Убаво ми еее ,насмеана сум си ... Имам среќни луѓе околу мене,неизмерна љубов,почит од сите кои ги сакам и ми значат ... Срцево ми е исполнето со убавина Нека потрае оваа чуство,нека насмевките и среќните моменти бидат вечни,таквите чуства ме исполнуваат и ми го разубавуваат животот
Грдо е чувството кога утре правиш тест. И кога ќе купиш 5 кила јагоди меѓу кои всушност има некоја која не е расипана. Но ете, можеби ќе има смешки утре.Наши соученички беа доволно гомели црепови за да плукнат врз наставник. Се извинувам, да застрелаат наставник во главата од високо. Секако, летаа единици после. Којзнае утре на четврт-копје ќе бидат. Туку, да не досадувам со вакви работи. Обично не го сакам дождот. Ниту тмурното време. По некое правило, денес (за 1-ви мај) би требало уште помалку да сакам да врне. Но се случи спротивото. Сакав да има голема бура. И да се шетам по дожд без чадор. Па да си одам дома како накиснато куче со „густа коса“. Нешто дефинитивно не е во ред со мене. Имам некои чудни желби. Не ми се верува дека пола клас не чита течно. Сепак сте во право, младината е неписмена. Се мачат да прочитаат две реченици буква по буква. Или уште полесно, на погодуввање. Ќе се прочита првата буква од зборот и ќе се каже збор кој започнува на истата буква. Но ако не се погоди зборот... Ај чао. Среќа што утре е петок, а не понеделник.
СДК дека сум нервозна сакав да прашам нешто во СДП ама заклучена е ! СДК дека денес ми е најлошиот ден,иако е 1ви Мај.... луѓе бре си ја скршив ногата
секогаш кога јадам или сум пред толпа луѓе ме фаќаа некоја смеа абе мислам ќе се расклештам секој момент. п.с. као прееска што ми се случи...
Заборавам дека сум среќна, постојат многу малце луѓе што ми го кажуваат тоа! Секогаш потсетувајте ги вашите најблиски дека се среќни и тогаш кога се во најголема несреќа!
Сакам да кажам дека баш му се издрадував на хороскопоовв,абе има да биде лудило!!!Ајде May pliese be perfect,i meen tou must BE PERFECT!!!!! Послем дождот иде сонце,после пачење-СМЕЕЊЕ!!!Доста еше несреќи идемо у болји живот!!!
Има ли некои таблети за превенција на нервоза? Или да почекам да ме стегне главата, па да пијам аналгин, полесно ли е така? Не знам со што го заслужив ова, си пукнав веќе Барем да можеше да се запре времето би го запрела сега дури ми помине сето ова, зашто не сакам ни момент веќе да потрошам на нервози Се чувствувам како да сум во вода, и постојано претам и пливам за да стигнам некаде, ама веќе ми е смачено, и ми доаѓа само да легнам и да се препуштам, па нека ме носи водата каде што сака... иако знам дека тоа не е никакво решение...
Денес фејзбукот нешто празен од слики со скари и меса ама затоа цел хоум пејџ со чек-ин-ови од кафани.И после македночето ке кука немало пари.За 1ви мај магично сите буржоазија глеам станаа. Него убав ден иако времево скроз ми го скрши филмот за шетање негде надвор од Скопјенцево. Сепак неможам да се пожалам скарата во двор и топлата прегратка на љубениот ми го направија совршен.
Женска перцепција. Кога е млада, згодна и слаба, се потсмева на дебелите. Кога ќе се подздебели, мажите сакаат задник. Кога уште повеќе ќе се подздебели, мажите сакаат гради. Кога уште уште повеќе ќе се подздебели, облини се тоа што се бараат,мислам она е тоа правото. Кога ќе биде така дебела, кога градите ќе и свиснат, задникот ќе изгуби форма и ќе загази во 30ти, онда мажите сакаат нели со некој фактор х и зрели. Ах бе...оди па сфати.
Сакам да кажам дека ви посакувам Добра ноќ драги дами. +18, скриениот текст содржи експлицитна содржина. Се советуваат малолетните членови да не го отвараат спојлерот. Спојлер http://popara.mk/2011/zabava/soubiz...en-a-bogami-povekje-od-zgoden-ajde-momchinja/
Депресија,од онаа полесната,ама сепак депресија е... или што и да е. Во комбинација на вино,месо ,неколку компирчиња,кромидче,лути пиперчиња,салатка и печен леб на скара,незнам зошто ама ме фати некоја глупа депресија.Денеска,т.е вчера демек го славам 1 мај,а дремам дома без работа.И каков тоа ден на труд славам јас? Си се прашувам самата.Демек празничен ден,исполнет со некоја празнична топлина,а мене расположението,исто како и времето.... Глупаво,тмурно и врнежливо.Се чувствувам како паразит,ама баш така.Што ми требаше да ми се вгнездат тие глупави мисли во главата Завршив факултет, и еве дремам дома,се надевам на подобро утре,кое сеуште не сум сигурна дали ќе дојде.Иако по завршувањето,дома дремам цели 7-8 месеци (а нели некои толку год) сепак ми е тешко. Барем да најдам работа за минимална плата,ама како за инает нема ништо. Расположение 0, и ја сум ти била некое добро друштво.Ахм,да. Дали е до повеќето. чашки вино,или до нешто друго незнам,ама емоции фрчат на сите страни,ама оние неубави,негативна енергија колку ти душа сака.Се надевам дека и мене еден ден ќе ме огрее сонце после толку дождливо време,зошто многу е тешко да се живее знаејќи дека иако барем малку вредиш мораш да живееш како вечен гребатор и паразит.Сепак,животот знае да биде суров,од една страна. ќе ти даде,а од друга ќе ти земе
Бубач се врати од шеткање... Солун Џо првомајски, ама испадна и да останиме 2 дена, си поминав фантазија, ама лош е градов, одиш со пари, се враќаш без 1€ во џебот Ама ако, барем си купив што ми требаше, некои ситни попусти најдов, ги обиколивме кафичите, рестораните.... Времето не послужи, што е најбитно
Нема погрди штикли од овие со шпиц напред. А колку се модерни сезонава Оваа сезона нема нови штикли за мене
... 1 мај,ништо посебно.Додуша јас и го преспав денот Денес помалку часа, конечно и ние малку раат да бидеме Туку си наумив да појдам до библиотеката,да се зачленам повторно и сабота да седнам и да прочитам некоја книга.Моментално имам 10-ина книги кои сакам да ги прочитам,ама време се помалку има А кога читам пак некоја книга кога ќе се занесам, и дојди после викне ме и за прошетка ,се внесувам во книгата и толку ми треба. Да не должам многу сликата кажува се‘ ... Пријатен ден на сите
Први мај,ден за собир со друштвото или семејството.Било дали е на планина или друго место,важно да е со најблиските. Никогаш не сум му придавала толкаво значење на овој ден, се` до вчера. Ден со друштво -ден исполнет со забава,смеа...
Врз основа на член 66 алинеа 23 од Законот за баксузи, форумџискиот лик Elennaa, на 56-та седница одржана на ден 22.11.2009 година, со измени и дополнувања на 85-та седница одржана на ден 23.10.2010 година и со измени и дополнувања на 98-та седница одржана на ден 30.11.2011 година, го донесе следниов Правилник за баксузи Со овој правилник, се регулираат условите, критериумите, дешавките, последиците и правилата за баксузите. Член 1 Со овој член, советодавачот и советопримачот склучуваат договор. Имено, советодавачот дава совети за баксузи, за коишто се надева дека никој нема да ги злоупотреби, а советопримачот ги прима тие совети. Член 2 Со овој член, званично се започнуваат советите. Се препорачува поставување на живи јајца, исклучиво на рамна површина. Се препорачува да не се ставаат над фрижидер, а во никој случај да не се ставаат, доколку ви е загреана ринглата. Може јајцето да се стркала врз ринглата и да се спржи, само. Член 3 Со овој член, се консултираат двата субјекти, во врска со правилата за учење. Поточно, додека учите, учете го тоа што вообичаено го прескокнувате. Затоа што токму тоа прашање ќе ви се потрефи! Член 4 Со овој член, неопходно е НЕставање на какао, на малку мрсничка коса. Бидејќи е лоша комбинација со дожд. Член 5 Со овој член, се уредува застанувањето на автобуска постојка. Пожелно е избегнување на секаков вид на барички, поточиња и рекички, поради можното бањање. Член 6 Со овој член, се поставуваат правила за користење на препарати за струја. И избегнување на секаков вид на истите. Бидејќи изгорениците се неминовни. Член 7 Со овој член, се препорачува да не се поставува чаша и воопшто прибор за храна, во близина на средина, каде што има струја. Можни се здрмувања на струја, после падот на чашата. Член 8 Со овој член, се регулираат односите со гравитацијата, во автобус. Бидејќи во автобусите нема гравитација и никогаш не се знае каде може да завршите. Член 9 Со овој член, се препорачува внимателно отворање на минерална вода или какви било други, газирани сокови. Можна е поплава во соседните три соби. Член 10 Со овој член, се завршува правилникот, од проста причина што на советодавачот му се приспива. Член 11 Прекршочните санкции, ќе си ги предизвика самиот советопримач, доколку не ги испочитува горенадеведените членови. Член 12 Овој закон влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во "Службен весник на Република Македонија". Лелеее, како сум се уфилмала. Ајде млекцето... и у кревет. Aaaaх, да. Ќе заборавев! Не се правете на „нивоу“, не сечете масинка со нож и вилушка. Може во нечие јадење, да летне.