После ова срам ми е да кажам дека до пред некој ден не знаев за човеков. До октомври можеби ќе најдете некој што ја продава својата карта, не губете надеж.
Дали само мене она, во врска е, верен/а е, во брак е, не ми е гаранција за ништо? Знаејќи колку луѓево денес си шараат наоколу, ова погоре ама апсолутно не ми дава никаква сигурност дека нешто е безбедно и сигурно, дека нема да се брцне настрана.
Кечо...кечо...кечо... Дека си ептен паметен и мил дечко ти простувам. Тоа што си троа бааајѓи помлад не е оправдување. Ама! Ама мора сигурно да знаеш бар две-три негови песни, ама не си знаел кој ги изведува. На пример: Спојлер . И да не ги знаеш, поздрав од мене, музика за душа е, па уживај! Само што прочитав дека Авалон ги носи во Скопје, урлав од радост низ дома. Вриштев, пиштев, на тв на јутјуб само Стинг се вртеше.... Се јавив на мајка, на другарка ми, на брат ми на дм забораив сеа ми текна И отидов да се пофалам колку сум среќна во ФМЌ и дека од Авалон очекувам уште Колдплеј да ги донесат и ништо повеќе. Тие ми се тие два концерта кои ми се непребол. Од кои едниов.. 99% го пропуштам. Памет за друг пат. Кога сакаш нешто, -не чекаш! ************************ Живот. Не знаеш колку долго го имаш. Дојдов дома, пак без татко. Одамна не дошол дома и одамна немаме иста дома со него. Само што јас одам да го посетам, а веќе 5 години тој мене не. Мојата е променлива...неговата вечна. Некои работи не знаеш колку долго ќе ги имаш. Да знаев, ќе уживав повеќе, а ќе плачев помалку. Ама кој можеше да знае... Од толку многу зборови во речникот за користење, највеќе ми фали да викнам тато..
Како да ја преточам болката а да не звучи клише? Не постои начин за да ти кажам колку ебено ми недостасуваат моментите поминати заедно. Брзото возење на мотор во недела наутро, дремењето на кеј, и нашите длабоки разговори кои испарија со димот од цигарите. Ми фали да ми се јавиш и кажеш да не се појавувам без флаша пиво, а јас да ти се жалам како ме мрзи да чекам редици во продавница. Ми фали да ми ѕвониш во недела само за да ми кажеш дека не чини да спијам до доцна пладне. Да организираш собиранка за картање, да го ставиш шпилот на маса и речеш ''денес ослободете ме од делење''. Ми недостасува твојата уникатност. Твоите кул фори, бескрајната либералност, интелигенција и лојалност. Твоите волшебни колонски води и очила. Вчера се сетив на денот кога ветивме дека еден ден заедно ќе заминеме од овде. Дури и датумот го паметам. Целиот тој филмски момент кој се претопуваше во жарот на твоите очи, со силината на мирисот на тревата во позадина. Зошто ме излажа? Зошто мораше да ја подариш душата на сивата прашина? Ти викав дека треба да го забавиш темпото, ама ти не сакаше да слушаш. Твоето мото беше дека сакаш да умреш млад. Да, ја оствари мисијата, ама зад тебе остави еден куп солзи, прекриени огледала и прашина. Седум месеци и девет дена како розите се таложат на твоето вечно почивалиште брате мој, а јас не престанав да бројам...
Подај рака, помогни! Не чекај ништо за возврат. Ни благодарам, ни возвратна услуга. Помогни од срце. А Бог е тој што гледа и дарува. Се доаѓа во свое време. Само стрпливо чекај...
дека изгледав филм што ми ги смени мислењата за животот, љубовта, среќата, пријателите...за се. многу позитивно делуваше на мене, не можам да се препознаам
Aко сакаш другите да се однесуваат поинаку со тебе, прво смени го својот однос кон себеси. Ако не научиш да се сакаш целосно и искрено, нема да те сакаат ни другите.
Како ли може еден човек волкава негативност да држи во себе Животот е еден живеј го со насмевка и позитивност.
Се додека правиме нешто за да ги импресионираме другите не не бива. Никогаш нема да најдеме мир. Вистинскиот мир доаѓа кога си задоволен со себе и кога не ти е галје што мислат другите за тебе.
http://www.crnobelo.com/zivot/rodit...uvaat-zaradi-losho-vospituvanje-na-roditelite Ако на некој му е смешно или глупо ова, поарно нека скролни надолу и да не го чита. Тукушто го потврдив моето мислење дека лошо сум воспитана. Според статијава шо е доста точна. Е сеа, тие шо имат добри родители нема да разберат колку и да им душа сака. На таквите ќе им речам да бидете благодарни на Бога за тој дар, кои за жал многумина го немат. И да го цените то...оти еден ден тие ваши добри родители ќе ги нема. Нека ви бидат најдобри другари, оти некои никогаш нема да го доживеат то. Не знам колку добро ќе звучи ова за вас другите, кои сте во иста или слична ситуација како мојата, ама се надевам ќе значи барем малку. На крајот на денот, знајте дека оној кој секогаш останува покрај вас сте самите вие. Но знајте дека не сте сами, колку и да ви е лошо и без разлика низ шо поминувате. Не сте единствените кои поминувате низ една од најужасните ситуации која засекогаш остава лузна во човековото срце. Научете ги лекциите кои доаѓаат покрај вакво искуство и гледајте да ги воспитате децата во психо-физички здрави личности, не ги правете истите грешки. Би препорачала да го зачувате текстов и да го читате кога се чуствувате лошо поради родителите. Поздрав
Многу работи сакам да кажам еве една од тие, сликава ќе каже све.. Ова е мал дел од шутот во мајката природа.
Се молат членките на форумов кои до вчера пишувале по темине за фетиши како сакале да се лапаат со женски, и у тројка, и кои не се невини , да не плукаат по хомосексуалци, трансродови, и ,, виновни ,, , и да се прават ептен мега - гига религиозни, оти до вчера ни они не идеа нешто многу многу по атерот на нивниот Бог... Амин.