Сакам да кажам дека .. Ви благодарам на повратиниот одговор на моето предходно мислење @sweet-cherry @Mrs.Brain @Rebecca_R Инаку, Не јавно, ама секогаш го поддржувам разговор за смртта. Многумина ќе кажат, бегај бе тоа црна тема е. Не, не е. Сите треба да се свесни дека ќе умрат. Безразлика за сите материјални поседувања кои ги имаат, моментални искуства, лични достигнувања кога и така ќе дојде ден кога нема ни да сте свесни за тоа, т.е. кога ќе умрете Целата поента не е да демотивира некого, туку да мотивира со цел да се искористи секој момент колку што е можно повеќе односно секој да си направи добро за себе за да го проживее животот Повеќе алтруистички настроено. Нејсе, доста беше, друг пат повеќе Понеделник, најсветол ден од неделата ( Барем се будите рано за да го фатите денот ) ПозЗ3³ ®
Баш заради вакви случувања,предложив соодветна тема. Критики за администација. Никој не е безгрешен,разбирливо.
Нормално дека за кого сакаш ќе зборуваш, ама во јавни личности треба за ЈАВНИ ЛИЧНОСТ да се зборува, а не за некоја непозната жена. Која е таа инструкторка? Јавна личност е? Таа не е јавна личност....Јавноста нема потреба да знае за нејзината смрт и луѓето да си нагодуваат како починала....Па уште да ја оговараат дали се дрогирала или не. Во право беше @referentka Еве ќе ја означам. Нека види дека неа ја критикуваш....Кажи и во лице што ти смета, па Референтка како модератор може ќе те послуша и ќе го смени пристапот....Иако, пак ќе нагласам дека според мене во право беше модераторот што навреме изреагира и ја стопре темата. Не беше ни време, ни место да се ОГОВАРА млада непозната личност што починала. Ако толку ве интересира, појдете во комшии кај неа, земете тефтер и запишувајте за нејзиниот живот.
Аууу тужи баба Ова ми стои ќе те кажам на мама Ќе се килл мајселф нау И не ни знам не ни приметив кој беше модератор што ми ги бришеше мислењата, а не ми е ни битно - битни ми се моите мислења. И следен пат кога ќе пишам за некоја мк фаца ќе те прашам тебе прво дали е јавна дали ја познаваш Со референтка ај ќе се сретнеме негде ќе испиеме едно каве да и кажам се во ЛИЦЕ
Tребаше да се бришат сите мислења во врска со инструкторката, или да се пренесат во некоја тема за црна хроника.
Можеме да ги излажеме сите, но не и самите себе. Заспиваме со своите гревови, своите мисли... Добра ноќ на сите
Човек битно е да се потруди,ако згрешиш еднаш наредно ќе биде подобро и подобро,најбитно е да не се откажеш. А за тортата дај по пошта на мене и на Сунчи да ја дегустираме
СДК да тргнев да го барам- немаше да го најдам. После 3 години навистина не ми се верува дека пред нос најнеочекувано ми излезе една драга личност што одамна ја запознав. Толку време не се имавме видено ниту пак комунициравме, а сепак имаме некаква конекција..не ми се верува понекогаш како функционира се ова. Вистина било дека се е со причина и дека ако треба да се случи ќе се случи. А тој...на право место во право време, кратко, но доволно за да ми се наполнат батериите со позитивна енергија. Срцка
Само што прочитав на интернет една статија за жена што родила шест деца и гордо го покажува своето тело во бикини, кое инаку има стрии и не му се допаѓало на нејзиниот сопруг такво. Љубовта не е совршенство и беспрекорен изглед. Љубов е она што го правиш, она што го носиш во себе. Љубов е жртва. Љубов е да создадеш нов живот, по цена твоето тело веќе никогаш да не биде исто. Всушност, стриите и лузните кои останале како белег на бременоста и раѓањето се прекрасни. Немам деца, но имам мајка. Има и многу мајки околу мене. Жени, мајки, вашето тело е прекрасно. Вие сте прекрасни и треба да сте горди на вашите обележани стомачиња, а мажите би требало уште повеќе да ги сакаат своите жени такви. Тоа е љубов.
Денеска е голем ден,голема радост за МАКЕДОНИЈА,да ги пречекаме шампионите како што доликува,историјата е пишана.Господ нека ни дава само вакви убаво работи
Има луѓе - ластовички. Доаѓаат да наговестат дека нешто убаво доаѓа и одлетуваат. Тивко. Молчешкум. Си ја завршиле својата работа. И секогаш одново доаѓаат. Да ве погалат после дождот. Да ви запеат после бурата. Без наметнувања. Без пранги, без очекувања. Оти такви се тие. Родени да ги радуваат другите. Оти кога ќе потсетиш некого, дека секој од нас носи заштитно елече за време на бродолом... е најубавата работа на светот. А најчесто, нам само толку малку и ни треба. Само некој што ќе не потсети дека секоја душа има пукнатини и оти тие најчесто постојат за да влезе зракот внатре, за да го видиме, за да рашириме пак крила. А како поинаку би виделе светлина...без пукнатини?!
Интересно е како возрасни личности, навидум образовани, постојано коментираат како тоа денешните генерации немаат основни знаења, па дури и укинувањето на екстерното го посочуваат. Ама затоа, некои од истите тие луѓе веруваат во бајачи и гатачки, веруваат дека некој може магија да им фрли, кажуваат дека радијацијата била штетна, а не знаат ни што значи истиот поим, и слични други работи. Освен тоа очекуваат еден просечен ученик да има добро знаење во сите области, ама за самите нив оправдано е "нешто да подзаборавиле". Така да, би рекла, пред да ги омаловажите денешните наводно неписмени генерации, проверете си го вашето знаење прво. И не се правете горди ако некој ученик ве поправи во некоја грешка, со оправдување дека "изиграва паметен" пред постари во чие време наводно многу повеќе се учело.
Среќа е да се гледа како нашиот народ е сплотен,среќен,радосен... Сите прегрнати,фатени рака за рака и чекаат да пристигне шампионот. Моменти кои пишуваат историја,моменти на кои еден ден ќе се сеќаваме со насмевка на нашите лица.Да уживаме во среќата и во успехот кој Вардар го донесе за цела Македонија
Браво за момците што барем на 3-4 часа ја направија среќна , ја обединија Македонија и ја тргнаа настрана од политиката,поделбата и омразата. *Апел до организаторите , таа водителката веќе да не ја викаат , а отвори уста и почне да крешти, на луѓето им се лоши и одма паѓаат на земја
Сакам да кажам дека едвај чекам да заврши испитната сесија. Ова жешко време не е наменето за учење, туку за на плажа.