Не е исто "проблем со кожата" и "problem so kozata", едниот бара дерматолог, а другиот ветеринар! Нека е честит денот!
Секој кој што ме знае, знае дека имам посебна манија спрема серијата Френдс. И од другарки дечковци со години наназад имам добивано подароци, маички и било што поврзано со серијата. Денес една посебна личност која ја знам релативно малку а по се се испостави дека може ми е сродна душа, ми изрежал на цедеа сите епизоди, сите гафови, сите сцени позади камерата па дури и интервјуата со нив после завршетокот од серијата. И се преубаво сортирано во папка. Мерак за очи е, премногу се радувам. А папката е еден вид на кутија изработена потполно иста како рамката на вратата кај Моника и Рејчел, лилаковата со жолти оквири. Оние што гледале знаат. И сега ми стои до големото огледало со шминки, како украс
Понекогаш најмногу им врне на оние кои заслужуваат сонце. Сакам да верувам во одбрината на другите но не можам. Сакам да верувам дека ќе најдам некој кој ќе биде покрај мене, ќе ме гушне силно и ќе натера да заборавам на се лошо но не можам затоа што досега таков некој не најдов...
По фејсбук што не ќе видиш. Одамна не верувам во случајност, туку во синхроницитет на нештата. Верувам дека и мислите и зборовите не лечат, верувам во многу глупости откако почнаа да ми се случуваат глупости, нејсе. Ама други теми се тоа. Скролам по фб и ми излезе едно видео. За кревање на свеста за причините за масовните убиства во училиштата, но... првата половина од приказната е онаа истата која ја раскажав за убава и него. Идентична, нормално без вториот дел кој е ужасен. Ама првиот дел...ме занеме, па со солзи и мрсули дури. Он не споделува слики од свадбата. Јасно ни е зошто... а убавка е скршена, везден постира тешки песни. На вереникот веројатно му кажува приказни од типот - абе фаза, период, не знам што ми е, ќе ми помине. Знам, и јас така правев дури да се вратам на своето со се срцето на место. Моралната дилема ќе ме утепа. Во комична смисла, дедо ми и викаше на баба ми ко ќе се мешаше некаде - ти не се мешај у туѓи гаќи. Дечко ми само ми повторува, знаеш дедо ти како викал?! Е тоа. Ама не можам бре...сакам нешто да кажам...во име на љубовта...веќе кога е касно...а може и не е...
Сакам да кажам дека не е се во изгледот има нешто и во карактерот. Да, точно треба да се привлече нешто за да бидне но... ммм,да Позитивни мисли,позитивни луѓе многу помагаат во расположение. Пронајдете ги и дружете се со нив. Немојте со некој што ви го труи расположението.
Почнав да не им верувам на луѓе што велат дека немаат фејсбук, а случајно покажувајќи нешто друго во телефонот се гледа дека имаат инсталирано ФБ апликација (изгледа со лажен профил манијачат ).
Сакам да кажам дека имам голема почит кон Кирил и Методиј. Но, во исто време сакам да кажам дека многу ме нервира фактот што за нив се зборува на начин како тие го создале односно "измислиле" словото кое ние го користиме. Не. Не измислиле тие азбука. Секој што посетил музеј, може да примети дека најголемиот дел од буквите што денес ги користиме се испишани на стари инскрипти, постари неколку века од просветителите. Тогаш што направиле тие? Тие создале нов концепт од стари букви и го прилагодиле на тоа време. Во секој случај завршиле значајна работа. Сакам да кажам, преку сФе од различни и погрешни толкувања. Наметнати "вистини". Упорно вметнување пранги во умот. Невидливи кафези. Стереотипи. Синџири и катанци. Туѓи норми. Туѓи правила. Туѓи желби. Секој има ореол на главата и единствена аура. Не им дозволувајте да ви ги украдат и да ви наметнат своја сиромашна енергија.
Она кога ќе се решам да не ја вадам платата, за да не ја трошам на глупости, па за да надокнадам , у рок од 10 минути пое*увам 300 и кусур денари за 10 пара обетки и 8 чокери од АлиЕкспрес...
Сакам да кажам едноставна реченица која мене ми помага во животот,како некоја водилка ми е,ми дава сила и надеж за подобро утре а таа е Што било поминало,што ке биде ке помине. Што и да е ке помине секое лошо за добро е.
Навистина сум фрустрирана од некои луѓе во моето опкружување Од такт ме вадат нивните изјави од типот: Зошто мислиш дека брак на 28 години е во ред? Зошто не се запишеш на факултет блиску до твојот град? Остави ги соништата на страна и одбери нешто што се бара. Зошто не знаеш да готвиш? Утре кој ќе ти готови?? Зошто живееш на висока нога? Девојче си, зошто не работиш низ дома?... Решив да одговарам на сите прашања и еднаш засекогаш да ставам точка на овие глупости. 1) Затоашто така сакам.Мое е правото да одлучам кога сакам брак. 2) Затоашто сакам перспективен факултет и квалитетно образование, затоашто мојот град е мал за целосно да го искористам мојот потенцијал. 3) Зошто би ги оставила соништата на страна? За да имам сигурна работа со мизерна плата? За цел живот да жалам што некој друг го живее мојот сон? Тоа нема да го дозволам никогаш. 4) Затоашто мразам да готвам.Немам против за оние кои сакаат да готват но, зошто би имале тие нешто против мене.Едноставно ја презирам таа активност.И ниту утре, ниту во иднина ќе готвам. Од каде излезе дека жената мора да готви?? 5) Ќе живеам како сакам.Мој живот,мој стил. Зошто ти е тебе гајле колку пари трошам? Тоа не значи дека понижувам или омаловажувам некого. 6) А каква врска имаат домашните работи со полот?? Тоа што сум девојка не значи дека мора да работам по дома. Срамота било татко ми или брат ми да ја постават масата... Аха добро. А не е срамота да се краде и оговара?? Ги жалам ваквите луѓе што размислуваат олку ограничено.А уште повеќе младите личности со вакви ставови. Не за џабе се рекло: Децата се слика на родителите. Благодарна сум им на моите што ме воспитале поинаку. Не знам дали е до неписменоста (зборувам за оние кои освен што знаат да читаат не мрднале подалеку) во 21 век или јас сум премногу напредна за ова општество?? Од друга страна ако се водев по нивните ставови ништо не би направила. Верувам дека ова им се случува на многу од девојките во нашето "еднакво" општество, затоа и пишав тука. Да напоменам дека немам намера да навредам никого.Ги почитувам туѓите ставови, ма колку и да се заостанати,иако не се согласувам со нив.
Некогаш и дождот не може да те намокри од жарот во душата кој ги испарува сите капки кој сакаат да паднат на тебе и да те намократ.
Какво чудо си ти бебенце моеМислев дека знам што е љубов ама не,дознав дури откако се роди ти Не знам дали воопшто може да се нарече љубов или ова е нешто посилно.Живеам за моментот кога ќе ме наречеш тето,дури тогаш мислам дека ќе си умрам од среќа Те сака тета до бескрај
Ова испаѓа да,колку повеќе го познаваш човекот, толку повеќе ти одмилува. Некои луѓе не сакам подобро да ги зспознаам. Сакам да ги имам покрај мене такви.
Не се оптоварувајте премногу со луѓето што имаат погрешно мислење за вас. Што и да ви зборуват и колку некогаш да пробуваат да ве провоцираат, не им се правдајте! Никако! Нема ништо полошо од тоа. И онака, секогаш ќе имаат погрешна слика за вас, а вие со вашето објаснување нема да ги придобиете на своја страна. Кој не сака да слушне - џабе е и да му шепкате или пак викнете на цел глас - нема да слушне! И најважно, бирајте си го правилно опкружувањето. Не трудете се од некој што не е, да направите нешто што е. Затоашто кога ќе стане тоа што не е, најпрвин ќе помисли дека е подобар и поголем од вас!!!