Во контекст на неколку реда погоре... Мирисот на липите во приквечернината крај кејот на Вардар, позитивни насмеани лица, џагор на мали дечиња, птиците црцорат. Студено нес во ранец и мојот компањон Чарли*, се дружиме по скопските улици, чиниме спомени. *така си го викам фотоапаратот
Одличен топол ден ,џогирање на кејот на вардар,убаво е човек да гледа насмеани луѓе,кој спортуваат и уживаат во спортот .Секој ден све повеќе и повеќе луѓе на кејот,тоа ми се допаѓа искрено.
Имам еден колега на дм на фб. 30 години нема девојка, не ни имал. Мајка му...става полуљубовни слики со него... тиха језа. И на истите коментари - љубовта моја, кралот мој, принцот мој, царот ној, мојот голем маж, мажот на мојот живот... Он па ги одобрува сликите на профил... Како да си го уништиш синот у два потези. Ете така!!! После цацко е крив ако остане сам цел живот или ако дојде снаа, зла снаа... Роденден честита јавно со среќен роденден мамичке, јас засекогаш ќе бидам твоето мало пиле. Ок гаси интернет. А дечко грамада, па и ок изгледа...ќесеотрујам. Праевме и мекци и палачинки за фамилија мачковци со блиски гости. Ко што е редот.
Во контекст на муабетот што се вртел овде попладнево. И јас го имам приметено ова, и на форумот и во приватен живот. Во глобала најмногу се пречкам со оние во кои се препознавам себе. Јас со оние со кои најмногу се имам исконтрирано на форумот, баш со нив делам потполно исти ставови на скоро сите теми, ама карактерните особини се оние кои што ме нервираат па на крај знам да се спукам со нив по темите. Исто и во приватен живот. Имам приметено дека со шкорпии како мене прво ке се хејтаме до бесвест затоа што сме исти а потоа ми стануваат личност со кои мислам дека цел живот ке одржувам контакт. Чудно е, не можам да го дефинирам целосно...
Кога ќе научиш нешто преубаво од девојка и од момче кои имаат 20тина години а ти си деценија постара - си велиш еј мајката. девојката ме научи да не мразам, а дечкото - пааа да не се замарам со другите луѓе туку да се фокусирам на успехот на професионален план. срцки сте вие двата, се надевам дека вашите соништа ќе станат реалност - ма какви и да се. Конечно паднав во јато каде не се осеќам како чудак, или фрик, туку дека сум од малкуте кои мислат прогресивно во овој уназаден свет. Конечно шарената птица падна во јато со исто толку шарени птици, во овој црно бел свет, ние сме светлината.....
Сакам да кажам дека поголема мотивација од последен колоквиум и положено се од до сега поминатите - нема. Дури и испитот си викам ќе го поминам лесно ако толку сум мотивирана.
Ги ставиле испитите ден за ден и ќе се чудат зошто се слаби резултатите. Не се свесни луѓето колку труд треба да се вложи за да се научи испит и да се полага усно. Цел Јуни празен. Само еден предмет ставиле на лрај, два ден по ден. Вработената на студентски ако го правела, зошто професорите викаат дека тие не го прават, изгледа си има проблем некој во главата. Ете ми доаѓа да се изнаразвикам, а сакам се да полагам... ама нема време се да се научи :'( . Од страрт те кочат!
Сфаќата моја форумска ја мислам деновиве. Сфатот, иако сум му налутена (си знае тој зошто) не можам да го изоставам. Сепак му посакувам тоа што во моментот му се случува да мине и да му биде нов почеток. Почеток каде семејството ќе му биде на прво место. Верувам во човечка судбина и знам дека патиштата ќе ни се вкрстат некогаш , иако можеби ние нема да знаеме. Нека и е среќен роденденот на малата @♡BuBaLe♡
Имав еден ваков удварач. Уф леле, и се јави на мајка му на сред вечера во ниедно време. Да и кажел дека убаво си поминува и скоро ќе и донесе снаа. После тоа инстантно избегав. И пишав на другарка ми 100 пати по ред панично да ѕвони и да ме спаси. Толку беше упорен што уште мајка му не ми се јави. Едвај го откачив.
Како го откачи жити се? Јас уште мака мачам со еден тип. Знае дека не сум заинтересирана, му кажувам дека се глеам со друг и пак. Еднаш искочив после молење викам ај... Бев со друштво не насамо со него и во еден момент приметив дека ме буља без да трепне. Ептен језа ме фати. Упорно скоро пола година ме моли за кафе.
Не му кревав.Во меѓувреме добивав реферати на тел и фб каде нормално беше спомната мајка му. Неколку пати го откачив на фин начин, па увидов оти со финоќа не бидува. И заборавив да спомнам дека нормално уште нема половина до себе и уште постира слики со мамица ,нај нај на свет у се.
На муабетот за мајките и синовите... Скоро еден таков син имаше роденден. ФБ профилот полн со честитки. Луѓе пишуваат на неговиот профил среќен роденден. Мајката, на сите поединечно, враќа со фала многу. Или благодарам многу, повелете на торта.
Интересен но пред се трагичен феномен е фактот што луѓево не знаат како да се постават према злото. Ако се согласиме дека е зло да се подржува власт што краде, убива, затвара, ствара сендвич-вредности и го сере општеството на секој чекор - тогаш како се поставувате кон оние кои тоа го подржуваат или дури и активно учествуваат? Им кажувате добро утро? Тоа што банализирале смрт на деца или арамилак и го спинувале тоа како неопходно па дури и како национален интерес не ви зборува доволно за таквите ликови? После 11 години? И можете со такви да пиете кафенце и да си муабетите како ништо да не било? Не верувам дека некој би се однесувал пристојно кон педофил или садистички убица. А со некој кој вели дека е во ред силувањето деца и го релативизира? Не? Веројатно не. Но гледам секојдневно дека луѓе се однесуваат пристојно со подвижни сендвичи, во реалниот и виртуелниот свет и не знам каде е проблемот со перцепцијата.
Телеком се извини што нивните услуги беа недостапни. Во месец јуни дупло интернет. Колку е дупло од неограничено?
Наставничка со 20-30 дечиња на екскурзија префрла на сред најпрометната улица и им се дере " ајде, ајде, ајде побрзо фатете се за раце и во редици! " Пешачки премин на 50 метра. Тоа ли е наставничка? За тоа ги пуштаме нашите деца во школо?