Муабетот "мене не ми е битен подарокот, сакам да ја поделам среќата со блиските и да присуствуваат на мојата свадба" е точен ако и само ако на поканата напишете гостите да не носат поклон, под ниту еден услов. Кажете како сакате, сепак тие 1000 денари кои покриваат порција и те како значат. Во принцип, доколку поканетите се само луѓето кои навистина ни значат, тогаш свадбата нема да има повеќе од 30 гости.
Одморот по крајот од годината во средношколски денови ми започнува со следење директни преноси на мечови на Вимблдон. Значи месец јуни обично човек може да ме најде во соба, и знаат дека не треба да ме чепка никој.Тоа е мојот старт на распустот. Оваа година иронија е што Вимблдон и Ролан Гарос, кој официјално започнува денес, се поклопуваат, а јас нема да гледам ниту еден меч. Благодарна ќе бидам да гледам финале на некој. Во чест на летото.
Не сакам веќе кога ќе ни дојде некој на гости и ќе ме гушне и ќе почне да липа " зошто мораше и ова да ти се случи " ќе ја погледне малата и ќе се удави во река солзи. Не , не сакам никој да плаче ..зошто јас неможам да плачам повеќе , исплакав се за 10 животи. Ме боли мене повеќе од сите вас. Сведочи побелената коса на години кои требаше да блескаме најсветло со мојата ѕвездичка, ама мајка ти секогаш ќе блеска пред тебе . Како ништо да не се случило , како ништо да не ми го откорна срцето ... Ѕвездичке моја ,твојата мајка секогаш ќе наоѓа љубов и среќни мигови за тебе , иако од неодамна умре.
Нешто размислувам... дали да ја изедам таа преостана mozzart куглица која блеје сама у кутијата?! ... Извинете, не стигнав да ја сликам хахах Aj
Многу ме нервираат луѓе кои напразно ветуваат. Трчи-лажи луѓе. Кога ветувам нешто, особено кога се работи за помош, се вложувам максимално и помагам од срце, а не колку да излезе од ред и да ми се тргне од глава. И ако немам време, не се нафаќам на ништо, а не пак да ветувам брда и долини и на крај сето тоа да испадне празен муабет. Толку ли е тешко да се каже НЕ, навистина не ми е јасно.
Сдк дека на мојата убавица денес и беше роденден ме дрмаше цел ден некоја еуфорија среќа нека трае ова чувство убаво ми е П.с има уште торта кој е за ајде нека повели
Ми се смачи да ми водат есап сите дека треба да ослабам. Ко божем јас да несакам да го тргнам вишокот кој ми се закатанчи Ми се смачи веќе од муабети за диети,ако одам некаде на гости или ми дојдат мене,упорно за диети и дебелина се зборува. А најмногу ме нервира кога ќе си ги креваат маиците пред огледало и ќе викаат види колку ми е рамен стомакот.... Не сум љубоморна,само во тој момент се осеќам потценето...па ќе почнат да ме судат како сум уживала во храната а тие читај се одрекувале од се за да бидат витки. Ма немој да ме јебеш бре,ми е гајле мене. А вас ви е гајле што имам проблем со бавен метаболизам,море пребавен,гајле ви е што имам проблем голем со тироидната жлезда,гајле ви е што менструален циклус добивам двапати годишно и принудена сум да се клукам со вештачки хормони,па ако незнаевте се ова е плус фактор да изгледам како што изгледам!! А далеку од тоа е дека несакам да сум послаба
Немора да се чекираш дека си породена во приватна болница... Се гледа од твоите предходни 3 слики каде во преден план е амблемот на болницата!
Можеби си моќен денес,но утре... Времето и околностите постојано се менуваат. Додека птицата е жива јаде мравки. Кога ќе умре мравките ја јадат неа. Од едно дрво може да се направат милиони кибритчиња,но само едно запалено кибритче може да изгори милиони дрва. Затоа никого не омаловажувај и НЕ повредувај. Можеби си моќен денес,но запомни времето е многу помоќно од тебе. Добра ноќ
Учиш ко луд и се подготвуваш за испит, исто ко животот да ти зависи од него. Седнуваш малку на фб да направиш пауза вака доцна во ноќта, и гледаш приклучен колега. Па почнувате мал разговор. Јас: Досега за времињата читав, сега малку одмарам. Тој: Кои времиња? Аааа нееее, не треба за нив.... Јас: Како не треба? Рече за нив да читаме. ТОј: Не, не, не....За другите треба...(Ми објаснува за сосема други лекции) Јас: Ама тие не ги поминавме. Тој: Ако...Еве имам запишано, се видов со неа во кабинет и ми објасни...Треба сите примери....1000% сигурно. Јас: (падната во несвест) Сфатив дека сум изгубила време на погрешни лекции, додека тие што ми требаат за испитот НЕ ми се отворени...И си седнав на фемина Во позадина ми се симнуваат Очајни домаќинки И плус ми пишува некој тип да ме земал Германија Мене пред очи не ми се гледа, па кутриот го отерав кај мајка му *НервенСлом *СрцеСкршено *УништенаДоКоска
Заради политичкава ситуација не можам да одам на одмор. Се со рокови сум па нема кој да потпишува. Потписите од надлежните институции не важат. УПМ
Се чудам цело време како може да се убивам од вежбање и тежината да ми е иста, и денес се качувам на вага, гледам 78 кила. Се симнувам, се качувам пак, 52. Пак уште еднаш, 127. И сфатив дека вагата ми е расипана. Сега или огледалото ме лаже, или сум во некоја сериозна заблуда.
Неможам да ви ја сватам новава мода,со луѓе кој не се дружам и не сум во контакт,кога ке се видам секој муабет да ви е,еј брат ај деновиве ке те барам за кафе,еј брат ај да пиеме кафе деновиве а?Абе дали имате бе грам мозок,лицемерие ужасно,луѓе кој немаат осет.Никогаш нит ке пијам кафе со вас,а ни па некогаш ради муабет само да се најдеме,ке ви спомнам да пиеме кафе.Кафето со кој го пијам,се луѓе кој ми значат премногу во животот,луѓе кој рака даваат за мене и јас за нив,луѓе кој ми се целиот живот до мене,и да можеби ке звучи неубаво и глупаво,но не дозволувам секој да седне со мене и кафе да пие.Не јас си го ценам моето време,и си го почитувам времето поминато со драги личности.
се додека самохраните мајки, дебелите девојки и оние малку поразлични од вашиот тип на жена не ви одговараат, мажиња, не кукајте кога ќе најдете некоја совршена - а немате деца со години....да не можеби таа абортирала и вас не ви кажува? дали можеби знае дека нема шанси да има деца воопшто во животот, а сите од нејзина страна кутат? затоа, маженца кои мене ме заобиколуваат и ме плукаат бидејќи имам дете и сум самохрана мајка, читајте уште еднаш - јас имам семејство! јас имам некого за кого живеам. некој кој ми е иднината и гордоста. некој кој ми направи цветче за осми март, кој секогаш кога него нешто му даваат му вели да ми дадат и мене. ако некој не е маженце, туку е баш ок маж, нема да му смета да биди дел од нашата фамилија.
Седам пред Божјиот храм. Сонцето и облаците ме греат/ладат наизменично. Ветрот нешто ми шепоти. А најголемите дијалози се водат сам со себе... Најскришните прашања и најтешките одговори, се множат сами, и во најглувата тишина најгласно одекнуваат...
СДК Не верувам во случајности, се се случува со причина. Сакам да верувам дека секое лошо за добро е. Сакам да верувам дека се што ми се случува преставува животна преокретница, искушение или Божји патоказ... сакам да верувам дека го допирам дното и запаѓам во темна бездна затоа што Бог сака да ме направи посилна, поборбена и похрабра личност. Можеби ја изгубив вербата во луѓето, се откажав од многумина кои ги сакам, а ме повредиле, но едно знам не се откажувам од од своите соништа ниту од вербата во Бога затоа што само тој единствениот кој може да создаде светлина на патот по кој чекорам.
Сакам веќе конечно да ни го поправат лифтот,за да не случајно станам во задницата како Ким Кардашијан или некое друго митолошко суштество, пола газ-пола човек