За жал сите во странство се исти се жалат за да не ви ја кажат правата слика затоа што и Вие еден ден да не посакате да дојдете кај нив па да видете "КОЛКУ Е ТЕШКО" Проклето е Македончето никогаш не сака да помогне сака сите да ги гледа да се "под него". Жално и тажно.
Живееме во парадоксот на односот меѓу родителот и детето каде гледаме како возрасни луѓе кудат деца за нивното недолично однесување и непочитување спрема родителот и ги тешат родителите. Од друга страна родителите се криви за односот на детето бидејќи не го контролираат, не го воспитале и не се доволно строги. Така да, излегува дека децата всушност немаат никаква улога во своето опкружување и своја личност, туку само се марионети на родителите и општеството, а родителите се оние кои одговараат какви марионети ќе создадат. А пак дали ќе бидат почитувани како родители зависи од начинот на кој ќе ги контролираат своите деца, не од тоа какви личности се.
Секојдневно ни се случуваат awkward (непријатни-незгодни) ситуации, од кои често може кожата да ни се наежи од непријатност и лицето да ни стане црвено. Во последно време ми се случија такви случки еден куп, па си решив да им оддадам почит со спомнување на некои од нив и едноминутно молчење: 1. Моментот кога се поздравуваш со некој по пат, и едвај чекаш да го откачиш со зборовите: Ајде, се гледаме чаооо.....и.....одеднаш двајцата тргнувате во иста насока... 2. Моментот кога си сериозен и се караш со некој, ама на сред викање ги мешаш зборовите, па не знаеш веќе што зборуваш, само дткаш 3. Моментот кога сакаш на другар да му кажеш нешто смешно, ама се кинеш од смеење и не можеш да зборнеш, па таман ќе го кажеш на глас- на другарот не му е смешно. 4. Оној момент додека мајка ти мие чинии, ти ја ставаш твојата извалкана во мијалник. 5. Моментот кога се сретнуваш со некој, и во исто време тој ти вика Здраво, а ти викаш Добро сум еве 6. Моментот кога му кажуваш на некој НЕВЕРОЈАТНА приказна, и одеднаш сфаќаш дека всушност тој тебе ти ја кажал претходно 7. Моментот кога си облечен КО ЗА НИЗ ДОМА, собираш храброст да појдеш таков до продавница, и по пат ги сретнуваш сите луѓе што ги познаваш 8. Моментот кога на ДРУГАРКИТЕ им се испушта дека без тебе биле на шопинг Доста беа
Моментот кога истовремено со некој ќе се прашате "како си", десетина секунди ќе ќутите за потоа истовремено да си одговорите.
Sir Roger Moore, почивај во мир легендо! Генерации и генерации машки пораснавме на твоите филмови и брилијантни улоги. Уживај во својот харем.
Иххх животе зошто мора да биде стално по потешкиот пат. Зошто еднаш не ни дозволиш да ја дотуркаме карпата до врвот, се мачам се мачевме и ја дотуркавме до средината со сета сила и со сите можни итрини и вештини за да ги одбегнеме препреките и лизгавоста по стрмините од планината, и ти штом стигнвме малку повеќе од половина ни стави таква препрека за повторно да ни падне, повторно на дното а од висината и силината на ударот дури половично да се вкопа вземји. Ќе издржиме знај ќе изнајдеме сила и сега ќе туркаме со последните атоми од нашата енергија ама ќе ја истуркаме до врвот знај. Не уништуваш или искушуваш периодов но ќе си помогнеме, ќе отидеме и ние за кратко кај неа ќе ја гушнеме ќе и дадеме сила, елан воља, љубов и енергија и ќе ја вратиме повторно во полна сила каква што беше. Знај решени сме да успееме колку и да не сопнуваш решени како никогаш до сега. Може нас ќе не уништиш но за двете очиња ангелски до последниот атом во нас ќе се потрудиме да биде среќен и да не се мачи како нас низ животот толку, па може и уште две очиња покрај нас ќе створиме и ќе усреќиме. Дајни малку милост не биди секогаш суров.
Денес прочитав: Луѓето се најубави кога зборуваат за нешто што им значи. Навистина, тој тон на гласот, тоа топло изразување, сјај во очите... но би додала и уште нешто. Луѓето исто така се најубави и кога искрено се радуваат на туѓа среќа и тагуваат на туѓа несреќа. Најубаво е кога нешто се дели со другите, а особено кога тоа се емоции.
@t-sweet Честито , само убавини да те пратат Сдк Јас сум во таков ќорсокак не знам како да си помогнам , се тешам можеби е само период не знам, дефинитивно сум на погрешно место во погрешно време нека помине периодов побргу
СДК животот не е лесен, сите знаеме. Но што е уште потешко е тоа да останеш позитивен и во она најтемното. Да знаеш да ги гледаш добрите работи во секоја ситуација. Е мене тоа некако тешко ми оди. Но, ќе се обидам да се променам. И повторно сум без него. Разбирам дека мораше да оди. Ќе го чекам, ќе се врати. Денеска го изненадив и беше среќен, а јас уште посреќна кога изненадувам. Ах, колку многу сум заљубена
Деенс гледав една репортажа. Во центарот на Њу Јорк беше поставена една табла со креда и случајните минувачи требаше да запишат на неа за што во својот живоот најмногу жалат. Првите случајни минувачи срамежливо ја погледнуваа но никој не се осмелуваше да напише некој збор. Малку покасно започнаа со нејзино фотографирање, но сеуште беше празна, без испишан збор. Не помина долго додека првиот јунак се пресрами, престраши, и пиша. По него следуваше и вториот, третиот...и за кратко цела табла се наполни. Најголемиот број од од луѓето кои имаат запишано за што најмногу жалат беа всушност работи кои не ги сториле. За момент се замислив и јас што би напишала на таа табла...
Слушам музика од детството, музика со која ги почнав најважните години од животов, музика која ме порасна. Ме враќа сега во тие моменти на тоа едно дете.. Не толку среќни моменти.
Ништо. За момент би застанала, би размислила и би ја одминала...без да ја сликам. Ваков вид на прашање има четири аспекти. Што доколку жалите за нешто што не сте го сториле. Каква би била сегашноста, иднината., што би било поинаку. Тука претпоставувам би имало доволно материјал за на таблата. Другиот аспект, односно доколку првен сте помислила да пишете за нешто што е сторено, дали сепак жалите за истото иако сте денес на добро место, со добар расплет на настани. Тука јас би рекла не, не жалам за ништо. Човекот не е безгрешен, греши и паѓа. Суштината е во себеспознавањето и нешто да се научи од тие грешки. Кога ќе паднеш да станеш и да се издигнеш од својата пепел. Да бидеш подобар од вчера. Третиот би бил за оние чии грешки не ги однеле на добар пат, па имаат причина да шкртнат некој збор. Последниот ќе го оставам за оние безгрешните. Не знам што би пишале, јас не познавам такви. Ова е секако само мое мислење.
Го прочитав ова како некој наводно смешен виц,ама плус и реален е: " Во денешно време 8 годишните деца имаат најнов ајфон,а јас на нивна возраст имав само вошки во косата". Умрев
Дали само јас приметувам дека од пред некое време, по јакиве апликации на Андроидов ( Фејсбук, Инстаграм, Гугл стор ), сами се ,, апдејтираат ,,? Онака, без известување, без ништо... И не, не ми е подесено сами да се обновуваат.
Пред некој ден го приметив истото,посебно фб и инстаграм мислам дека секој ден сами апдејт прават,исто не ми е подесено сами да се обновуваат.