Работи со деца. Државно и приватно. На државниве ни имињата не им ги знае, приватниве, дури и бојата на чевлите кои ги носеле денес. Изразот на лицето и е рамнодушен или одушевен. Очите или исполнети со празнина или светкаат со треперлив сјај. Каква ли е таа чудесна преобразба, секој ден отпочеток.. Без срам, без трошка на совест, со гордост на себе, покрај се. Можеби таа знае нешто, што сеуште не сум го спознала, па се чувствувам овака бедно, иако сум само случаен сведок на нејзиниот " лет"...
Убавите луѓе ти го прават денот убав. Не, не зборувам за физичка убавина, зборам за насмевка, за убав збор, за еден незначителен гест кој ќе ти покаже дека и во сето сивило се уште има луѓе... Зборам за дечкото од маалската продавничка што ме поздрави со "Добар ден комшивке", за тетката од пекара што со најмила насмевка што сум ја видела ми го препорача кроасанот со француска салата: "Земи мила, ќе те освежи... Ееееее колку сум направила денес", среќно рече. Зборам за детенцето кое немаше ни 7 години, ама притрча да ми ја задржи врата затоа што ми беа полни рацете: "Чекајте, чекајте, јас ќе ви помогнам", а другарчето негово ме отпоздрави со "Добар ден"... И некако такви ситници ти го полнат срцето, ти даваат надеж дека некој уште верува дека убавиот збор железни врати отвара...
Не можам да разберам зошто има олку злобни луѓе.Кога бев мала со мојата прва братучетка игравме во двор.Во комшии живее стрико ми кој во тоа време не беше во добри односи со моите,ете некои фамилијарни несогласувања.А што бев виновна јас?Дознав дека биле закарани дури по 5 години од случкава.Ја викна братучетка ми од прозорче и и даде чоколатце а јас гледав.Уште се сеќавам на тоа прозорче од кое тој вика -Бибеее дојди да ти дадам нешто.А јас до неа.Бев дете.Многу мала.Ама тогаш прв пат почуствував некаква болка и одвоеност.Не ми беше за чоколатцето,колку срцето што ме заболе бидејќи се осетив остаена сама во моментот на таква нечовечност.Не знам,ама таа слика не можам да ја заборавам.Годините поминуваа,еве пак му велам добар ден ,здраво,куќа до куќа сме.Мајка ми е кој во тој момент го виде тоа тогаш ништо не му рече.Изгледа си подголтна и таа ко мене тогаш.Можеби и мене не ми рече ништо тогаш за да не ме повреди,или мислела дете е не разбира,ама затоа сега кога ке се присетиме на тоа ме повредува случкава.Ме нервира што молчела на неправди и молчи.Јас да сум била на нејзино место ко ѕверка ке му се пуштев ,ама таква е мајка,тивка,мирна,најдобра,најмирна, најмилосрдна,остај,ако ако,гледа Бог,така секогаш си вика при неправди.Грев е да одвоиш дете од друго дете.Грев е да му дадеш на твоето а другото да гледа.Исто како денеска жената што дојде во бутик.Се гледаше дека е богата,а другите муштерии со детенцето скромни скоро до сиромашни.Детево од богатава ја моли мајка си да му го отвори киндерот,додека другово се ѕвери во него и лиги му течат.Богатава ладна камен си бира алишта за детево да купи и мува не ја лази.Сакав да ја избркам.Ми се згади од таква нечовечност.Сакав да ја плукнам.Што ти вреди ситуираноста,факултетот,работата ако не си жена,мајка,дама,милосрдна ,човек пред се? Ете таа краветина денес ме потсети на настанот од детството.Господ некаде се запишува.Можеби на овај свет ке се спасиш госпоѓо ти и таквите ко тебе,ама на оној сите мориња и океани нема да ти ги избришат цртките што Бог ти ги пишал како гревови...
Да ти е мерак врапчињана и ластовичкине во оваа доба да ги слушаш Ај да ни биде убав денов на сите Добро утро uzicko kolo i bebe.avi:
Дoбрo утрo, нa Вaс. Иaкo јaс не се чувствувaм дoбрo. Бaр некoму некa е убaв денoт. Не ми се oди нa рaбoтa, шефoт не гo пoднесувaме пoвеќетo. Акo си шеф не знaчи декa секoгaш ќе си гoре. Ќе пaднеш е тoгaш дa не ќе те сaкaaт? Без мoтивaцијa дa oдиш ццц. Едвaј чекaм дa ми зaврши сменaтa хххх сеуште не oтиденa нa рaб.
Си се оптегам во кревет и го слушам дедо ми и баба ми се расправаат надвор. Усвари ја слушам баба ми само бамка нешто. Повеќето ќе речат го изеде човекот ама она за негово добро мисле, од што го сака. Он не се разбира а и не сака да разбере поубаво му е да се праве на "батрама". Смешни ми се. Ми треба некое мирно место, да се опуштам. Стомакот ме боли у највише, вчера ми дојде. А за чудо невидено па и кафе не ми се пие, цигар не ми се пали, ме мрзи за се. Апсолутно за се.
Каков кикс сум направила. Влагам во викендичката и ќе речев "кај е дедо?" Мајко мила се препотив уште пред да сфатам дека викендичкава е празна, не мириса на ракија, на дедо, на земја од бавча. Толку е празна и ладна. Си фали, не е едноставно.
Секој ден се повеќе и повеќе сакам да го гушнам. Секоја ноќ затворам силно очи и се молам, молам да е жив и здрав и да ми дадат да го видам. Јас не знам како успеваат некои партнери да не се видат со месеци, јас 5ти месец мине и веќе сум хаос. А ако треба уште три, како?
Депрсија, стрес, притисок...Дел од секојдневието на повеќе луѓе. Комплицирани другарски врски, нови средини и луѓе, не можеш да се организираш, плус проблеми со некој специјален за тебе... па си викаш не е лошо да побараш стучна помош од професионалец, што ќе ти помогне како да се справиш со сите стресни ситуации. Одиш кај матичен, а тој се јавува кај близок психолог... Закажувате да одиш...Ти дава и број...Се слушаш со пихологот...Договараш средба и доаѓа тој ден. Одиш во ординација.......Отвораш врата и тадаааааммммм...... таму седната мајката на тој специјалниот за тебе Сфаќаш дека таа е психологот што си се слушнала на телефон. Тоа е тоа ИМЕ...Нејзиното ИМЕ... Треба со неа да разговараш Сфаќаш дека си скрос заебана...Сфаќаш дека џабе плаќаш и наместо да ти биде подобро, ти станува полошо Се надеваш дека не знае која си ти. Како вика Марфи? Се што може да тргне кон лошо, ќе тргне кон полошо. ор самтинг. КајСиБеМарфи СрцкаСиМарфи МарфиКучко
Сакам да ви кажам нешто што ми текна сега гледајќи еден извадок од Хари Потер. Кога беше актуелен ХП јас бев во основно, бев заљубена во ликот а и д ане ви зборам за идејата за училиштето и неговите моќи... Нема врска, како мала мн читав Тин-шема списание мислам така се викаше и еднашка налетов на некои сајтови и адреси на познати личности, меѓу кои и на ХП. ЈАс не би била јас ако не верувам во невозможното и така зедов лист хартија и на дечково почнав да му пишувам писмо (на англиски и тоа). Онака најбезвезално се претставив која сум, од кај сум, што учам, за некои мои тогашни соништа и дека сум му фан. Писмото секако го однесов кај проф. по англиски го прегледа таа измени што требаше да се измени и ми рече спремно ти е писмото! Цела возбудена, мама ми купи плико м,и помогна со писмото и адресата кај што треба д асе запише и ме одведе во пошта да го пуштам. Не се сеќавам колку време помина од случката дали месец-два ми стига писмо од ХП поточно нели Даниел Р. (секако од неговиот фан клуб) внатре имаше нешто како бил среќен што сум пишала, како периодот бил зафатен, каде шетал и не знам ти што уште не... Јас пресреќна!!! Мислам дека во кутијата со спомените што си ја имам го чувам истото не верувам дека сум фрлила такво нешто. Преубаво се осеќав иако сега знам дека он блага врска немал со тоа писмо П.с. Мачко се спремаш за лето а? ♡BuBaLe♡
Ги гледам матуранткиве по фејсбук и не можам да се изначудам. Дали сметаат дека да завршиш средно образование е некој голем успех кој треба да се прослави ко свадба, со илјадници трошкови? Земање од дома со лимузина, па трубачи и разноразни чуда. Описот на сликите: "promqueen"! Секоја година се поуфилмани личности. Секоја чест на исклучоците кои се издвојуваат од толпата. Дај свестете се! Со завршено средно образование не сте постигнале ништо во животот!
Хаљоо... их бин да Одамна не сум ви пишала два/три збора,а искрено и немав време да ве читам (не дека неќам, се стопли па повеќе си шеткам ) Најтажно за чадорче никогаш нема да најдам зборови за да кажам колки ми е криво кога згаснува млад живот особено за некој кој имаше сонови и план за убава шарена иднина.... Во последно време мислам дека веќе немам љубов за луѓето.Си го сакам семејството и дечко ми ама за други сум некако поладна и незаинтересирана за разговор.Се прашувам дали дозволив толку да ми влијае околината и дали јас ќе станам ладна како германците ?? Може порано верував во се и бев повеќе разочарана, а вака не ме повредува секоја ситница.Го прашав дечко ми, ми одговори вака помалку ќе те повредуваат подобро е.Незнам. Но колку и да се променам нешто што ме погодува е дискриминацијата.Пример за тоа е предходната недела ни дојде на работа нова работничка и веќе вториот ден плаче не и се допаѓа местото бара подобро и одма добива третман за принцеза сите и излегуваат во пресрет и сите се вртат околу неа.Изреволтирана од целата ситуација се сетив како почнав јас сама од мојата Македонија само една работничка во сосем друг дел и сама се изборев за денешното место и од тимот после 4месеца ме повикаа на пауза, јадев сама и неплачев.Не се фалам сакам да прашам зошто е полесно да се глуме,плаче за да се добие поубаво.Мене од дома ме научија да се борам и секаде да сум вистинската и праведна без лигавења фала ти мама, тато и бато. Имајте убав викенд уживајте во животот!!