Ме фати мерак да видам невеста без стомаче Пред 10тина години кога беше во мода да се појавуваат бремени невести, ми беа посебно убави со тоа меше во кое се развива плодот на нивната љубов., а тие блескаат во венчаница....Ама сега малку заборавив како изгледа НЕтрудна невеста После, едно време беше во мода да прават свадби заедно со веќе родени дечиња, облечени ко мали невести или младоженци И тоа ми беше многу интересно и преслатко за гледање. Сега не знам што е следно. Може кога ќе го женат синот/ќерката, тогаш и тие ќе прават свадба...Еден трошок...И старите и младите Останува трудна....Се раѓа детето...Почнува да оди во градинка...Па училиште...Завршува основно...Завршува средно...Оди на факултет...Запознава дечко/девојка...Им соопштува дома дека ќе прави свадба, па тогаш старите користат прилика и тие да си направат веридба Во мое време се знаеше. Го покажуваш малку глуждот и мора да те земе за жена. Сега не се знае кој јаде, кој пие.
Убаво ми е кога ги гледам овие прекрасни млади девојки и дечки (матуранти и апсолвенти), блескаат сите. Не ми пречи тоа дали и колку постаро изгледаат се додека нивното издание е во рамките на пристојноста.
Идеш на куќна журка, јадеш многу добар намаз, ја прашуваш домаќинката што е - ти вика хумус од наут. Го правела со патлиџан. Го фалиш по сите гости, и го кркаш како прасе. Утредента и пишуваш да ти прати рецепт, ти вика го купила од Жито... И не дека лажела оти го правела, туку не го правела конкретниов хумус. Абе скиме се ја то дружим, ми го направи денов од сабајле.
Помина долго време откога во недела ќе се разбудев свежа и слободна. И морам да кажам дека чуството е...па најправин невообичаено, но добро е, предобро. Очекувам да видам што ќе ми донесе денов. Освен решавање на задачи и ендокрин систем.
Колку е чуден и суров животот понекогаш... Со некој луѓе не поминуваш време доволно бидејќи сметаш дека секогаш има доволно време и одеднаш заминуваат некаде далеку или во вечниот дом, а од друга страна пак, поминуваш време со личности... долго време, за на крај да заминат без збор, како ништо да не било. Срцето ми се кине и душата за двете.
Кога ќе му ја удрам математиката, таман си е. Нервозите да договарам друштво за поевтино место се многу поскапи и временски и психички, за на крај секогаш да го јадам подебелиот крај, или во овој контекст да си останам дома ни со одмор, ни со живци. Вака, да - ќе платам можеби повеќе, но ќе отидам до места кои порано не сум имал прилика заради економски средства. Башка, секогаш постои моментот да запознаеш нови луѓе при самото патешествие. Има и малку вистина и оноа - не е битно местото, битно е со кого си. Во мојов случај, неам никој уште од старт барем поуздан избор. Се` некако е лефтерно, на почеток со преголем ентузијазам, па некаде на половина ти го рушат филмот, за на крај откако ќе им повишиш глас испаѓаш лошиот. Не, фала.
Има другари кои колку и да се со свои маки,проблеми,тешкотии, знаеш дека се грижат и те прашуваат - како си? , и ти докажуваат дека е вистина - тука сум за тебе!, без разлика на километрите меѓу вас!! Е таквите, чувајте ги!! до моите
Идев со еден тип доста долго време, расчистивме и немаме више контакт, но остана комуникацијата меѓу мене и мајка му. Искрено ми фали утринско кафе со неа и нејзино јадење, таа нејзина слобода, разум и хумор. За него не сакам да знам, не сакам контакт со него ама со неа би, до крај на животов би имала контакт и кафе-муабет со неа. Како би и пошла на поседок некој ден, да си изнакажеме за се во изминатиов период. Не верувам дека таква личност ко неа ке најдам пак во животот. Во име на овој недостиг да почастам со кафенце тука
Потрагата по животен партнер не значи само да се има некој покрај себе и безгрижно да се пополни полето брачна состојба. Заедничкиот живот значи многу повеќе од утринското добро утро. Ако немате една причина во текот на денот што заедно ќе ве насмее, немате ни причина деновите да ги претворите во години. Кога ќе сфатите дека најубавите нешта недостасуваат, сте го изгубиле чувството на среќа. А тоа е таму каде што градиме свет што нам ни припаѓа.
Sve mi se vrti krug u krug nemogu vise poludecuu.. 10 days left thank you Jesus.Не можам више, нервите ми се олабавиа имам подочњаци се запустив. Денов тралалајка.. сабајле какво беше фино, па залади и затемни и таман да почнам да учам клапнав.Сеа демек се разведри. Изволте кој е за сладолед и Нес
Ме потсети на една таква жена од мојот живот, од моето минато. Жена која што беше доволно голем човек за да дигне слушалка и да ми посака се најдобро во животот со новиот партнер и да имам се што не успеав да имам со нејзиниот син. За крај изговори дека секогаш ќе останам нејзина ќерка и дека она секогаш ќе биде тука за мене... Чудно, долго не сум помислила за неа. Знам дека денес би била среќна за мене. Се надевам и она го нашла внатрешниот мир и спокој кој со таа разделбата беше од темел разрушен...
Години наназад кога се реновираше нешто дома, имавме еден мајстор (школски на мајка ми) што во слободно време се занимавал со мајсторска работа, а инаку си имал сопствена мала златара. Јас дете, мало, немирно, им сметав низ дома на сите, па тој за да се смирам ми рече: -Ако бидеш мирна, ти ветувам дека ќе ти го донесам најубавото прстенче од мојот дуќан, што порано и припаѓало на некоја принцеза Се смирив и со нетрпение го чекав тоа прстенче. Денови поминуваа, и при крај веќе беше работата, а од прстенчето ни трага ни глас. Дојде денот кога веќе ја завршија работата. Јас се врткам околу него, а нему никако да му текне. Татко ми им плати на мајсторите и си замина...А моето прстенче? Плачев, им викав на моите да ме однесат кај него за да ми го даде прстенот....Ете тука паметот ми останал...Плус ми вети...Ама никогаш не ме однесоа таму. Години поминуваа...Уште многу прстенчиња ми купувале, ама тоа прстенче ми остана во сеќавање. Неделава, бевме излезени со мајка ми. Одеднаш некој ни зборна и мајка ми застана да се поздрави. Човекот се насмевна и рече: -Ова е Џоли? Немаше да те познам...Се сеќаваш на мене? Кога ви работев низ дома, а ти мала немирна? Според ликот и златарата пред која стоеше, ми текна дека е тој....Мајсторот... Се поздрави и со мене, и рече дојдете до дуќан кај мене...Има нешто за тебе...и се смешка... Ми текна...Си препоставував, ама мислев не е можно....Се зеза.... Јас и мајка ми одбивме, се брзавме, ама тој инистираше. Влеговме и ми рече: -Одбери си прстенче...Ако е 20 години забаено, ама не е забораено да знаеш Ми беше ептен незгодно...Одбивав, ама тој веќе почна да ги вади сите видови на прстенчиња...Па одбрав едно малечко колку да не му правам арч Ете ми помина сега меракот...После 20 години конечно во мене е прстенчето што и припаѓало на некоја принцеза
Настаните во последен период фрлија светло на една вистина, која ја знаев и претходно, ама сега ми е кристално јасно. Кога си во болничка постела, единствено луѓето кои не се делат од твојот кревет додека сестрата не каже дека мора да си заминат, само тие вистински те сакаат и се грижат за тебе. Ниту времето не е изговор, ниту километрите, туку она што го имаш во срцето за човекот кој лежи во болница и едвај чека да види познато лице.
Не би рекла дека денов ми е депресивен, баш напротив. Туку ми навираат спомени од една кратка ама слатка љубов. Тоа што уште не можам да го извадам од глава ми го потврдува само фактот дека конечно сум спремна да сакам, а за жал наидувам на луѓе кои тоа не знаат да го ценат. Ама некако се научив да живеам со тоа. Моја блиска другарка секогаш вели дека зад темните облаци се крие сонцето кое одвај чека да бликне, а во мојов случај ме чекала голема среќа. Еден ден само.. Не се плашам јас од љубов, се плашам да не останам повторно повредена Ете, ми требаше ова да го пишам Не ми фали тој, ми фали чувството кое го имав секогаш кога ќе ме допреше. Начинот на кој ме натера срцето да ми трепери секогаш кога требаше да се видиме. Ама не бил вистинскиот. А времето лечи се
Синоќе бев на матура. Седев со помлади на масата и као лабаво натаму-наваму си седам на форумов си читам и одеднаш ми текнува: Што ако некој ми го виде аватарот и никот?! Не за друго ама зошто да ме чита некој и да ме знае а ја нему никот да не му го знам а? После се настрана си го закривав телефонот...