Политика на фер користење и во минути разговор е 1500, без разлика што ти склучуваш договор на неограничено. Е сега за нет незнам како е
Ааа како не...затоа месецов случајно ни го преполовија и плус се јавија за некои сметки што никаде не се јавуваат ко неплатени ама ете сега ги има.... Туку на дечко ми му нудам да проба нешто, а он на тоа ми вика - досадна си ко Фани со фустаните и досетките во Хроно групата.
Мене сметката ми е различна секој месец. Фиксни броеви имам 2, не ги користам. Телевизија не мерат кој колку гледа. Интернет неограничен. Филмови не купуваме од видеотека. Прашав зошто ? Ми рекоа за трет ресивер. Ми поставиле во февруари. Мене истиот ресивер ми е платен и поставен пред најмалку 4 години.
Сега ви кажаа со ресиверов?! Нас преод од не знам што на магента за пола месец сега ни се јавија за опомена. Некои 2000 денари ама пази иронија, месеци уназад зимавме телефони, а за тоа треба да имаш се подмирено инаку не можеш да земеш, те покажува дека должиш за било што. Е сега не, одеднаш магично го покажува ко долг, а платено е, но на фактурите не стои прецизно за што е платеното. Плати па жали се кај сакаш ако не на повисоко ниво ќе оди... Е тоа ни е екстрата за јуни...
Да, им кажуваме добро утро. И пиеме кафе со нив. И контактираме виртуелно со нив. Што зборуваш ти?! Каков пост. Свесен ли си дека пишуваш, поентираш на меѓусебна омраза меѓу луѓето ?! За што ?! За партија, за политика ?! Браво за тебе. Јас не знам каде е проблемот со твојата перцепција. Бога ми, со ваква девиза за уништување на различното, не ни сакам да знам.
Затоа е ситуацијата на ова ниво, затоа што таквите немаат апсолутно никакви последици за злото што го прават. Ако веќе правниот апарат беше во нивни раце и од легална страна не можеше да се очекува да бидат казнети - останатите можат барем да ги игнорираат таквите. Најмалку. Затоа не се чудете после што смртноста на бебиња е највисоко во Европа. Или што примањата се најниски. Или што не вработуваат трудници и самохрани мајки. Или што не може да се наплати ниедно побарување. Пошто кога некој ќе го релативизира и брани тоа, вие ќе пиете кафенце со таквите давајќи им сигнал дека не ви смета тоа што го прават и што го бранат...
Денес навршуваат 7 години откако постојам како член на форумов, но активно учествувам 3 години. На почетокот сосема поинаку гледав на него во споредба со сегашниот поглед. Ова сепак не е само еден виртуелен свет кој го сфаќаме несериозно. Секој нашол некој или нешто овде. Секој има некој или нешто што го поврзува со ова место наречено Фемина форум. Кога дојдов тука, воопшто не ми паѓаше на памет да се дружам и да запознавам некој, а уште помалку приватно да запознавам, лично, вистински. Да ми кажеше некој дека тука ќе најдам личности кои ќе ми станат баш мили, не би поверувала. А уште помалку би поверувала дека ќе најдам личност која ќе е и повеќе од пријател. Тука се нашите болки, стравови, радост. Фемина форум е сведок на многу животни приказни, на многу животни промени. Низ различни периоди имало различни актуелни членови и форумот се менувал. Се надевам дека во иднина ќе биде уште подобар и поквалитетен, а односите меѓу членовите поцврсти. И уште нешто. Денес е роденден на една блиска личност. Се радувам што ја имам. Би ги почастила сите.
Љубопитноста или почитувањето на туѓата интима и приватност — тоа што ќе избере човек да преовлада кај него во разни ситуации, многу зборува за неговата култура.
Инди музика, бели ламбички запалени и свеќа која само мене ми мириса на море. Истата која ја мразев заради меморијата која ми ја буди. Друг пат за мирисот кој го остава, укривувајќи ги хормоните. Сега ја сакам, како мое себство. Мириса на кајсии, на лето и истурено вино. Магично ми е во собава и меланхолично. Липовиот мирис посебно ми ја гали душата, па не сакам да заспијам. Ова е мојот сон.
Ама јас ништо, он. Ја вика еве ја Куролешоска . Или вика, сите сте пеперутки, само Фани е мува! Има многу досетки по тема Фани ама ќе се воздржам.
Нема поубаво нешто од тоа кога ќе слушнам дека едно бебенце дошло на свет. Ми се топли душата. Ми наидуваат солзи...
Поголемо понижување на жена не постои од "сугестијата" да си најде богат партнер. Like incapable and low intelligent human beings. Барем јас така гледам. Се фасцинирам од "советите" на постарите лица...
СДК Почна за мене најубавиот месец во годината...Месец во кој се родени најмилите личности во мојот живот
Кажете НЕ на дрогата! Ниту е мангупски, ниту откачено, ниту урбано, ниту пак решава некој проблем. Напротив, прљаво е и ве уништува! Бидете вистински мангупи и живејте здрав живот и најдете среќа во истиот! За се има решение, секое лошо кога тогаш ќе помине! Младино наша, сакајте си го животот и живејте го здраво и за вас и за оние кои ги сакате и ве сакаат!
Велат од грешките се учело..и не требало тие да се повторуват.. А ќе ни дојде ли некогаш нам паметот..да престанеме да ги повторуваме истите грешки и да прифатиме да ги сносуваме нивните последици.. Близначе мој убав хор знак..престани да се навраќаш на истите работи од кои некогаш некој премногу страдал...не е убаво некој да страда заради твои ќеифови...
1-ви јуни. Нов месец, месец на летото, нова влада имаме од денеска, навистина прекрасен почеток на месецот. Ајде нека ни тргне на сите со убаво.