Се уклучувам после неколку дена и еве треперам цела Не ја познавав, но ја читав и сакав како форумски лик Жално... Нека почива во мир
Овие два дена се нешто ми текнува да напишам, да се пожалам и наоружена со зборови кога ќе го отворам форумов се разоружувам. Неможам ете неможам збор да напишам, јас лично не ја познавав, ама ја имав читано во групата +/- 40 и жал ми е. Одамна сум на форумот само под друго име но причините не се битни за тоа. Незнам што друго да кажам нека почива во мир, нека ужива во рајските благодети. Чувај ни ја Господе таа е нашиот ангел.
Веќе немам време за ,,Има време". Премногу време потрошив на нешто што не требаше, премногу време изгубив. Сега времето ми е најважно.
Си легнав во 2, во 6 бев на нозе, а веќе во 9 ја баравме конкретната амбуланта на клиника. Ја проучив клиниката. Можам водич да бидам. Дај боже на никој да не му треба таков водач. Веќе 12:30 тргнавме дома. Се чувствувам и физички и психички преуморна... а низ муабет спомна дека и се јадело помфрит. На сиот умор ќе пржам компирчиња. И јас ги сакам. Купив замрзнати, полу-готови.. зошто неам сила за остали процедури. Сакам само да е среќна. И да е здрава. Да е здрава и среќна. Толку.
Се возиш во кола и карши тебе здогледуваш едно преслатко девојченце 3-4 годинки... Ти мафта, ти се смее па почнува и пољупчиња да ти праќа со рачето Е, тоа е таа детска добрина и невиност, да ти го обои сивилото. Посакувам и ние возрасните да бевме така невини, мили добри и полни позитива. Сонце убаво, ми ја разубаве неделата
На чекор сум да ја остварам една од моите најважни работи во животот! Ќе го остварам мојот сон! И вреди, вреди за секоја жртва и секоја болка!
Кравче будалата, дет ис ми Требаше да се сетам на мартинито пред да ги измијам забите. И нив за малку со пилинг за лице ќе ги измиев наместо со паста. Будала сум. Се фатив за работа која ниту морам ниту требаше да ја почнам. И на крај ја зае*ав. Кој ѓаол те тераше црна краво Сега сум преморена, а во мозокот уште едно купче задачи ми се врткаат, ама да здивнам... барем малку да здивнам. Вие луѓе не бидете толку напорни. Некогаш навистина ми е тешко да ги стискам тие зборови зад заби. "Не ми се допаѓаш, не ми одговара твојата личност, не сакам да бидеме пријатели". Само јас ли сум? Ми иде бам бам бам и терај работа. Освен тие чудните погледи, аххх... И проект станав. Да, јас. Нечиј проект. Јасно ми е, упорно се трудиш, сакаш да дознаеш, мислиш можеби нешто мистериозно има? До тука се отвара таа врата за тебе. И сега кога мислам на тоа само се фрустрирам. Поминуваат денови, обврските се множат, мене ми иде да се затепам со некој. Ве молам доброволци да се јават. Ај да си пуштам музика за релаксација
Љубовта е над сите канони и устави. Ако мразиш дури и само еден човек – ти си одвратен пред Бога. Треба да ги сакаме сите. Но ако не можеш, барем на сите посакувај им добро. Во последните времиња луѓето ќе се спасуваат со љубовта, смирението и добрината. Добрината ја отвора вратата на Рајот, смирението воведува внатре, а љубовта Го покажува Бога. Старец Гаврил Угребадзе
Чадорче ... Незнам од каква болест почина, те читав често ..знам дека и ти ме читаше и често стегавме " ми се допаѓа" ете само толку... Жал ми е што никогаш не ти реков збор-два да те утешам ...Жал ми е за твојот живот згаснат прерано , жал ми е што толку многу " проголта" во себе. Денеска многу лошо се чувствувам и има грутка во грлото, откако ги прочитав постовите наназад сватив дека сите сочувствуваме не само заради твојата младост...туку поради тоа што животот на сите ни станал пекол.. Почивај во мир девојко прекрасна...
Некои желби се малецки, како ѕвездички. Некои пак растат како печурки и стануваат огромни.Толку се големи, што веќе не се лепршави, не се ни желби.Стануваат јадежи и не се слатки. Тежат на плеќи. Не можеш да ги носиш,. И натаму не знам...
Колку гаден и глупав карактер треба да имаш депресијата да ја лечиш со неконтролирано и прекумерно јадење??? Цел живот ова го правам,ем страдам и се борам со вишок килограми (ДА,ЈАС СУМ ДЕБЕЛА),ем упорно терам стара песна. Сега ми е криво ама нема враќање назад..... Се изнервирав т.е по стоти пат многу се разочарав од најблиските вечерва,излегов да пешачам и пешачев сама низ град убаво ми дојде да се разбистрам малку. Ама неубавото беше што изедов две топли кифли со сирење,три сладоледи(да добро читате),се ова одеднаш а плус тоа и настината сум,и 200 грама сончоглед изедов плус на нервна база во рекордно време И погодете што? Сега се мразам себеси најмногу на свет.
Cudno nekoe steganje vo gradive nosam cel den. Колку емотивно писмо од вереникот на umbrella22 не ми излегуваат тие зборови од глава воопшто Уффф толку сакав да пишам мн но некако ми се стега срцето...Лута сум на животот бидејки не си оди ништо по редддд ,уффф..не можам да пишувам повеќе
Дали е од времево, дали од секојдневните лоши вести, стресови, лошите луѓе, дали од се' што спомнав.... Одвај дишам последниве денови,стегање во градите,не можам да излезам скроз од една ситуација од чудни чувства, имам некаков страв... Ајде веќе нека заврши ова... Се надевам јас, се надевам постојано дека ќе биде подобро,ќе биде подобро.
Ја имав многу пати читано чадорче во темите, и ако не ја познавав ми беше многу мила, беше душа, првиот пат кога пишав во темата +40 беше првата што ми посака добредојде во темата, кога ја отворив темата и кога видов дека повеке ја нема тука, не знам нозе и раце ми се пресекоа, целата се тресев, не верував во тоа што се пишуваше душичка. Почивај во мир душиче мое
Пак сама во ноќта.. Дали уживам или се правам дека уживам во темнината не знам. Ама воопшто не ја сакам. Сакам луѓе, сакам миризби, храна, дегустирање, по некое добро пиво па да му ставам лајм за вкус да олесни на душава, сакам насмевки и искрени смеи помеѓу луѓето, онака лабав муабет и една искрена желба, надеж во себе. Сакам човечност и пријателство.. Сакам љубов... мнооогу љубов. А кој не сака?! А дали сме свесни дека потфрлуваме во се ова секојдневно или не сме свесни. Може па и треба да се свестиме за некои "небитни" за нас ситници низ животот што дарат само и само убавини. Сакамм и шаренило, микс од бои, падтелни дречливи ..ма секакви. Само црните не ги сакам. Ги сакам само во елеганција и сексибил на една жена или маж. А најмногу од се сакам син ми секојдневно да ми се смее, да гука и да ме гледа така како што ме гледа. Неговите очи за мене значат милион долари, од неговата насмевка јас дишам. Малку е да кажам дека тоа човече за мене е кислород, надеж за убаво утре и радост. Сине.. расти, жив и здрав друго и не е баш важно. Мама едно научи, таа љубов со никого не се дели ниту споредува. Таа љубов е една и единствена и навистина постои. Постои во нашиот воздух и нашите срца, постоеше од плацентата па се до недоглед. Таа љубов не се опишува, се чуствува. И не, не е споредлива со никоја друга љубов на свет. Сега сваќам зошто животните р'жат на непознатите пред своите малечки. Сега сваќам.. Ќе уживам, да, тоа само го велам ама не можам да уживам сине од страв и трепет. Од мојот блесав карактер и пречуствителност. Секогаш. Секогаш ќе те држам за раката силно до самата пот, и никогаш ама никогаш нема да те пуштам .