Мацка како се вика и пишува spider-man на англиски? Кажите ми дека е скриена камера, дека не ме прашаа сериозно тоа
Некои луѓе ја имаат таа моќ што само штом ќе ти надојдат во твојот живот направат бура од силни емоции, земјотрес по целото тело и невидена жештина во срцето и душата!
Значајна е разликата меѓу принципи кои ја красат една личност, и самопоставени правила во улога на окови кои ги ограничуваат умот и чувствата...
И да си најпаметната И да си најубавата И да си најзгодната И да си најдомаќинката ... ... Ако не си сакана, си никој и ништо
Најтажна кратка приказна за тоа како некое девојче го добила името. Бевме во посета на едно основно школо. Според програмата, децата требаше да ни кажуваат како се викаат и ако знаат да кажат кратка приказна како го добиле името. Сите кажуваа едно исто...Се викам Марија по желба на родителите...Се викам Марко по дедо ми...Се викам Ајлин по баба ми....едно исто се вртеше, со исклучок на неколку поинтересни приказни....меѓутоа кога дојде на ред едно девојче, ги засени сите со својата кратка и тажна приказна. Се познаваше дека е повлечено и мирно девојче, стана и срамежливо рече: - Се викам Зорана, и името сум го добила по татко ми кој починал еден месец пред да се родам....Мајка ми сакала неговото име да живее со мене и да остане запамтено... Почна гласот да и трепери, и од трема и од возбуда. Не го знам девојчето, ама како со нож некој да ме погоди. Никој од колегите не остана рамнодушен...Сите се погледнавме со тажни фаци. После насамо имавме малку прилика да зборнеме со нивната класна, па ни кажуваше за девојчето дека е многу повлечена, меѓутоа е најјака ученичка во генерација. Зорана, ти посакувам мноооооогу успеси да имаш во животот, да го прославиш името на татко ти, а мајка ти да биде најгорда на тебе...Душичка....
Е мене како што ме дал Господ да не ме држи место, одма и пишав на другаркава. И кажав се како што е и ја прашав дали прават нешто заедно да знам да си се повлечам док не е касно. Добив зелено светло од неа И сега така, ке си чекам од Универзумот нели... П.с. уште не можам да разберам како тоа ми се засвиѓа детево бе??
СДК Сакам да се случи нешто интересно в кафана вечерва, сакам да го видам него... Барем малку да ми го гледаат очиве Ако не тоа нека ми даде месенџерот едно тиииун и да видам порака од една друга личност, што сака да ме види...А И ПЕТОК е... Се надевам дека една од овие желби ќе ми се исполни...
Доаѓа почеток на една нова ера, за мене, за него, за нас...Крајот нема да ни се гледа. Тешко за душебрижниците... Лесно за мене.
Веќе 3 години сум на форумов и иако многу ретко пишувам, редовно ве читам. Досега никогаш не ми текнало да отворам во категоријата Секс, не ме заинтересирало никогаш пошто сметам дека сум незрела за такви ствари, али ајде се решив да видам што има. Како последно активна тема ја видов Дали сум бремена? и ајде ја отворив. Еве уште се смеам. "Имавме секс со дечко ми со кондом, не ми влезе цел и не сврши, дали е можно да сум бремена? Еве имам симптоми, градиве ми се отечени". Или пак "Стомакот ми е многу подуен, се осеќам трудно". Сигурно си трудна, сестро А па некоја што стварно си има љубовен проблем ќе напише и ќе побара совет и одма се појавува некоја искусна "Леле душичка, знам дека ти е тешко, само не знам како ќе го поднесеш ова..." Совет и пол, накај два. Стварно не знаев дека постоеле олку забавни теми. Цареви сте, луѓе
Денов ми е разочарување - како кога во средно на матура си мислиш дека си најубава... а во прва година прв ден на факс гледаш струмичанки, битолчанки, штипјанки...(и сфаќаш колку многу конкуренција има)
Од новости колега упорно флертува со колешка која е веќе неколку години во брак. Оваа културно го откачува но овој е упорен. Јас набљудувам и сеуште не ми пукнал филмот да му се изнавикам како нема осет и каде му е умот Доста вести за работнава недела
@joy1 ништо не им фали тоа е проблемот. Во преносна смисла на зборот еден ден си самоуверена до небо, а веќе наредниот паѓаш долу на земја и гледаш дека морето е големо и има многу риби