СДК: се приклучувам на форумов за 5 минути, пред да свршам некоја работа и така останувам со сааати Луѓе се чудат зошто ме нема на фејзбук, инстаграм... Јас на фемина си дремам по цел ден
...и стануваш не човек, туку пола bitch, пола мајка Тереза, збир од иронија и сарказам...И иако се си видела, и очекуваш се од секого, се уште има нешта што можат да те изненадат и да ги фатиш при срце... Најмногу оние добрите, убавите нешта, кои се ретки, но вредат за се лошо што си преживеала...
Чекам да почне ракомет. Имам свирче и знаменце. И мајка ми која ги надминува сите коментатори. Па нека ни е со среќа!!
Да имаш пријател, значи да прифатиш дека постојат подобри, поумни и поубави луѓе од тебе! Кој тоа не може да го прифати,тој не може ни да има пријател!
Ни тргна у последно време у државава... Конечно први во Европа и во спортот, а не само во економијата... Браво Вардар!!! Ај, може и дечко ќе си фатам, да бидеме и први и у наталитет...
Многу работи се изначитав овие два дена па сакам да кажам, кој нема прочитано Библија нека не се дрзнува да кажува што му е мило на Бог а што не е. Не се зборува за нешто што не се знае. Не можам јас да зборувам за физика ако не сум фатила книга да учам. Така не можете ни вие да зборите за христијанство ако не сте ја прочитале Светата книга.
@Bender Rodriguez Прочитав:"Конечно, еден навистина спонтан абортус у градов"....Дуњоооооо , какви круши раѓаш.
Мала анализа: Факт 1: Антички Гостиварци ја ископале Вардар и ја пуштиле да протече накај Егеј!! Иначе клубот без име и злато ќе останеше! Факт 2: Зад секој успешен маж стои жена што му се качува на глава. Српрајс српрајс, жена му од Кире е гостиварка! Факт 3: Гостиварец ја формира дпмне ко партија. Ок...ова можев да го прескокнам. Факт 4: Се смета дека Аце Македонски бил по чукунбаба по потекло од Гостивар. Само да потсетам што Гостиварец може ни ѓаволот не може!!!!! Да паднеше владава порано и вардарки ќе земеа злато, ама ај наредна година ВАРДААААААААААР
Не се задоволувам и не уживам во малите работи, просто не ми се доволни за да бидам вистински среќна. И океј е да е така. Затоа што нон стоп трчам по нешто големо што води до точка каде секоја реализација ми е битна. И тоа е тоа што ме исполнува. Се сеќавам на предавањата пред неколку месеци во AUBG, се сеќавам на целиот престој таму и на возбудата во мене со секој направен чекор во кампусите. Можноста да бидеш дел од нешто толку големо... неописливо. Барем за мене. Добив нова перспектива, која треба да се реализира за една година. И ги имам одговорите на прашањата кои ни беа поставени:"Why are you here?" и "Where do you see yourself in 5 years?" Знам зошто бев таму, и знам каде се гледам себе си за пет години. Останува само да започне. Сѐ друго се множи со нула. П.С. Сега се сетив, денес прочитав дека Вимблдон стратува на 03.07 годинава, очигледно претходно семицата за мене била шестка. Па ако некој го прочитал последниот пост овде и следи Вимблдон, да не испадне како дезинформација.
Сакам да кажам ... Ако може да ми реплицира некоја девојка ( ако ги има и повеќе ) која има на фејсзбук околу 500 +/- лајка на слика за тоа како се чувствува !? Како гледа на бројката, колку и значат !? Дали на секоја нова слика прегледува кој се и лајлнал !? Во истиот контекст и на инстаграм, 5-10 000 следбеници, влијае ли на самобендисувањето !? Фала одпаред, За проект ми треба
Кога пишувате фејЗбук се шалите или? Смешно ми е кога ке прочитам како демек секое лошо што се случува,Бог всушност за наше добро ни го прави тоа..Еве пример јас како мала останав без мајка за мое добро нели,родители губат деца за подоцна нешто ,,убаво,, да им се случи,да секако..Едно е да веруваме во него и да не бараме одговори што само тој ги знае,а друго е да даваме такви смешни утехи.
Работна седмица. Некои колеги мислат викендов дека поминале убаво и сега се прават најшмизли. Синкир ние другите глупави сме.
Уффф многу емоциии,многу радости,луѓе ова е ИСТОРИЈА ова е за МАКЕДОНИЈА,радувај се МАКЕДОНИЈАААААААААА ВАРДАРРРРРРРРРРРРРРРРР