Сакам дечко! Некој на кој чувствата ќе му траат подолго од два месецa, со кој ќе си ја фатам на убаво работата од почеток. И се што сакам е да не биде клошар (like the last one) Is that too much???
Не е важно кои сме и од каде потекнуваме. Проекцијата што ја создаваме за нас во погледот на другите може да го засени секој збор во позитивна или негативна смисла. Сами придонесуваме за себе без потрага по виновници.
25-ти мај, ден на младите ... во едно далечно време Да, јас сум една од тие МЛАДИ што се сеќаваат на штафетата, на слетот во Белград, на Тито... Имав таква чест да ја бидам една од илјадниците која трчала со штафетата, една од илјадниците што била на слетот, една од милионите што го видела Тито во живо... Тоа беа убави времиња... Но, не ми јасно како од „земља која има овакву омладину, не треба да се боји за своју будучност“ следуваа војни, уништувања, омрази? Па и уништување на истата таа држава? Зар, не се мислеше на истите МЛАДИ?
Толку сум збунета што мислам дека имам некоја енергија да трчам еден цел ден додека да излези она чувството. Не знам дали сум среќна или тажна..ова е како некој премин кон нешто друго.како да ме чека некое ослободување..И сакам да го достигнам...ама како?
Страв ми е од нов напад на депресија, на overthinking, но нема веќе, иш. Се што ме мачи ќе решавам едно по едно, без паника, се изборив за шанса која ретко кој ја добива, ќе бидам храбра, ќе заминам и ќе поминам едно прекрасно лето.
Никогаш не верувам на никој,онака со целосна доверба. Често сум била предадена,и затоа се научив да не се опуштам со целосна доверба ни кон најблиските. Ме води она : Почит секому,доверба никому
САКАМ ДА КАЖАМ оној што кажал дека спротивностите се привлекуваат мора да се преиспита еве со празен новчаник па не се привлекува банка !!!!! исто така и оној што кажал еднаквостите се привлекувааат исто да се преиспита бидејќи кога некој бара врска сите што ги наоѓа бараат авантура
Само птиците на Водно и Господ знаат што ми лежи во срцето,но тоа што сакам да го кажам може да има последици што не ќе можам да си простам ако повредам една личност. Тоа ќе биде закопано под тајното мое дрво,а јас сам ќе се повредам по незнам кој пат,но за овој пат нема да ми биде криво да се повредам вреди подобро јас одколку личноста. Песнава од Тоше ми е омилена одкако почна да ја пее...
Го знаете она чуство... Она кое судбината толку јако ке ве зафркне што кога ке погледнете околу себе свакате дека сте никој и ништо ... Како што може она да те изигра , па да те слупа од земја , свакаш дека не постои цена со што можеш да го платиш минатото , не постои личност што си ја изгубила некогаш да ја вратиш , не постои цена за да ги промениш нештата , не постои цена да ја избришеш меморијата која не сакаш да се потсетиш .. Не постои цена ! Нема ни да плачам заради тебе лоша судбино, скапа ми е маскарата , па ке ме печат очите , ке ми се вцервенат очите и сите оние странци што ми ги донесе ке ме прашуваат лицемерно Што ти е ?! Те мразам судбино ! Никогаш нема да те сакам ! Ништо нема да прифатам од тоа што ке ми го приредиш .... Не сакам ништо од тебе ! Скарани за секогаш !
СДК Ми се спие. Вечно ненаспана суммм. Сакам да сврзам барем 4-5 саати без да се разбудам. Сакаммммм.
Не ми се потребни никакви титули, ни признанија. Потребно ми е да сакам и да сум сакана. Потребен ми е човек, од Бог пратен за мене, да ме љуби. Титулите и признанијата не можат да ме гушнат и да ме направат среќна. И да, парите не се луксуз. Луксуз е наутро покрај себе да видиш нечии очи кои ти го греат срцето и душата.
Другарка ми замина во Белград и веќе ми недостасува, иако поминаа само два дена. Вчера си муабетиме и: М: Како поминуваш? Х: Супер, бев кај кинезите денес М: И како? Што има? Х: Кинезите се пресмешни. Не знаеш дали виц ти кажуваат или атентат ти спремаат. Се исто звучи Си ја сакам најмногу
Не сакам да кукам за времево, ама навистина ја претера дождов, цела недела сум на 50% со притисоков, како во транс. Ми се лежи само дома со некое филмче, книгиче и некој да ме гушка многу многу многу Свадби, свадби свадби...тоа е тој период од годината. Се` е тоа многу убаво и предизвикува радости, ама мене ми маваат на психа, целиот момент на помпезност, потресување за некои ситни работи, околу тебе се прави муабет само за свадбени подготовки а ти не сакаш да ќутиш во друштвото нели, па се придружуваш во засегнатите, и одеднаш, китенките, поканите и цветовите се главна тема на разговор. Eдвај чекам да наполнам батерии некаде право да ви кажам, за почеток и два-три дена дома ми се доволни ама како тргнало со свадбиве, тешко дека ќе стуткам некое париче в џеб. Да поминам на баци-рака јас наместо младенците... Mи се седи на плажа со пивце и книга, ми се шета по тесни улички што убаво мирисаат и се полни со живот, ми се запознаваат нови луѓе со нови приказни, сакам авантури... Ајде ајде, мирисам дека ќе има жешко лето Цел месец не можам да го видам симпатијава бе. Таман ми го додадоа на фб почнал по семинари и не можам да му се прикажам. Хелоу, тука манијакалниот твој следач Како си помина во Бугарија? Како на конференција? ...ааабе друг ми стисна add friend не јас, ама тука сме сега... Фатиле другарки ден пред свадба дома со јутубе и штикли околу маса циганчица да ја учат. Како не бе, таа песна ќе ја испијам, нека оди од мене. )) Имајте убав ден луѓе, и запамтете...
Секогаш кога ке тргне добро нешто и ке се опуштиш и почнеш да се радуваш, тука се упикува нешто што те лупа од земја онака најјако, и те врака на место. Ај седи си не си летај многу
Џабе бегаш од мене,џабе ги пристискаш емоциите,ме сакаш и тоа лудуваш по мене,опушти се ке дојдеш кај мене