5 дена кај баба ми пред двор си седеше изгубено куче. Се појавило од нигде никаде и седи исплашено. Кога баба ми е низ двор и тоа оди по неа, ама ако баба ми направи чекор надвор од портата, тоа си се враќа во двор...Како страв му е да го напушти дворот. По никој од нас не одеше, освен по неа. Како некој стар пријател да и беше. Се познаваше дека е домашно милениче. Од комшиите не е. Го сликавме и објавививме низ фб. Четири дена се прошируваше веста, а петтиот ден се јави сопственикот. Се слушнаа со братучед ми, му ја даде адресата, а тој рече дека одма ќе дојде. Кучето си лежеше на истото место, со тажна фаца и исплашено. Од далеку, се слушнаа некои гласови...Слушанав дека некој човек прашува по комшиите, каде е куќата на баба ми...Кога го изговори тоа, во истиот момент кучето скокна и почна да трча накај него. Прв пат го напушти дворот. Тоа бил сопственикот. Му го позна гласот уште на почеток на улицата....Толку далеку... Кучето почна да скока од среќа околу него, да лае, да го лиже, а човекот го бакнуваше и имаше солзи на очи. Дојде човекот и се заблагодари на баба ми што го чувала и хранела...Упорно и даваше пари како награда што сме го вратиле, ама не земаше баба ми. Рече дека кучето му било се во животот. Си заминаа дома среќни....Фацата на кучето веќе не беше иста....Беше посвежа и порадосна. Баба ми беше среќна овие 5 дена дека конечно имала пријателче, ама знаеше дека не е нејзино. Може деновиве ќе ја изненадам со мало куче.
Луѓето со немирен дух се обично луѓето кои највеќе ќе успеат и највеќе ќе потфрлат. За нив не постои „безбедна варијанта“. Тие не одат на сигурно. Не одат по обележана територија, по познатите и добро истражени патишта. Немаат резервен план. Одат на се или ништо. Тоа се тие кои ги поместуваат границите на возможното. За нив „невозможно“ е мотивација и предизвик, а не рампа. За нив не постои прирачник за живот. Напротив, според нив се пишуваат таквите прирачници. Не очекувајте од нив да си легнат во нормално време. Неее, за нив нормално време за одмор е кога осигурачите ќе им прегорат од замор. Тие не се плашат да направат тотални идиоти од себе. Не се плашат од потсмев и хејтање. Не, тие се свесни дека цената на успехот е токму тоа. Ќе им застане планина на патот - ќе направат тунел. Ќе им застане на патот река - ќе направат мост. Ќе се загледаат во небо, и немајќи крила, ќе измислат авион. Другите отпрво ќе ги прават ненормални, потоа ќе им се потсмеваат, а на крај ќе им прават споменици. Овие луѓе не престануваат да се движат. Да импровизираат. И да не се откажуваат, дека знаат - цената на еден успех е илјада неуспешни обиди. И којзнае, можеби земјата се врти токму поради нивните одлучни чекори? Дека никој не станал некој и нешто со лежење на топличко и мразење на цел свет како целодневно хоби.
На сестрата на мојата најдобра другарка вчера и беше роденден. Дечко и, и купи кола, вкусно "декорирана" со срциња стикери и хепи брдеј со нејзиното име. Тоа беше првото изненадување. Ја зема и ја однесе во Аурора ресорт и спа - второто изненадување. Во договор со вработените, додека беа на шетање сабајлево, собата им ја претворија во филмска романтика. Ја запроси. Трето изненадување. Најубавиот веренички прстен што сум го видела, од сите свадби каде до сеа сум била. Освен што си поштувам повеќе бело злато. Претходно имаше дечко кој не знаеше да ја цени во буквална смисла на зборот. Ама работите си го мењаваат својот тек. Вечер ќе се отвара ново Мартини
Се прашувам и барам логичен одговор на прашањето зошто секоја истрага на СЈО е заведена под шифра со почетна буква Т? Не ми е јасно зошто Грујче уште трчка на терени на увид на реализација на проекти кога повеќе не е на функција Примиер? Не ми е јасен говорот на Зијадин Села или како и да го викаа, машала уште памет не му дојде од наводниот ќотек , демек го отепаа , го претепаа а он сиромав капка солза му е лицето. Не ми се јасни ударни вести од типот цела година сексуално ја злоупотребувал и ветувал вработување во приватна болница. Што е ова во доба на криза нешто отварање сала на симфониски оркестар или што и да беше дали тоа има некакво преносно значење на хаосот што се случува во земјава нешто во стил како ќе ви свириме така ќе играте? Ништо не ми е јасно затоа повеќе не гледам вести.
Сакам на моменти пак да сум дете. Мајка ми да е жива и да ме пречека од школо со палачинки полнети со шекер ,дека тогаш нутелата беше луксуз. Да легнам кај неа во скут и да си ги кажам маките,да зборуваме за симпатии и оценки. Да сум дете и безгрижно да играм ластик пред зграда и да се вратам дома со изгребани колена. Некогаш несакам што сум возрасна Што морам сама да се соочувам со мн грди нешта.Сама да чекорам низ светот без да имам грб,потпора позади мене.
Секој заем се враќа! Време кога секој мака мачи со секој еден денар кој предвреме е распределен. Си му помогнал за негово уживање а истото не му текнува да го врати. Од своите најмногу си патиме не за џабе е кажано.
Она чуство кога човек после долго време за враќа во својата мала грутка. Може скромна на изглед а ама неверојатна во душа. Кога авионот спушти на александар велики ме обмзема топло и богато чуство.. чуство на сигурност и спокој. Има негативности ама моментот е тој и емоциите се тие. Посебни.
Точно така, се согласувам со тебе, дури и кога више нема да го носиме татковото презиме, нема да ни наредуваат. Имај најубава нок јагодче
Денеска сум многу задоволна од сама себе. Најпрво бев 35мин на лента за пешачење па продолжив да пешачам околу 30 мин надвор на свеж воздух. Куќата ја средив цела, Вечера припремив, ноктите ги направив со акрил и косата ја средив и се тоа со 5 месечно бебе. Новите мајки ќе ме разберат зошто сум толку задоволна. Убав ден.
Некои луѓе упорно ти солат памет, а па пусто (некултурно е знам), aма како ми иди она од Кили да му го изјавам: Спојлер Ма немој да ме ј**** бре
Пошто сум левак, се учам со десна да сипам кафе од ѓезве во шолја. И еве сеуште ќе ми се истури насекаде. Упорен човек!
И најтмурните денови сестра ми ми ги прави најубави. Многу е позитивна и секогаш знае да ме насмее. Разговараме нешто на фб и ми вика: Фрижидерот ми е толку празен што ќе иде сам да пазари Да тресне некоја глупост прва е ама си ја сакам највише
Имам едни другари во странство, брачен пар се, кога и да ги прашам каков е животот таму, кажуваат дека е многу лошо, нема пари и слично. Еве сега гледам дека си купиле најнов модел на Ајфон.