Моментот кога госпожата со големо Г,ќе искоментира. -Не јадам благо да ме соберат девојачките фармерки! Јас и немам такви.И одамна помина времето кога од нив правев торби. И бидејки немам , јас се мислам да удрам на сладоледот. Убавина!!!
Леле ова грлото..душа ми изваде дишник ми расипа стомак гладен ми остави мозок ми поремети глас ми намали-јас и така сум тивка,сега тивка,најтивка како избањано мачиште ете така ми е филинго никаков Чекај малце..знам шо му е!Болно е Море до некни симпатијата го сонував,а сегаааа...Сега муцее..леле сегааа Сега 100% камења сонувам штом вака кога голтам како камен од оние биг мама типот Да да сигурно еден БИГ РОК имам сонувано вчера..да да..од сега додека не ми помини моето грло не е повеќе грло-БИГ РОК е сега треба во матично да одам за промена на грлино име?
Многу мамички ке се пронајдат во ова. Доста вистина има и во ова. Мајка ми се пронајде во зборовите И тоа 100%, јас сум копија на тато.
Најубави петоци ми се оние слободните.Нема излегувања (искачања по модерно),нема ништо. Само релаксирање по дома. Ќе излезам надвор,ќе и помогнам на мајка ми со цвеќињата и дворот,па со мерак ќе направам какао и фино ќе седнеме двете на тераса и мирно само седиш,правиш муабет,полека гледаш како сонцето го снемува. Во зависност од расположение,или читаш книга или гледаш филм. Или седнуваш со тато на по некоја епизода од омилената серија. Втора работа,посакувам еден ден да се изградам во таква личност каква што од себе успеала да направи мајка ми. И да бидам толку посветена,и како мајка,и како сопруга. Пред се,да успеам на моите деца да им подарам среќа каква што таа бескрајно ми дава. Да им пружам неизмерна љубов и да им бидам пример во животот. Затоа што од неа подобро суштество нема.И ја сакам колку што го сакам животот што ми го дарила. И ако еден ден,го достигнам тоа што таа го има,знам дека сум успеала.
Нешто ме натера да се вратам од училиште со глупава насмевка до уши на лицето. Сите луѓе гледаа во мене. Е, арно де. Мене па баш ме заболе. Продолжив да се кезам. Тоа сакав да кажам. Многу е јако чувството. Можеби луѓето мислеа дека сум будала. А можеби сум.
Добро бре 3ти Мај дојде луѓето уште вадат слики уште од 1ви МAJ се чудам и се мислам колку е овај народот неизживеан...
Колку ли е само слатко ова душиња,иако сега го гледам ова Спојлер http://www.motika.com.mk/index.php?option=com_content&id=44085&fb_action_ids=525864324167489&fb_action_types=og.likes&fb_source=aggregation&fb_aggregation_id=288381481237582
Ова си го поврзав со една ситуација од денеска, една другарка ми кажува како оставиле капар од 250 евра за кирија а газдите им рекле 200 ќе им вратат. Им викам да сум на нивно место од кога ќе ги ги земам 200те евра капар им правам дупка у ѕидот и си одам, или не им ја плаќам последната сметка, последни нека им се мочани 50 евра...и ја се изнервирав...
Аман веќе со тоа минато. Ќе престанам ли некогаш да живеам во него? Не можам да се соочам со тоа дека минатото поминало... За лошите работи не можам да се соочам со тоа дека се случиле, а со добрите со тоа дека поминеле. Цело време ги пречитувам старите дневници и разговори, ги разгледувам старите слики и албуми, се враќам на моментите кога бев пресреќна. Колку сега сакам да ми се случи нешто убаво како тогаш што ми се случувало. А каде е љубовта кога сега ми треба? Потребно ми е сега некој да ме гушне и да ми вети дека се ќе биде во ред, дека се ќе се среди.
Јас, жени и фасцинација од нив. Да бев маж, ќе бев геј. Ќе видиш што им е најважно во животот по сликите на инстаграм. Направила селфи у огледало, и нели на инстаграм мора да ја прилагодиш. Си ја кропнала главата до пола, ама битно и се гледа убаво цел задник. Е до таму сме!!!
Напраиле Ретрика и за андроид бе,да си симнеш како апликација. Сеа оние со Ајфоните не можат до израз да дојдат,кутри.
Надеж.. Што беше тоа? Среќа.. Што беше тоа? Фала ти животе, баш ова ми требаше сега, да ме расположи.. фала ти. Се' нека оди во п.м. Goodbye good mood, goodbye good memories, goodbye happiness..