Од Тамара онаа песнана, како беше... "молчи, молчи љубов моја" ("molci, molci ljubov moja"), чиниш молци имала дома хахаххххахахахаха
Влагам у лифт, си се гледам у огледало, си правам пози се дур не сфатив дека вратата е отворена и човек со 2 деца ме чека да завршам со позирање за да си влезе у лифтот И пошто нели круната ке ми падне, рака на половина и излегов мислиш мој е влезот Брукиииии Него убаво шетнав со другар ми, си се изнасмеавме и секако ја измеривме партизанска и вечерва И уште нешто, има еден тип што не сум сигурна дали ми е симпатија ама така фино делува и цело време ми пишува а ја се правам наудрена, другар му е у болница па мора да го оправувам утре како да ја најде клиниката... Не признав дека ми е убаво што ми пишува, нели? Не.
Си прават муабет мајка ми и комшивката: Мајка ми: "ех види ја цел ден штракаТ на фемина, сликат, објавуват" Комшивката: "Ам мојон не е нешто поарен" Јас:
СДК дека секој 25ти сакам да се избрише од календарот...Или барем не ме будете секој нареден 25ти во месецот, оставете ме да го преспијам...Не сакам да ме потсетува на тој кобен 25ти март иако е толку тешко да не мислам на тоа...Не е дека се два месеци откако ја нема, знам точно и до секунда колку време не е помеѓу нас..И не е дека останатите денови сум помалку тажна...Цели два месеци поминаа..Ма и 20 години да поминат..Зар е битно? Болката станува се поголема, наместо да се намалува.. Барем секоја можна вечер ми доаѓа во сон..Барем таму ја гледам кога не можам во реалноста...Мојата другарка..Една од личностите која ја сакав најмногу..Ама изгледа Господ ја сакал повеќе..Па и кој не би сакал таков ангел покрај себе... Проклет да е секој 25ти !!!
Не можам да ги разберам луѓето кои лажат и за ситни работи. Било што да кажат мораат и некоја ситна лага да кажат. Океј е, ќе се правам дека ви верувам.
Некогаш стварно ќе ти го направат денот и најобични ситници. Имено чекам на семафор и на прозор ми доаѓа малечко ромче, да имаше од прилика 4-6 години. Како и по обичај ми вика дај ми дадичке за лебче и гледам околу мене немам ситно, ама ми текна дека во ташна имав кроасан и лижавче. Му викам немам парички, ама имам за јадење може да ти дадам тоа. Му светнаа очињата од радост и почна да си го гали стомачето. Ме растажи искрено.. Му ги дадов ама не знаеше да ги отвори па ја викна сестра му која стоеше на друга кола. Ми се упали семафорот и тргнав, а на ретровизор гледам ми се размафтале и двајата и викаат на цел глас чао дадичкее чаооо!!! После цел ден пред очи ми беше неговиот лик, неговите очиња насолзени, неговото слабичко тело... Кога и да поминам од тие семафори го барам во околина, ама изгледа веќе не е тука. Ако го видам некогаш, ќе го однесам во најблиската продавница да си избере што сака за јадење. Камо сите да беа благодарни како него..
Кравче решила светот ќе го оправа. Глупост. Ќе собирам, собирам па ќе пукне па веднаш потоа ми е криво затоа што сум дозволила да се замарам со нешто што воопшто лично не ме затега. Не ги делиме истите соништа, боли ама е реалност. И пишав само -каде си-. Веднаш знаеше што треба да одговори. Дека е добро, дека е безбедна и дека е далеку од сето тоа. Временската разлика не ни дозволува често да заглавуваме со муабети како порано, па ми недостасува. И додека јас мислев дека сум единствената што бара начини и летови и чуда за да се видиме, таа разгледува визи и можности. И двете некако тивко. Толку многу ми е драга. Имајте убав ден. И разбирање, ако може.
Остави ме веќе те молам,остави ме,не мачи ме.Почнав веќе сам да се повредувам,изморен сум,и физички и психички офффффф животе.
Имав прилика да се запознам со реинкарнација на Хитлер Родителите ги лажеа децата (6 и 3 г) дека ќе одат на стоматолог, а тие всушност заминаа на свадба. Помалото ја прашуваше мајка му зошто толку се шминкала и дотерувала за на доктор, а постарото си ќутеше. Заминаа тие, а децата влегоа во соба за да играат, и само го слушам постарото: - Мислиш навистина заминаа на стоматолог? Колку си глуп. На свадба се и мислат дека не знам.... Слушај сега.... Вечер кога ќе дојдат, ти ќе почнеш да плачеш дека мешето те боли и нема да ги оставиш цела вечер да спијат... Ако ме послушаш ќе дадам утре една од моите играчки Помалото си ќути, па пак поголемиот: - А ако не почнеш да плачеш, да знаеш дека утре цел ден ќе плачам пошто не ме слушаш и ќе бидам тажен.... Сакаш да сум тажен? Хаииииии Хитлер! На 6 години јас живеев во светот на бајките... А овој? Знае да манипулира и емоционално да уценува И пишав порака на мајка му да знаат што ги чека кога ќе се вратат. Страшна работа се децава во денешно време... Што ли гледаат по тв? Најмногу ме плаши фактот што имаме иста крв, па се надевам нема да им се пренесат вакви гени на моите деца
Хаљо Јас денес со расположение нула се мислев пола саат дали да си правам чај или какао па ги направив и двете.Оваа недела ПМС-от ме уништи признавам. Кај нас е државен празник и решив да средам малку за викенд да ми е полесно,но се сетив Спасовден е и толку од средување.Ќе плескам газ на кревет секако за друго и не сум способна. Имав една личност за која правев се.Се карав со моите,плачев со неа делев секаква тага, се што беше мое беше и нејзино (инаку сум скржава кога се у прашање мои нешта па макар и пар чорапи )и ете дојде убав прекрасен ден во нејзиниот живот таа не се сети тоа да го сподели со мене.Таков е животот.Денес си се утре си ништо. Ајде доста мрчам да ви кажам вчера бев у бутик и имаше мајки со мали деца со колички.Едното викаше пиштеше на цел глас и на касата само што плати мајката го дигна во раце и тоа престана како на копче. Другата мајка и вели веќе е подобро и детенцето се насмеа на глас хаха сите на каса (бевме 5/6жени) не насмеа душленцето мало. Имајте убав ден...
Им благодарам до небо на администраторите што избришаа некои мои слики од форумов, животов ми го спасија. Јака ви душа на вас што си се покажувате без гајле. Другпат добро ќе размислам што пишувам а тек за покажување...
Сте се зaгледaле вo нечии oчи, тoлку длaбoкo, штo зaбoрaвaте нa се штo се случувa oкoлу вaс, и стaнувaте свесни кoлку мнoгу тoј пoглед ви требa вo живoтoт..? Е тaкa... денес се изгубив вo бaш тaкoв пoглед...
Маица левис, скинати фармерки и мат кармин со нагласена линија од моливчето. Анд соу он анд соу он.. Сирења. Не зашто не сме биле на одмор и сме бели. Како од ист калап правени. Вештачки.
SDK mi se smaci od vakvoto vreme,sakam sonce,sakam svetlina a ne tmurno I vrnezlivo,mi vlijae I na zdravje I na raspolozenie