Не дај боже да треба да тргнеш по амбулантиве. Каков мој термин , какво закажано, а кафето ? Медицинска сестра со неиздепилиран брк си чеша мишка во чекална , и таа треба да е во контакт со пациенти. Боже ме сачувај .
Тропам на врата кај професрка. Од внатре слушам глас како ми вика да влезам. Влегувам и гледам неколку студентки седнати и разговараа со неа....Ми рече да седнам, за момент ќе биле готови. Слушам што зборуваат. Професорката: -Како што реков може и форум фемина да го споменте во дипломската. Само ќе ве замолам да ги одбегнувате темите за секс и политика затоа што тие теми се најжешки и членовите не бираат зборови како се изразуваат. Јас: Форумов е мета на истражување од страна на многу познати и светски научници. Сите овие наши мислења ќе останат запамтени во многу истражувања, дипломски и магистерски трудови. Ти благодарам фемина што заради тебе сум славна п.с. Може во 40ка и ФМЌ ќе читаат и ќе го истражуваат секојдневниот живот на една просечна Македонска жена/девојка
Слават ли роденден горе меѓу ангелите??? Се надевам... Ние прославуваме без тебе Тажалка за тебе мила мамичке
Се' знам. И редовно си го повторувам тоа. Сите лажни ликови ги познавам и напамет им го знам валканиот збор за мене. Сите ги нишанам со гнев. Имам милион зборови кои одвај чекаат да излезат од мене и да ги покорам со неколку секунди. Никој не е храбар, никој не е храбар да каже било што. Сите како мали инсекти летаат околу мене и чекаат нешто. Се' знам. Сите ги нишанам со гнев. Најмногу тебе. Омразата ми ја голтна љубовта и одмаздата ме голтна мене. Не можам да си помогнам. Посилно од мене е. Колку и да му кажувам на моето срце дека е време да продолжиме понатаму и да те оставиме да паднеш сам... Тоа не ми дава. Тоа ми вели: види ме колку сум рането, види ме! Извини, ми вели, ама срце за срце. Не те пуштам да го пуштиш додека не го уништиш.
Сè е убаво, ви ја разбирам на вас еуфоријата од денес, ама отековте сите со live видеа и слики по мреживе.
Ептен почитувам луѓе кои активно и јавно се служат само со јазици што добро ги знаат, и се впуштаат подлабоко во дискусии само на теми за кои навистина се запознаени и упатени.
Ги почитувам што имаат свое јас и став без разлика дали јас се согласувам со таа личност или не,битно е да држиш до себе,да имаш самодоверба,и да не дозволиш никој да влијае на тебе.
Сакам да кажам Се замолуваат модераторите на форумов за темите што се во врска со храна и рецепти после 20:00 часот да се стават во мирување се до утринските часови бидејќи ние со високо ниво на покачен апетит не можеме да останеме имуни на прекрасните објави кои се срцепарателни , стомакопарателни итн да не набројувам, а верувам дека има и други членки кои ќе се сложат со моето мислење . Ви благодарам на разбирањето и ви посакувам убава вечер .
Зошто некои родители упорно се обидуваат да ги сменат нивните деца, нивните ставови и размислувања? Детето не е пластелин за да го обликуваш онака како што сакаш ти, разбирам совет и да му објасниш каде згрешило, но зошто да го обвиниш за начинот на кој размислува? Несвесно си ги ставаат децата во стеги кои подоцна во животот лошо се одсликуваат. Детето треба да се потикни самостојно да размислува а не неговото мозоче да го стават во еден затворен круг.
Со пари можеш да купиш куќа, но не и дом! Можеш да купиш кревет, но не и сон! Можеш да купиш часовник, но не и време! Можеш да купиш книга, но не и знаење! Можеш да купиш положба, но не и почит! Можеш да си платиш за лекар, но не и за здравје! Можеш да си купиш живот, но не и душа! Можеш да си купиш секс, но не и љубов! Можеш да си купиш се материјално, но никогаш духовно!
Мајчинствотое еден убав период, да имаш дете е нешто магично,нешто што не може да се опише со зборови... И јас сум тазе мајка,но дали има нешто подосадно од жена која не знае да разговара ништо друго освен за квалитетен памперс,капки за грчеви,какање и мочкање,проодување,моето дете е напредно вааау џин. Тазе мајка која е специјалист во секоја област,она знае се за антибиотици,пробиотици,уроци,жени за баење абе се! Ама спорт не ја интересира,музика па ич, за книга нема време,за политика има кој да мисли,тоа не е женска работа,за филм може да свртиш муабет евентуално за турска серија.... Добро бе луѓе,мајки сме ,ама па не се зборува се едно исто,па има милион теми за кои може да се разговара...... Да седнеш на кафе и цело време да слушаш колку пати се искакало,колку пати прднало детулето,колку пати јадело,цицало и тоа нон стоп,секој ден е стварно досадно. И јас имам дете ,ама не го праам тапан никого со физолошките потреби на моето дете. После рогле им е крив кога мажите ќе им речат дека жената е за во кујна,да раѓа и чува деца,да седи дома,за се друго е мажот!!!
Без разлика дали си мајка или не, ти можеш да бидеш и модел но кога животот ти се сведува на рутина ти немаш нешто интересно за споделување, животот ти станува монотон и нормално дека ќе правиш таков муабет.
Јасно,но секој ден ист муабет не правам,и да сум спречена да прошетам имам нет ,ќе прочитам што се дешава низ светов не мора секој муабет да ми биде сведен на домашни обврски и менување памперс. Знам што значи монотонија,но не мора да бидам монотона со секој соговорник.
Читам на портал за некој несреќен случај.... таксист удрил со кола помлада девојка на велосипед, се собрале граѓани да укажат помош но имало идиоти кои физички го нападнале таксистот. Не им е доволно што имало едно лице повредено изгледа сакале уште. Багра невоспитана - наместо да помогнат си ги истерувале агресиите иако не знаат што и како точно се случило а можеле и тие да бидат на негово место. Лесно е да се уништува, но наместо тоа треба да се помогне во ситуацијата а не да се одмогне.
Нов ден нова среќа! Но сепак окружувањево на работа ме прави тажна. Имаме една колешка најдоминантна и моментално е нафрлена на мене. Двете други колешки ги раководи. Јас сум сама . Што да правам?