Сакам да споделам вест што ме радува http://www.vest.mk/pocetna/makedoni...-so-voz-od-belgrad-do-solun-preku-skopje.nspx
Само на вакви трапави раце како мојте,може да им се случи да го си го скршам телефон,аххх срце ме боли бре луѓе,еден куп пари,кој ке дава сеа 400 евра за екран?секако дека нема да го правам,ајт нека иде на делови.
Слободно налутете се феминки мои... оти само тогаш ќе видите на кој му значите, а на кој не... Оној на кој му значите нити 5 минути, нити 5 одбивања ваши не ќе поднесе ... Оној на кој му значите ќе ве бара, ќе објаснува, ќе се покајува... Оној на кој му значите нема ни 5 минути да ве остави во таа лутина оти ќе знае дека тоа носи пукнатини на вашата слика за него, на вашата поврзаност, на љубовта ваша.... Затоа налутете се слободно, вие залсужувате да знаете кој ве сака искрено!
Најтешкото нешто во животот... Дефинитивно е да освоиш нечија душа. Да ја освоиш со љубов. Страв ми е и на себе да си го кажам ова, ама се радувам како малечко детенце. Што доживеав, доживеав да допрам едно срце. Срце исполнето со мрак кој го заробил целиот живот во него. Ни сама не верувам што слушнав.. „Ми се залепи за срце како никој досега!“ „Од мене, секогаш, се’ ти е простено.“ Знаете... Ова е најубавото духовно чувство. Некој да стекне доверба во ова време кога царува недовербата, лицемерието... Слава на Бог! Дишам повторно....
дечкото што го сакав од 2013 и за кого изгубив тотална надеж и мислев дека крај е готово нема никогаш да ме примети во мојот преостанат живот ме праша дали сакам да се видиме
Денес за прв пат во животот погалив крава На листа од најдобри доживувања ми влегува Мислев дека ме сака, постојано ме следеше, а таа само сакаше да и дадам нешто да јаде Ама срце како ми растрепери. Знаете оние видеа каде родителите ги радуваат децата со мали кутриња? Таква радост чинам осетив. Убавина. Колку беше прекрасна. Сакав сите муви што ја опколуваа да и ги утепам, зашто очигледно многу ја замараа Кратка ни беше средбата, ама во срце си ја носам. Најискрено. Ми го направи денот И така опијанета од љубов и прејадена од цреши го обележувам овој петок што изгледа како сабота. Охридски биле црешите, затоа црви не фаќале. Нормално, се што е охридско е добро. Освен бившиот мој. Океј, и тој не беше лош Ме очекуваат многу пријатни средби викендов, а пмс-ов ме тера на кавги. Делувам благо ненормална. Де како во блажена состојба, де како за во ринг. Со среќа нека им е на тие околу мене
Треба да се молиме за сите што зборуваат лошо за нас, и да бараме од Бога да им подари покајание, просветлување и здравје, а во себе да не оставиме ни трага од омраза кон нив.
СДК вака касно во ноќта кога сите спијат ми е најубаво. Единствено што слушам е сопственото срцебиење и дишењето... двете нешта што ме одржуваат во живот. Вдишувам длабоко и ми се треси телото. Понекогаш најтешките прашања и задачи сами си ги поставуваме. Ги осеќам вибрациите низ целото тело, се прашувам што е тоа што се движи во мене додека мрзеливо го пишам ова неподвижно лежејќи во креветов. Изгледа пак ќе се изненадам себеси. Се губам на моменти, па се враќам. Смачено ми е да играм брканица сама со себе цело време....
Прекрасно започнат ден... Мојата глава на неговите перфектно обликувани гради, мир и тишина која полека ја растура птичја песна, нежен но и помалку бодликав бакнеж и... збогум памету Ај сега чао, отидов под туш