Зошто мора животов да е толку суров. Нека се врати старата таа, господе верувам во тебе не ме разочарувај те молам. Ведри очи ентузијаст, борец, двигател на нештата, ум капацитет, желба за успех и напредог, инат кој ја лупна од земја добродишност која ја уништи.
Сабота ден за одмарање,викенд лабав,едноставно со кафенце во рака,испружен во креветот решив денеска ама баш ништо да не правам,и јас да смирам душа и земам воздух
Последниот пат кога не ми текнуваше кога последен пат сум добила излезе дека сум 3 месец трудна . Е ај сега, ги превртев сите календарчња и не најдов датум... Се си мислам дека веќе сум стара за вакви недоумици
Срцка моја, што и да е нека е со помин, ќе се молам за тебе. Јас знам каква храбра личност си ти, во тебе има сили да поместиш планини, а Бог таквите ги наградува. Едит. Ако ти е потребно нешто тука сум, сметај на мене.
"Сите нешто модерни се прават, се залагаат за права на животните.."- Ој Ајнштајне, твоето дека човечката глупавост е бесконечна како предизвик си го сфатија.
Сѐ додека залагањата со свој ум за свет што би бил поубаво место за живеење се банализираат како аздис и обид да се биде ин, нема да нѐ биде како човештво. Многу луѓе треба да сфатат дека да се залагаш за еднаков третман на луѓето без дискриминации на основа на било каква припадност, и да осудуваш насилство кон живо суштество (па тука и животните) - не е нова мода, туку човечност. (Не сакам многу цитирање во оваа тема, ама морав да се надоврзам )
Уште само малце остана да се гушкаме со братучедка ми, и нејзините мали сонциња Едвај ве чекам најмили мои
Нова дефиниција за упорност никаде не излегувaм, јасно го гледам времето дека е тмурно, облачно, влажно и упорно ја пеглам косата која е само пет минути права и повторно ми се навиткува во локнизалудно ја изгорев, ама тоа не сум јас туку другата во мене деструктивна личност се јавува.
Во темите како пр. Ниски vs. Високи девојки, ниските се жалат дека се чувствуваат неубаво, па следуваат коментари од типот: Mалото шише и отровот, малите пакувања биле послатките, сите сакале ниски девојки, никој не сакал високи, кои се тие да кажуваат. Како се чувствуваат високите девојки? Висината не се бира. Во темите како пр. Невини vs. сексуално активни, сексуално активните се жалат дека се чувствуваат осудени, па следуваат коментари од типот: Никој не сакал невини веќе, никој немал живци да оди со девица, тие биле глупи, глумеле, кои се тие да кажуваат. Како се чувствуваат невините девојки? Едноставно може сеуште не им се пружила шанса, може имаат некоја физичка маана поради која се срамат, може едноставно не биле спремни. Поддршката и утехата се секогаш добредојдени, ама иронично е и цинично, кога се коментира како не треба да се дискриминира, па се жалиме дека сме осудувани, а потоа да се утешиме, жестоко ја напаѓаме другата страна. Тогаш, тоа што е? Нели тогаш и ние сме дискриминаторите и осудувачите? И како тогаш сме подобри? Едноставно, девица е, па што? Сексуално активна е, па што? Висока е, па што? Ниска е, па што? Па ништо де! Oд кога тоа, ова се пресудни фактори врз туѓиот живот, врз вашиот? Гледајте да сте добри и остајте се на мира, луѓе Доста меѓусебно се осудувате и создавате комплекси за банални работи, обете страни Have a cocktail, be sexy & most important chilex!
Зравооооооо Убав денот се сончав на тераса и фала му на бога фатив боичка.Порано си бев зимо/лето порцелан сега кожата ми се променила или сонцето свети посилно ??? У план ми е вечерва де се пијанчам, си купив Аперол. Ресторан во Италија и видов девојка пие нешто со прекрасна боја и порачката беше сакам такво како што пие девојката хаха. Се дружеме викендите обавезно.Ако има некој што не го пробал топло му го препорачувам.И овоа "топло" зошто секогаш заедно оди со препорачувам??? Ај без прашања сабота вечер е мозокот треба да лета високо без брзина и цел. Бидете среќни сакајте се. Наздравје
Најубавото чуство е да се смееш со некого. И додека се смеете да сфатиш колку го обожаваш тој човек и фактот дека тој постои во твојот живот.