Највредните нешта во животот се оние чија големина не се изразува во ниту еден метрички систем. Среќен е оној кој такви нешта добива а блажен е оној кој истите ги дава!
За сите што некогаш ќе помислите дека во Европа се функционира беспрекорно, а во Македонија ништо ... сетете се на мојов коментар.. Сред тоооолкав град и недели однапред закажан pick up сервис со болдирана назнака - пред хилтон сити центар (има и друг) , мене ме заборавија да ме ПикАпнат Ете толку е перфектен западот И сега ќе чмаам пред Хилтоновили да си одам да си легнам Yes Europe I still love you...NOT
Сакам да кажам дека кога ќе договорам нешто со некој, го памтам долго, долго, долго. Ќе паметам точно кога го направивме договорот, за што и кога треба да се исполни. Ме боли кога некој ќе заборави, а јас сметам дека нема потреба да ги потсетам зошто јас не сум заборавила и после се чувстувам извисено. Ако не сум сигурна дека нешто неможам да исполнам презакажувам кога ќе можам или известувам нахнадно, ама не откажувам зошто чувстувам дека така се искажува непочитување. А и кафето не си го погодив, што ден ќе беше денес. Баш вчера направив уште еден договор, кој не му одговара на татко ми многу, ама сепак го направи. Знам дека заборава и му реков дека ќе го потсетам и ми рече добро. Го зедов брачед ми како сведок зошто тој беше тука и реакцијата негова беше ова „Еми кога ќе дојди денот како да бирам јас страна?“ и онака седиме збунети со татко ми и му велиме дека се што треба да направи е да ја кажи вистината безразлика во чија полза е. Зошто, зошто сеуште има вакви размислувања? Барем јас лично не би се налутила доколку направам договор и неќам да се придржам до него или заборавам, па некој „сведок“ да кажи како било. Нема смисла да се лутам. И уште неколку збора за непочитување. Не сум тип кој е многу дружељубив, се движам во мал круг на пријатели и познаници, имам една блиска колешка и уште два-тројца колеги со кои разменувам здраво, и една поблиска братучетка. Не чувстувам потреба да бидам блиска со никој друг, ни кога ќе одам некаде на гости, ни кога ќе ми дојдат некои роднини мене. Кога ме влечкаат моите по изговор „сакаат да те видат, те немаат видено“, му велам нека дојдат знаат кај сум, не би сакала да гледам и да бидам во присуство на некој кој еднаш ме видел како бебе и сега случајно му текнува и иди. Не сакам да канам некој на свадба кој ме нема видено ама мило ќе му било доколку дојдел. Барем јас си знам, тие луѓе кои ги сакам гледам секој момент кој можам да сум со нив, а тие останатите и да не ме викнат на свадба среќна ќе бидам, а не обврзана да одам некаде каде што прво ќе се осеќам непожелно, а второ како да се гушам, зошто ако сум ги сакала ќе сум ги побарала порано, а ако ме сакале ќе ме побарале порано. Не знам, можеби е грубо, можеби е некултурно ама со остатокот од фамилијата сум ладна зошто не верувам во љубов на 10 години, ни па во пријателства од училиште. Мислам дека вистинските работи се случуваат сосем случајно и се повредни од роднински врски и години на познавање.
СДК дека жените имаат во себе нешто кое сеуште незнам дали е ДАР или е ПРОКЛЕТСТВО.. Жена ради љубов ќе даде СЕ. Маж ради љубов ќе даде само се што може.. Има и исклучоци,ама малку се.
После све што се случи на форумов,со нашата ни драга за жал веќе почината Umbrella22,незнам ни што да мислам за животот и за нашето скапано здравство,незнам ни што веќе да пишувам.Само знам дека сеуште ме држи бесот,напнатоста,стравот,тагата,болката за еден млад прерано згаснат живот,живот кој требаше да прерасне во нешто прекрасно,брак,свадба,дечиња,среќа а не да заврши вака трагично.
Пронаоѓањето партнер со кој можам да бидам пријател кој сексуално ќе ме задоволува и интелектуално стимулира, е сѐ што посакувам на љубовен план.
Сега ја сфакам убавината на животот. Тие мали очиња на моето бебе, прегратките на синчето, бакнежите на мажето е тоа е живот за кој сите треба да живееме исполнет со љубов многу љубов.
Седевме во парк со другар. Одма до нас седнаа две момчиња што имаа околу 10/11 години. Беа облечени во дресови, носеа ранчиња и јадеа сладолед. Другар ми стана да купи сончоглед, па додека седев сама случајно ги слушнав што зборуваа децата. Се договараа да играа фудбал, ама едното викаше дека нема да игра пошто немал копачки. Д1: -Знаеш дека ме нервираш...Остави ги тие глупи копачки, играј со обични патики, што има врска? Д2: -А вие сите ќе носите копачки и само јас немам...Не бе...Неќам да играм...Ќе се срамам таму немам друга работа... Д1: -Знаеш колку си глуп? Па ти се срамиш од тоа кој си ти...Знаеш мама мене што ми вика? Не е срамота кога нешто немаш, туку срамота е кога не го цениш тоа што го имаш . И баш во тој момент дојде другар ми и двајцата останавме подзинати... Морав пак да се завртам и да видам дали навистина е толку мал, а употреби таков израз за да го утеши другарчето. Не знам дали воопшто го разбира тоа што го кажа, ама во секој случај има надеж дека не им се запачени мозоците на сите деца, од тија пусти телефони.
Сестра! Една и единствена! Трудница дадина. 3:30 по полноќ, 39 недела ми пишува на вибер. Скокам од кревет на нозе и шетам како Балтазар. Знам дека нешто се случува, но не знам што. "А** ми пукна водењакот, да чекам болки или да се пакувам и да одам?!" Готово, солзи на очи, возбуда, среќа, страв, грижа, еден куп различни чувства ме обземаа. Оди дадино, дојде денот, наскоро ќе станеш мајка! Еве ја во болница цел ден! Ја мислам, не ме држи место, гризам уста, чекам абер. Ја боли, вика се посилно и посилно... а има уште доста до чинот. Ја тешам, сакам да ја гушнам, да и помогнам, па дури и низ се ова да поминам јас место нејзе. Само нејзе ништо да не и е! Денов е долг, како ли и е? Зошто не можам да сум таму, покрај неа? Цел живот за се бев до неа. Ја штитев, тешев, прегрнував. Сега не можам. Дадино... стисни заби, издржи. Јунак си ти мој. Вреди ценава што ја плаќаш, вредат болката и стравот што ги чувствуваш. Господ да ве чува и тебе и мојата мала Срна. Ве мислам, ве сакам... Дојде денот сестричке моја мала! Ќе станеш мајка!
Crna Dama грев е да се мислиш дали да прифатиш пиво или не. НА понуда за пиво се одговара исклучиво со “ДА“
Сабајлево видов дека ме исплатија нешто помалку од што требаше кога му реков на шефот цел се збрка, по 100 пати ми се извини и одма изреагира ми ги доплатија парите. Јас во живот немам осетено некој вака цело време да ми се извинува, дури жал ми падна. Се случуваат грешки, луѓе сме, работиме. Денов чудно почна, имам еден куп работа и за учење. Чудно како во последно имам некоја чудна желба да инвестирам во една личност, во едно пријателство. Вчера малава се понуди да ми помогне со една работа околу факс чудно ми стана, онака пријатно- не очекувано. Одам да си го почнам моето, се читкаме во подобри саати.
Нека е живо и здраво со мајка да порасне. Кога ќе дознаеш дека имаш внуче е нешто посебно. Знаеш дека на свет дошло мало ангелче што ќе кога ќе порасне ќе трчка по тебе, ќе те гњави за задачките по математика и ќе те сака најмногу на свет. И ти ќе го сакаш, внучињата имаат посебно место во срцата на тетките и вујковците. Има вистина во онаа: "Ако мама не дозволува нешто, прашај ја тета."