@referentka Кога сме веќе кај тоа дека сум никој и ништо... Ви текнува на мојот симпатија, Близнак у хороскоп, кој си го аднав на фб, му пишав и ме одје*а по кратка постапкаааа? Епа си фатил женцка...Странкиња. Поубава сум од неа бе. Е сеа за попаметна не знам, од слики ја знам само. И што ако, кога ја гледа на тие слики го Господ да го гледа, И мене дури и падна мило на душава, и си помислив ,, авввв, мачиња ,, , и си посакав и мене некој ден, пак така да ме гледа... Уствари, може и не сум никој и ништо. Може и мене некој ме сака, и ме мањачи ко овој смотаниов ја шо го мањачев...
Многу пати сум кажала и пак ке кажам дека ништо ама баш ништо не сакам од животот, само сакам мојата мајка да ми е жива и здрава, и секогаш да ми е срекна, и да ја гледам насмеана
Шок шок!! Им смета што се смеам,порано се повлекував,ама сега за инат научив уште погласно да се смеам
Пред извесно време,една другарка почнала да си пишува на фб со некој тип од Мк,ама работел во странција и сакал да се жени. Ја прашал: -Колку години имаш? Таа му одговорила (хх). Типот: ааа па, ти, стасана си за мажење! хахаха "стасана".Кога и да ми текни, се смеам.
Среќен празник до сите форумии и форумџики од исламска вероисповед ви посакувам здравје,среќа, мир и успех.
Темава не е за цитирање, само сакам да се надовржам на твојот пост. Точно е се согласувам со тебе. Но само ако мислиш онака општо сакана, не доколку конкретно мислиш за љубов помеѓу маж и жена. Не значи дека сме никој и ништо доколку не најдеме некој кој што ке не сака вистински. Некој немал таква среќа, некој ќе најде на постари години љубов, некој никогаш. Тоа не го прави помалку значаен и помалку битен. А секој човек е сакан, дали од родители, дали од деца или пријатели, секој човек е сакан! Некогаш онаа еротска љубов помеѓу маж и жена е толку идеализирана што ние жените ја доживуваме како да ако немаме маж, не сме никој и ништо немаме постигнато во животот. Погрешно е, според мене.
СДК: Со школово ни саботи ни петоци видов..и вас ви здосадив али ај се ближи 10ти јуни ќе ве олабавам.
Знам дека не се цитира на темава ама неможев да одолеам, а да не споделам нешто и јас. Луѓе бе, се дури ја барате среќата и сопствената вредност во други луѓе ке бидете несреќни. Таа среќа и одобрување од друг дека сте некој и нешто секогаш ке биде краткотрајна. Зошто? -Затоа што порано или покасно сите си заминуваат, а заедно со нив и вашата среќа или вредност. Научете да се вреднувате самите себе без да мора секојпат некој да ви го потврди тоа. Изворот е во нас, не во другите. Тоа и е проблемов со општеството уствари, шаблонски сите не програмира до еден за да бидеме емотивно зависни од другите. И тоа се префрла од генерација на генерација без било кој да застане и да размисли, чекај малку.. исправно ли е ова? Здраво ли е ова, да морам сопствената вредност во други луѓе да ја барам? Како наркоман- дрога. Без дневен фикс на одобрување и нечија потврда дека сме сакани, да бидеме празни школки жедни за горенаведеното. Негувајте си ја љубовта кон самите себе. Има многу луѓе што се сакани на било каков начин ама пак се неисполнети. Зошто? Затоа што им фалело она најважното. Љубов кон себеси. Останата ке биде само бонус ако ја имате оваа првава, и еден ден кога ке исчезне нема да се чувствувате како празно битие на кое му поминало рокот за било што. Спојлер Постов ми се однесува на било каква љубов, не само на романтична.
Секаде во светот е: What a gentleman... Кај нас на Балканот: Кој папучар еј, не ми се веруе, браат...
Не можеш да очекуваш длабока поврзаност со плитки луѓе! И така е. Сум пробала ама не бива. Се разликувате скроз, немате исти ставови. Нив им е во центарот животот на други, да си исполнет човек им боде очи, може мислат што и е на оваа? Нека мислат, јас ќе негувам љубов и длабока поврзаност, прво со себе, потоа со другите. Заклучок: Сакајте се себе.
Дебармаало наутро. Празни маси и сокаци. Па и сонце... Ставаш наочари и броиш чекор. Тишина. Ко и комшииве на кафаниве да се пијани секоја вечер путем мирисање на алкохол од кафаната доле. Штама. Си оправаш на пазарче, ама буњаковец нема никогаш да ми стане мил како зелен пазар, но нејсе, пазар е пазар. Си купуваш весник успат и храна за мачки... кај и да е ќе се породи, па ајде и витамини за мачки. Себично си уживаш и си викаш, ај сабота е нека си поспијат сите до 3 ако може. Стан чист, кафе мириса, и призор на сонлив маж кој си пуши цигарче на балкон.. по гаќи. А зградиве ко сардини, па сликава е за цело маало... Усисав и изџогирав нагласува гордо, па се направив жива вода, да се оладам. Ај да си здрав и жив си викам... Млад, брадест, длакав, сончев, зелен, мој...маж. Сега саботно до Ведрана Рудан балконееме... Мислам дека ако некоја феминка ја читала некад си вика - фрустрирана, безобразна, лоша, злобна, забегана, мора нешто да и фали, мора она све да каже... а можда и не, зошто мислата на обичниот мозок е фрустрација, а ова е писателка. У секој случај ја сакам, но не е за нежни "срценца". Кога мажот е педер, ете тоа.
Тато вози за Скопје. До него седи мама. Назад сме јас и брат ми. Обично одиме рано, околу 7 наутро. И најчесто на очен лекар. Кратковида сум. Посвежа сум одошто мислев дека ќе бидам. Ставам слушалки и земам ѓеврек. Се чувствувам малку нервозна, со по некој сомнеж во врска со штотуку започнатиот ден. Но, знам дека искуствата во текот на денот зависат само од моите чувства, па ги менувам мислите и веднаш се чувствувам подобро. Сега појасно ги согледувам благословите и причините да се биде среќен. Брат ми побара уште храна. Мама му дава. Само што се мести на седиштето повторно, инстинктивно се врти кон мене да види дали сум завршила со јадење за да ми понуди уште. Ја игнорирам правејќи се дека не гледам, и ја пуштам да се успокои со мисла дека сум во ред и ништо не ми треба. Чувствувам дека е убаво да си свесен за моментот. Тато е нервозен. А времето облачно. Го игнорирам тоа. Што добивам со тоа што ќе дозволам да ми се пренесе негативна енергија? Продолжувам да се смеам во себе и читам позитивни афирмации. Сè е добро. Денот ќе биде прекрасен. И беше. Универзумот направи толку креативни нешта за мене тој ден што еден миг неочекувано на глас изговорив: Колку сум среќна! Следниот миг си реков, што беше тоа? А тоа емоциите станаа посилни од умот.
Се плашам. Се плашам од самотија. Се плашам дека кога ќе си оди она ќе се затворам дома. Се плашам дека ќе се издепремирам. Се плашам дека анксиозноста сега ќе се врати. Се плашам дека и јас ќе посакам да си одам оттука. Се плашам дека на дечко ми ќе му бидам "закачена за врат" само затоа што она ќе ми фали,а ќе се правам како ништо да не ми е. Се ми е измешано. Бура од емоции. Кнедла во грлото ми стои. Ми иде да плачам и викам на цел глас, а немам сила. И што ако викнам? Никого нема да предомислам. Сестра ми, мажачки ми спомнува, и она ли ќе ме напушти? Јас сама ли ќе останам? Мене ќе ме бара ли некој ко што јас трчам и ги барам сите? -Не. Нема.
Станав и одлучив. Ке се селам од станов. Сакам попријатно место, некаде каде што има повеќе сонце и светлина и каде што ќе имам доволно комфорт да имам и дневна, спална и соба како плакар за алишта и шминки. Во неврзан муабет дознав за станот што се издава, одам да се видам со сопственикот и се надевам дека ке добијам зелено светло. Ми треба нешто ново, нова околина и луѓе. Премногу сивило имаше овде и премногу спомени ме вржуваат кои што сакам да ги оставам во минатото.
Многу се нервирам кога ке ме пречека непријатна глетка наутро во кујна. Хаос! Зошто бе? Мора ли секогаш јас да се грижам се дс биде под конец, измиено, средено, наредено? Преку глава ми е вејќе ќе пукне филмот,ќе има жртви.
Ама незнам колку имаш приметено девојки од други градови кога ќе дојдат интересни им се на нашите машки, ние кога ќе отидеме во друг град па таму им сме интересни ние. Познавам машки што од други градови доаѓаат да си најдат скопјанки, а познавам и скопјанец што се има заљубено во битолчанка и има кажано во смисла „неможам веќе овие нашиве да ги гледам" така да не треба тоа да ти е големо разочарување ако они нас ни ги зимаат и ние на нив
СДК и денеска работам. Ја работев претходната сабота, сега оваа али пак затоа ќе имам продолжен викенд сега. Петок нели неработен ден и ќе ми биде споено со викендот мераци еден куп. Чекам да дојде три часот да затворам каса и правецот накај Штип да го фатам, викат дека кај дедо и баба бил најубав ручекот па да видеме што ќе биде. Времето час ветар, час сонце ептен променливо, едвај чекам преку понеделник да се стопли и да фрлам ова палтото веќе.