што ќе биде, како, дали, ќе можеме ли.... Како што сам ќе си наштетиш, никој нема. Аман , нека заврши оваа параноја во мојава глава.
Какви ти се мислите таков ти е животот О.Тадеј Пробај со ова https://www.facebook.com/NewPerspectivesByShared/videos/219426495212416/
Да го скратиме лицемерието. Да ја скратиме злобата и нечовештвото. Ако некој решил да не е човек барем ние да бидеме. Да помогнеме, да дадеме подршка, еден збор, еден гест таму дека е потребно. Да научиме да живееме, да сакаме, да љубиме до недоглед и назад, да простуваме, да дадеме гушка онаму каде што е потребно. Само така ќе научиме да бидеме луѓе, да бидеме среќни, да живееме. Да си ги гушнеме децата наши, сопрузите, дечковците, фамилијата и блиските пријатели. Да научиме наместо арогатност да поделеме љубезност и насмевка. Сите овие работи не се купуваат со пари а купуваат здравје, мир во душата и спокој во срцето. Љубовта е огромна димензија, насмевката е благодет, искреноста и разговорот се доблест кај човека. Да научиме да живееме поздраво и подобро.
Да помогнеш некому несебично,чисто,без да чекаш нешто за возврат..Некому кој дури и не го познаваш,некој кој не е твоја крв..Добро е..Има надеж..
Зашто (не баш сите) албанки и тучинки се понашаат многу лошо понекогаш...Од факс.имам многу запознаено меѓу кои и нив...И здраво им имам кажено ми немат стопати одговорено...а да сум им згрешила нешто нема шанси..Еднаш една ме турна ни извини ни ништо..глава горе и не гледат ништо пред нив...Сепак културно е да вратиш кога некој ќе те поздрави нели.Дали не мразат,не не сакат или што е работата.
Скршен бев вчера,скшрен сум и денеска,а го отворам форумов одма почнува срцето како на зајак да ми чука.Искрено не верував дека сум станал волку емотивен и жалостлив,иако не ја познавав лично Umbrella22,некако имам чуство како да сум ја познавал,како да била дел од некој мој претходен живот,пробувам но неможам ова чуство и овој немир во душава да го смирам,неможам неможам и неможам. Ви ВЕТУВАМ едно нешто,дека следната година ке трчам на (WIZZ AIR) маратонот ЗА НАШАТА НИКОГАШ ЗАБОРАВЕНА UMBRELLA22.
Денес станав со болка на градите нешто ме притиска одвнатре.Срцето ми чука забрзано рацете ми треперат нозете ми се кочат..лошо претчувство имам
Вчера немав храброст да пишувам. Зошто господе си толку неправеден зарем кај тебе треба да доаѓаат млади живооти кои допрва треба да се радуваат. Жално, прежално. Раце ми се тресат пиши бриши правам. Не ја познавам девојката и немам многу читано нејзини постови ама навистина е жално. Денес ако можам да излезам до банка со бебето ке донирам средства за неа. Само сметката ке може ли некој да ми ја каже. Plsss
Зборувајте ми на теми во кои се препукуваме дека форумот не го сфаќаме лично, дека не не засега мислење на некој кој што не го познаваме, дека не не тангира воопшто. Секоја една од нас некаде го пишала тоа, и знаете што? Лага е. Случкава од вчера е најголем доказ за тоа. Нема ништо лошо во тоа местото каде што единствено си искрен да го доживуваш лично и да, може да те заболи нешто од некој кој што воопшто не го познаваш. Сите сме down два дена по ред...депресивни. Наавистина, зборете ми за тоа како некој од вас и на кој начин лично не го доживува ова место, зборете ми како имате живот надвор од овој форум.
Синоќа касно заспав... Немав се вклучено неколку дена на форумов...впрочем во последно време се поретко успевам во тоа... Синоќа пред легнување реков да се релаксирам малку со фемина другарката, па отворив...отворив форум и со саати заглавив плачејќи и читајќи за нашето мило девојче Umbrella22... Не ни знам како сум успеала да заспијам, ако воопшто беше тоа сон... Сабајлево се будам и повторно на неа мислам, повторно солзи ми течат сами, повторно ми е душата во болка... Ах, Господи, зошто?! Зошто ги зимаш толку рано кај тебе добрите, невините, храбрите, борците, младите... зошто?!