Знаете зошто понекогаш сме разочарани ? " Бидејќи веруваме , дека другите се спремни да направат за нас , она што ние сме спремни да направиме за нив . "
Ве молам да се држите до правилата на форумот а и до насловот на темата. До сега не е избришан пост со емотикон и кратка порака за поддршка иако е против правилата. Има посебен чет ако сакате да си разговарате и да се поддржувате,не го уништувајте смисолот на темата
Најлесно е да си заминеш како никогаш и да не си дошол, но најтешко е да си ја прифатиш грешката и притоа побараш извинување.
Зошто чувствувам некое чувство како „вина“ што таа што некогаш сум ја идеализирал (иако и тогаш имала промискуитетни однесувања), а замислете иако никогаш не ме сакаше (приоритет и беа тие што ја финансираа и се ______ со нив), а мене едно време ме игнорираше како да сум дух, како да не постојам. Што среќа ќе бев................ И на апсолвентска прослава со сите (уште малку и ќе се залапаше, да не беше срамота ), а мене.........само учтиво ракување . И сега гледам нешто на фејсбук, и си велам подобро ослепен да сум ова да не го видев. Уште ли срцево мое ќе го парчосуваш иако едно време те тргнав од мислите (во кои ми беше секоја минута)???
Ти дарил Бог сила? Немаш моментално ни пола од тоа што сакаш? Смирено. Ќе биде. Верба, чесност, труд и љубов. Светот е твој.
Моментално филмови, филмови убави колку ти сака душа има за гледање вечерва, а баш кога има за гледање јас како и секогаш морам да станам рано, кога ке нема да станам рано тогаш па како за беља нема ниту еден филм интересен. Кој баксуз сум вечерва Најубаво ке биде да си легнам, зашо ако поседам уште малце ке се загледам уште филм и сабајле нормално ке плачам кога ке нема да можам да станам Ај добра нок
Лани беше со другарот на дечко ми, а сега мажена за друг, со бебенце. Често се инатевме, не се "мирисавме" баш, а сега... Гледам слики на ФБ, и ми фали. Сакам да ја видам, да си поразговараме малку, за сè што се случи, откако се видовме последен пат. Со чаша вино (таа со сок, бидејќи дои), како во старите добри времиња.
Long time, no see. Немам многу време за форумов, барем не да пишувам, ама си читам редовно. Некогаш си ги читам старите мислења и смешно е колку многу се менува со тек на годините. Она - 'Никогаш не вели никогаш' добива сосема друга димензија, кога вака црно на бело ќе си прочиташ свое мислење од пред неколку години и споредуваш со личноста која си сега... интересно. Вие, како сте?
Сдк иако понекогаш сум мн нервозна, изморена не ти обрнувам доволно внимание. Сакам да знаеш дека те сакам ко првиот миг.
Недеља и сви сте ту, све подсеча на сречу... И беа тука. Сите. И сакани и помалку сакани. Сами бираме дали ќе бидеме среќни. Сами си ја кроиме судбината. А таа курва е. Ама бидете и макро. Продајте ја најскапо. Направете таа да работи за вашата среќа. Зацртајте ја врз вашите соништа. И силно посакувајте. Ако посакате нешто силно и искрено ќе го добиете. И ќе бидете среќни.
САКАМ ДА КАЖАМ дека рекламата на станава за Вип комбо и фемили е најглупавата,најбаналната реклама и апелирам да прекине да се емитува на фемина затоа што не можам да отворам статија а да не почне од почеток и не можам да ја слушам више нервно попуштаммм фала
Познатиот синдром на македонското општество наречен врски е несомнено коренот на успехот во секоја област кој кога ќе се протне во институционалните простории преминува во ургенција што подмолно се трансформира во приоритет. Брзи потези за пократок пат до целта. За многумина сон без јаве.
Има повеќе категории на луѓе што ме нервираат. Онакво благо нервирање, не до степен на омраза, ама зачинето со превртување очи и оговарање со мајка ми. 1. Ти нуди услуга што не си ја ни побарал, и се навредува ако не ја прифатиш. И после тебе незгодно, и него незгодно, и ти испаѓаш крива. Напаст. 2. Мисли дека е кул да збори дека нема пари, а сите знаат дека е во океј финансиска состојба. Ова обично се случува со средношколци/ студенти што сакаат да се вклопат во друштво. 3. Обратната ситуација, фрла пари на глупости, па уште и исмева други луѓе со финансиски проблеми. Па ем неодговорен, ем ќе исмева некој што работи. 4. Ако некој што го познава успеал во нешто, тој секогаш има поголем успех за да го засени. Што, работа нашол, тој од 18 години работи! Се оженил? Тој ако сака може и утре да се ожени од жените што трчаат по него. Купил кола? Тој поголема. 5. Ако некој се пожали дека го боли нешто, ликов секогаш го боли нешто друго повеќе. Муабетот обично вака тече: - Леле глава ме боли цел ден. - Ќути брат, 3 апчиња испив од сабајле, плус стомакот ме искина. 6. Не почитува туѓо време. И овој е најлош од сите набројани.
Полошо од човек кој не знае да подари внимание е човек кој подарува внимание за утре тоа да ти го спомне.
Јас денес..учам учам и по некое време ми текнува дека можам малку да се опуштам и да пуштам некоја музика во позадина..5 минути подоцна гледам BEST WEDDING DANCE EVER !!! FAIRYTALE WALTZ Како ?? И ајде еве танц си најдов за свадбата уште маж да си најдам и тоа е тоа хахах
Периодов толку многу се изнагледав матури кои беа лајв по социјалниве мрежи, што исто како да сум бил на матура.