Денеска добив еден подарок од моите домашни,кога се вратив од училиште! Добив безброј бакнежи и гушки...ми се наполни срцето. Прашав зошто.Одговорот гласеше: „Онака,затоа што те сакаме многу“! Колку сум јас тоа богата....
Луѓенца,иако ништо официјално нема мене не ми се верува дека јас,јас ДОБИВ понуда за работа. :geek: Тукутака.Од никаде. Да,да,добив понуда за во игротека,дека сум сакала дечиња. Ама ќе видиме,плата ова она па после. Во секој случај ова добро ќе ми дојде изгледа. Ми се насмевна среќата и јас да си најдам half time job. Ви се јавувам за некој ден,се надевам со добри вести! Адиос!
Сакам да кажам дека поголем малер нема од мене, дефинитвно. Си ги заборавив долните тренерки во вилата кај другарка ми, и сеа треба да се бараат и да се замарам со небитни работи. 1 ден не можеш да бидеш на раат, само 1.
Колку прекрасен ден денеска. Сонце грее, си разговарам со саканите, фемили ланч вит мами и папи и ве најлепше. Иако бев на училиште и денес, не бев воопшто заклана како обично. Летав од радост. Го видов него, ми се насмевна. На Физичко бев изрешетена од топките, дури и белег имам, но за инат, не сум тажна. Ќе ни скратувале или сликањето или забавата, ај што ме гајле. И така безгрижна сум цел ден. Само уште една гушка ми фали и спремна сум за викендот.
Колку посиромашен е народот,толку повеќе глупости прави,повеќе фрлање пари,безделничење и безцелно тапкање. Ова што се дешава за време на т.н. 1 МАЈ е комплетен хаос. Разбирам да седнеш некаде,да си направиш скаричка во природа,да залееш со пивце,да си напраиш муабет со пријатели ама дефинитивно тука работите се одвиваат во друга насока. Фрлање пари на цигари и тони алкохол,истурање на истото врз телото демек да се освежат,рипање низ удолници во пијана состојба,рипање во езеро во пијана состојба Сум била и јас во тие години,ама не до толку. На дрво да растеа парите,од извор да излеваа ќе секнеа досега. Најјакото е што не се слави само 1,туку си спојуваме цел викенд,без разлика кој ден е празникот 12,13 годишни ги гледам акаат низ Дојран,повраќаат по улица во 6 сабајле,издрогирани и напиени до состојба во која не можат да функционираат. .Кога гледам вакви слики и појави ми текнува дека родителите на тие луѓе,па и ти самите пред некој ден за леб плачеле... Е од такви си пати Македонијата...Прое*ај до последен денар,па после моли за преживување. А вие како си поминавте за МАЈ? Ден на трудот,мижи да ти баам
Денес и дојде крајот на една едно-годишна врска.Ајде за добро да е ..лошото по него. Зачудувачки е колку се чувствувам лесно и слободно.Иако морам да кажам дека со мене се однесуваше како со принцеза и ништо лошо не ми рекол.
Јадење кикирики не би било јадење кикирики, ако после тоа не следaт чепкалките во рака и темелна генералка на тастатура...
Мене вакви торти најдобро ми излегуваат од слаткара Друго дојдев да кажам, веќе ни не бројам колку време излегов од таа фирма, втор пат ме викаат на славење крај на финансиска година. Ај првиот пат, уште свежо е, имаа зошто и да ме викаат, нема да сум скромна и ќе речам сум си заслужила и тоа за таа година, ама овој пат си реков нема смисла, ниту сум во тек, ниту ме интересира дали од мојот труд уште се жнее, не ми е таму местото веќе, и се спремам два дена како да им одговорам, да бидам благодарна на понудата а да не звучам неблагодарно. Па ај да им пратам одговор, па ме фати мислата, мори жено, па гага јадење и пиење е Не знам
Он скарата , јас салатата -во домашна атмосфера, настрана од луѓе кои само трубат и деца невоспитани .... Под топло ќебенце и две три сериии од` 24часа `, го прогласувам одморот за продуктивен.
Толку сум глупава што дозволувам глупави работи како еден Вип да ми го уништи денот. Не ме сфаќаат, ама не ме сфаќаат не е за парите за принципот се работи. Принципот вреди многу повеќе и од сите тие пари за пенали и казни. Ќе плаќам две сметки а нема да користам ни една. Принципот! Ама кој да ме сфати, кој.... Поентата е дека сум глупава и таква ќе си умрам, кога дозволувам глупави работи да ми го уништуваат денот и да ми скокаат на ганглии. Г-Л-У-П-А-В-А!
Им завидувам на сите кои имаат безусловна поддршка од родителите. За мене тоа е апстрактна именка. Единственото нешто што го имам од нив е себичност. Па побогу, какви се тие луѓе кои го прекоруваат своето дете за ништо?..
Се обидувам да учам, а мислите ми се на друго место... Во последно време почнав будна да сонувам Таман фатам книга и размислувам што би било-кога би било, абе цели филмови си правам, ај ако ми се оствари нешто ќе ви кажам