Отсекогаш ми се превртувала утробата кога ќе го слушнам она „срцка“ во ситуација кога мене или на други им се обраќаат со називов. И денес ме удри зборов по тил кога баш од нигде никаде ми се испушти мене едно срцкосување кон многу драга личност. Feeling „просветлено“; сега навистина ми стана јасно дека покрај оние удав „срцка“ коментари, некои навистина ова го кажуваат од милост, колку и да звучи глупо.
@danichap тоа е таа човечност кон која би требало сите да се стремиме. Јас сум некако среќна што сум ја имала во животот и знам дека и времето ке си го направат своето и дека ке останеме некаде заборавени. Луѓето најчесто ги паметиме според крајот на приказната
Значи ако имам негде пишано низ форумот дека можеби би пробала некогаш нешто со женско не мислев да ми пишите во ДМ сите жени шо се осеќате експериментално. Wtf. И да решам да пробам некогаш сигурно нема од рандом анонимен форум. Ова ми е safe place и шо сакам си пишам тука со години и вака ко ќе напнуват рандом луѓе ми е стварно идиотски. Чил пипл.
Каква животна амбиција е тоа да си уловиш богат дечко по секоја цел, секоја чест на амбицијата. Искрено од прво мислев дека се некои зајадливи коментари од страна ама се уверив со свои уши и ми се згади. Не судам на никој па ни на овие две кокошки, али каков театар секоја чест. На оние кои сè уште ви веруваат, пријатна претстава. Глуп неделен муабет. Преглуп знам. Само ме замисли, дали сме навистина глупи што се задоволуваме со просечен живот наместо луксузи. Баба ми велеше секој со својата среќа, јас велам секој со својата амбиција. Далеку од тоа дека не сакaм да бидам сега на некоја јахта наместо да смислувам кој кошула со кои панталони утре да ја носам на 8 часовната работа за плата... Неделно попладне, млитаво и глупаво. Се намачкав со кокос и си пуштив смуд џез. Нека се впие мирисов на лето во кожава, за некои задоволства не мора да имаш богататво.
Живееме во свет во кој ретко на кого можеш да му се довериш, ретко на кого можеш да сметаш, и да се потпреш.
Мислев дека вчера си ја пукнав коската, ама утрово се добро изгледа Добро утро фемина. Кафето ми е при крај, ѓеврекот неизеден. Матура хуху. Со едвај 45кг и фустан обесен на мене, не изгледав најсјајно ама си поминав прекрасно. Тогашниот ми дечко сакаше да ја напуштам забавата порано за да бидам со него јеа рајт Тешко се контролирам деновиве. Самодоверба оверфлоуинг. За малку ќе се искарав со рандом човек на улица. Денови во кои ми е тешко да се воздржам од туѓите предрасуди, па морам да филозофирам со часови. Во денови за борба за еднаквост, ние уште зборуваме за машко-женски работи, онака кежуал. Скраја да е Омраза и љубов, тоа се тие две страни на паричката. Кога долго комуницираш со луѓе во светот, забораваш да погледнеш околу себе. Така и јас. Понекогаш се што ви треба е добар секс.
Полека но сигурно доаѓа она време кое го чекам целиот живот,сон по кој мечтаев од мал,не за џабе е измислена онаа стара поговорка(трпение спасение),и стварно е така.Господи фала ти,фала ти за сите ноќи и сите утра,фала ти што ми даваш сила и памет,фала ти за снагата и вербата дека ке стигнам до мојот сон,и ете го дојде моето време АМИН.
Сам човек за никаде не е... секој заслужил достоинствено да остари, а не сам меѓу голи ѕидови и искршени плакари полни со туѓи спомени. Ама животот знае суров да биде, уште повеќе општеството. Чии гревови отплаќаш, кој знае... Срцето ме заболе кога ја видов испружена на прагот...а не ми е род, ништо, само обично, секојдневно лице од околината...душата ми плаче поради немоќта да направам нешто, оти рацете ми се врзани со законот...а оние што можат да направат, со прст не мрдаат...до кога?
Денес отидовме во една населба да менувам гуми.. Ај што отидовме некако, едвај ме намоли, па кога видов кај ме однесе, сменив 10 бои на лице.. Ме однесе кај што работи човек што го знаев..едно минато време Среќа не беше само тој околу, неколку беа... му ги оставив клучевите и избегав како Шарко да ме брка Сироти луѓе, кој знае што си помислија за мене..почнувајќи од татко ми па се до вработените Сега седам на 500 метри од таму со телефон во една и сладолед во друга рака и очекувам да ми се појави од некоја страна
Жал ми е што гледам млади луѓе како 24 часа не креваат поглед од екран Ах бре деца, животот поминува покрај вас додека вие оговарате овде низ некои теми(да не кажам алапачите безвезе или мрсите муда). Баталете малку и мрднете се од столиците, погледнете го животот..нема реприза, нема живеење во рикверц
Вчера кај мене дојде мајка ми, направив кафе за неа, а јас претходно пиев. Седнавме на тераса. Кога виде дека само едно туркиш т.е. македонско (никако да се навикнам на терминот македонско ☕) ставив на масичката, ме погледна разочарано: "Па ти нема да се напиеш со мене? Сакам друштво". И ајде си направив и за себе. Сфаќам дека кафето е секогаш поубаво во добро друштво.
Вистинската борба на човекот е против времето. Секоја измината секунда те гази и те прави престар за нешто. Жалното е што најчесто на крај победува времето. Само 17 зад себе, а веќe поминалот времето за толку работи.
Вчера варев макарони на тераса. Додека ги истурав, едно макаронче отскокна и падна долу. Мачката најсреќна. Се што ќе чукне долу си прибира. Со саати го перкаше со шепите, се изнаигра и му се изнарадува. Та дури и научи да не си игра близу оградата зошто често и паѓаат "играчките" долу и ги губи. Ех, кога само човекот би се радувал на секоја ситница и би ја прифаќал со отворено срце. Сите би биле многу повеќе среќни од она што сме сега. Ама човечкото око е ненаситно и незадоволно, честопати алчно. Конечно се стемни и ја земав внатре. Не го фрлив макарончето. Па остана преку стакло да го набљудува на терасата..како не знам што да сум и одзела. Ми падна жал, па ја земав да ја мазам. Лута, нејќеше ниту да ме погледне. Јас и зборам, таа не ме регистрира. Како мало човече. Спојлер Еве денес, уште си игра со макарончето од вчера. А мене чоколадото што ми остана од вчера, денеска веќе не ми е по ќеиф. Човек.. имаме уште многу да учиме.