Три, два, еден. Старт. Сонце пече, од 7 часот сабајле почнав да се потам. Хормони ли се или до толку е жешко. Бидејќи не гледам, се потпирам на слух и мирис. Слушам доста добро, може да се пофалам со тоа ама за мирисање сум како манијак. Може во маркети на камерите позади ме гледаат како ненормална, ама тоа овошјата и зеленчукот ако не ги мириснам, како да не биле Се завртев вчера по едни кајсии, толку преубаво мирисаа, дека одамна не сум ги мириснала мислам во детство се вратив. Имаше откуп на кајсии во маало, гајби се полнеа, во двор имавме неколку дрвца, секогаш полни. Вчера татко раскажуваше како берел цреши на дрво, црнцици, како се качувале по дрва, јас тоа не сум правела. Ама заборавил татко дека во двор само мали дрвца имавме и еден голем орев, па на него се пентаревме кога игравме. Сега ли да се борам со дрвјата? Некако не ми личи да скршам сега нога, нема да заздраве толку брзо Се поправив. Убаво изгледам. За прв пат во животот ја имам оваа килажа и ми прилега морав да се пофалам А вие, имате ли крадено цреши од туѓи дрва, како деца? Очигледно итс а тинг. Се спремам за на одмор. Ај лав самр
Ви беше страв и некој рандом лик кога ќе напише нешто што вам не ви се допаѓаше. Обично мислење од обичен граѓанин со свое видување. Некој рече "векот е тркало".
Малку е глупаво да речеш дека ќе дојдат и твоите пет минути, бидејќи животот е круг и секој ги добива истите - истовремено тие и поминуваат.
До 29годи се жениш сам, до 35 те женат други, до 45 те жени господ, а после 45 години не те женат ни пораки на DM SAT...
Цел живот ми помина во страв или во брзање,и тоа во голема мера. Знам,контрадикторна сум сама на себе. Ама колку и да несакам да си признаам,јас сум една кукавица,да кукавица која од страв и одредени предрасуди си дозволи да пропушти многу важни работи во животот.... А од друга страна пак,многу често се случува да избрзам за нешто и потоа хаосот и последиците да неможам да ги средам долго од таа моја непромисленост. И кое би било решението?! Комплицирано е знам....
Пред некој ден бев на гости кај блиски пријатели што имаат мало девојче (нема уште ни две години). Си зборувавме ние, тв беше пуштен, а таа си играше. Случајно се завртив накај тв и ја гледам како малата оди кон него, а во раце држи влажни марамчиња. Играше некој филм, и некоја жена плачеше, а малата одеше да и ги подаде марамчињата. Застана до тв и викаше: - Не пачи, не....И даваше да земе марамче.... Па со рацете си го фати лицето и правеше ѕеее ѕееее, и се смешкаше кон екранот....За да ја расположела таа што плачеше. Ние ја видовме и почнавме да се смееме, а таа како да се засрами и си замина со трчање Мајка и рече дека секогаш така правела кога ќе видела дека некој плаче....И во живо и на тв....И познат, и непознат....Ќе дојде, ќе те гали по рака и ќе ти прави ѕеееее за да се насмееш. Додека сме мали имале многу поголема човечност во себе. После како растеш, ги гледаш какви се луѓето и сфаќаш дека нема потреба да бидеш толку добар со сите. Се надевам дека ова мало ќе продолжи да биде добро, ама останатите нема да ја користат нејзината добрина.
Денес малото прсте, утре до малиот прст, минатата недела маичката, па рачињата, ножињата, па сликнато само мешето... Па моето дете е посебно и совршено а не како вашите па одма да ги сликате. Ова ќе го гледате делче по делче и на крај ќе ви го покажам, малку да ве држам во неизвесност, бидејќи целодневно сте преокупирани со тоа да го видите комплет и за ништо друго не мислите, само го чекате него. Аии колку сме оригинални, најбоља мајка у свет со најбољи бебе у свет, одјебете вие копнени животни што постирате слика од вашите деца, треба како сложувалка да се најавува прво. Немам ништо против, кој што сака нека прави, ама кога се прави вака јавно па смешно и патетично ми изгледа.
Си зборувам со себе или пишувам мислење. Сфаќам дека е премногу без чувства и го бришам или ги голтам зборовите. Ама факт е дека на сите ни е сервирано токму она кое најмногу го заслужуваме.
Нјагрдиот период од годината дојде пак за да ми го зетне носот и да не можам да дишам. Но ова ужасно чувство не е на прво место. На прво место се нелакирани нокти на отворените прсти во сандали. Според мене најгрозно нешто на човечкото тело се прстите на нозете. Нечии се толку гадни што не треба без чорапи да се шетаат. Не сум сакала сандали од никогаш. Потење секаде од главата до зад колената. Тахикардии и главоболку. Мразам лето.
http://m.idividi.com.mk/News.aspx?IDNews=1141117 Божееее, мода стана да ти изгледаат прстите ко гангрена да ти имаат...
Кога сите му се радуваат на сонцето, а ти уште од првиот јунски ден си приморана да ставиш дебел слој крема со заштитен фактор 50 на себе само за обична прошетка низ град, зашто си толку бела, бледа, дури проѕирна. Почна летото, почнаа и маките со мојата чувствителна кожа