Измешани ми се чувствата. Премногу сум емотивна и сакам правда. Ама не треба до толку и јас да се замарам. Зошто неможам само да си свиркам. Пак од друга страна зато ме бараат сите за консултации и подршки.....
Наскоро ме чека еден хирушки зафат,секако ке го поминам како што доликува на мојот живот,без плашење,и безпотребна паника.Си ветив од кога ке заврши здравствено сетоа ова што го поминувам,го менувам животот скроз,нема веќе шала и играње играчки,еден живот имаме и мораме максимално све да се искористи и проживее убаво и смирено. Денес е петок ден пред викенд,па ке ви посакам да имате убав и исполнет викенд
СДК Секогаш кога правам планови за следниот чекор, секогаш имам на ум дека не е сеовршениот и дека Бог има друг, подобар план за мене. Па кога не се остварува мојот, тогаш сум смирена и чекам, чекам нешто подобро. Верувам дека има.
Вчера во нашиот град се одржа матурската вечер. Фустани со шлицови, голи деколтиња, и што уште не. Само едно девојче ми се засвиѓа како е облечена и бш и прилега на матуранка. Црно обично фустанче со марама во боја на мастило. Јас завршив лани и немаше вакви разголени фустани, како идат годините се по лоши доаѓаат.
Од 4 сум станата да работам, не појдов у болница денес. Немам сили а имам уште малку при крај сум скоро ама немам концентрација... 3 кафе на ред. Шта речи.
Синоќа ќе сум се удавел со слушалките од телефонот,и ете пак денес ми е поклон денов. Сакаш музикален да бидиш па и во сонот музика да слушаш Сум сонувал концерт сум правел таман почнав да пеам сите избегаа Ко је био зна шта га чека
Интересни и смешни ми се стари бабички од мојата населба т.е малку подалеку што живеат(значи не се познаваме добро ) и додека ја шетам внука ми,кога ќе се сретнеме во маркет или на другиот крај низ населба и ќе ме застанат и ќе почнат- Аа ти која си невесто?во која куќа си снаа,да е здраво и живо чупчето го шеташ ааа? И така јас на сите се правдам и објаснувам-Нее,несум невеста,не му сум мајка на малото туку тетка. Понекогаш знаат да бидат напорни,но не им замерувам,им враќам културно
Најголема грешка на родителите е што зборуваат се и сешто пред децата, без да бидат свесни дека малите ги апсорбираат сите зборови и чувства од дома. Мислиш мало е...Што разбира... Од комшии 6/7 годишно девојче седеше покрај жица само и замислено. Поминував покрај неа, ја прашав што прави. Ми рече еве си седам...Ангела ме вика да си играме ама не сакам...Тажна сум. Многу се зачудив...И викам зошто си тажна...Дај ми раче дома да те однесам. А таа рече: - Дома се караат и се тажни зошто се роди сестра ми...Требаше братче да ми се роди. Останав запрепастена. Инаку ова девојчево има помала сестра, и мајка и сега се породи со трета ќерка. И викам сигурно погрешно си разбрала, таа е твоја сестричка...Вие сите три заедно ќе си играте, кога ќе порасне ќе и купуваш играчки, ќе шеткате...Многу ќе си ве сака тебе и другото сестриче... Таа: - Ама мама викаше дека треба брат да се роди...Каде е сега тој? Се роди сестра ми и сите се караат. Јас: - Мајка ти малку е збунета. Не мисли така...Биди среќна што си имаш бебе дома...Имаш две сестрички...Ќе си играте со кукли, ќе се смеете заедно. Немој да бидеш ваква. Ми подаде рака и ми рече да ја однесам до пред двор кај неа. Гневна сум. Како може така да размислуваат и да разговараат дома пред децата. Зошто не било машко биле тажни Ми иде да појдам и да им го земам бебето...Не заслужуваат тие дете. Господе прости ми. Некој со години мака мачат за деца, а овие три благослови имаат дома и пак биле тажни Мрш у пичку матер.
Дечки ми треба превози за во Европа поточно Италија. Релација Ск-Милано/Бергамо/Фиренца или Рим Потребно ми е да ми дадете сугестија од некој превоз (автобус/комбиња) од кои сте задоволни. Гледам авионски превози но до крајната дестинација многу повеќе ке ме кошта со авион а не оди во предвид визер и сл зашто би имала багаж. Фала ви однапред. П.с. доколку е потребно нека го преместат прашањето, стварно не знаев кај да го поставам.
Не помина ни недела дена откако ја загубивме Чадорче. Ни недела дена да слегне се. Навидум обичен ден исполнет со убави луѓе, моменти и приказни, муабети, насмеани лица и наеднаш.... Се сеќавам кога бев малечка често одев кај еден човек кој ми беше роднина, втор вујко по колено. Одевме бидејќи баба ми не испраќаше по чоколади, парички и некогаш и по некое бомбоне. Секогаш за празници не посетуваше, ни носеше по нешто за секого. Добар и дарежлив човек, полн со надеж во себе. Баба ми велеше секогаш да бидеме сите заедно никогаш да не се двоиме. Израснаа заедно со мајками како двајца најдобри пријатели, а сепак роднини по колено. Денес навидум убав сончев ден, сонце пече. Пече ли пече чиниш те боли, седам на една тараса од мојот стан и гледам во една точка. Гледам ли гледам чиниш се губи човек и стигна вест - вујко ми не напушти, го напушти овој свет. И гледам пак во таа точка празна, тука сите плачат а јас глува за тој плач. Гледам и се чудам како можам солза да не пуштам, сите ме прашуваат, а ја гледам и молчам. Повторно истиот круг, гледам и молчам. Стомакот ме стега би сакала да вриснам, се да излезе од мене, се што ме стега, ме притиска. Секој страв, секоја болка, се. Има ли крај на ваквите работи? Ќе имаме ли мир? Бог да те прости вујче.
Од кога се додели мандатот, радост за учениците беше веста за укинувањето на екстерното...и одма овие од другата страна мора да реагираат... Ако се укинело екстерното, учениците ќе имале подобар успех благодарение на влијателните родители зошто екстерното го оценувало реалното знаење на учениците. Без екстерното порано се пишувале повисоки оцени, послаби ученици поминувале одлично... Да го видам Спиро еднаш да се стави во кожа на еден ученик. Да учи цела година, да биде активен на час, оценките да му се движат 4ки и 5ки, да оди по натпревари, за на крај да му се падне предметот кој највеќе му оди и што сака да го студира со најглупите прашања, недоволно оформени, двосмислени, нелогични и да извади една бедна 4ка што ќе му го расипе просекот...Јас имав среќа сите 5 пати што полагав, ама многу од моја генерација добија пониски оцени на предмети што им одат и цела година имале 5ки... Јас можев за малку да си расипам просек заради затупените прашања за генетика по биологија Или имал една 4ка цела година на една тема математика што му одела послабо, ама другите 5ки, на крај добива 5 од професор, ама на екстерното 10 задачи му се паѓаат од таа тема и вади 4... Да прашам каква позитивна промена донесе екстерното? Како станале пописмени учениците? Како еден тест од 30 прашања и 60 минути им го сумира трудот во кој спаѓа горенаведеното од цела година? Што добивме не разбирам? Така било во сите напредни земји демек? Да гледаа барем скапаново здравство да го направат како во другите земји, немаше болнициве како од хорор филм да изгледаа. Или ова им беше уште еден начин да си го полнат џебот преку казни, да намалуваат плати на професори кои цела година се труделе најдоброто да го извлечат од учениците, да го пронајдат нивното знаење онаму каде тоа екстерно не може. Не вреди да зборам реално, кога јас веќе завршив и средно, се надевам другите ученици ќе почувствуваат олеснување и без тие стресови на крај на секоја година.
Ех, да беа вакви сите татковци и да мислеа за своите деца. Не е татко оној кој само ќе го направи детето, туку оној кој ќе му пружи татковска љубов и ќе му овозможи еден пристоен живот и само ваквиот вистински татко заслужува почит од своето дете, а другиот татко кој мисли дека заслужува да се вика татко, а на своето дете не мисли, му пружил само срам, нервози, немаштија по негова вина не заслужува ни да биде погледнат, а не па наречен татко и почитуван од страна на детето.
Го прочитав ова на крајот во една книга листајќи така згора преку ми и мислам дека е убаво за да го споделам тука "Со оглед на фактот дека не стоиме ниту во убавото, ниту, пак, во грдото, туку во неможноста за тоа да расудуваме, ние сме осудени на рамнодушност"
Паузата од работа ја искористивме да ги гледаме матурантите како танцуваат "квадрил". Ништо не видов, а како би видела кога очилата за сонце ми ги криеа очите полни солзи. Солзи за времето поминато, подзаборавено, на миговите на еуфорија и жал за незаборавните средношколски денови.
Му заспав на рамо на непознат човек во автобус после неколку дена трета смена на работа.. Се штрекнав и скокнав,му се извинив и ми рече `Од прееска си спиеш,грев ми беше да те разбудам`. Зини земјо,голтни ме
Веројатно ради животната ми приказна дедо ми одсекогаш бил наклонет кон мене. Знаел и да ми се налути и да ми иде контра ама слабост сум му. Јас не знам едно нешто да ми се случило добро/лошо тој да не го примил тоа со солзи во очи. Многу сака да ми раскажува за негов живот и достигнувања (лав дека) едноставно не можам да го пресечам и да му речам дека не ме интересира можам да си дозволам само тема да сменам. Додека баба ми е посебна жена. Она само од сожалување може да е со тебе, знае да биде крутa, безобразна и љубоморна на односот што дедо го има со мене па дури и на секој друг однос каде што таа не е вклучена. Денеска одкако дојдов тука купив паштета за едно кутре пред зграда, абе од нос ми ја извади и паштетата и парите што ги дадов (а мои пари си дадов) дедо ми пак ме бранеше ама не бе, безобразно си е безобразно... Си ја сакам и неа ме исчувала и ден денес знае со цела торба да ме испрати и да ми помогне со се нешто ама тоа карактерот бееее аххх Тета ме учи да ја прифатам и пробувам но некогаш не сакам кога се понаша лошо со дедо ми и му брани да ми раскажува за негови денови зашто знам дека е преемотивен и ако го налути ке си замине у соба и ке плаче душичка :/ И така, си легнувам сега уште малце да спијам. Будна сум 16 саати веќе немам живот у мене Имајте убава вечер
За жал јагодче не се сите татковци исти, не сите татковци се татковци. Има и такви татковци што воопшто не се грижат за своите деца, а ке речеш пак каков таков татко е, точно дека е татко, ама не е татко како што сакаме ние да биде. Не знам што да кажам искрено за таквите луге..
Informiraj se kolku bagaz mozes da preneses so avtobus. Moze i tie da imaat limiti pa na kraj da ti e poeftino bagazot da go ostavis, poneses nesto sto e neophodno.