Среќа е кога ќе ја вратиш насмевката на лицето на својата мајка. Пред некоја недела конечно ја убедив мајка ми да отиде на заболакар. Сакав да и се врати насмевката на лицети во буквална смисла на зборот. Еден од нашиве локални заболекари ја среди така фино пред многу години кога поради малку скршено ќоше од тројката и извадил здрав заб. Сеуште се сеќавам како да беше вчера кога дојде дома со солзи. Цел ден плачеше, не поради болка, туку поради тоа што ќе нема заб напред . Години поминаа а мајка ми никогаш не најде време, пари а и сили да отиде и да го реши тој проблем бидејќи секогаш другите ги ставаше на прво место. Се водеше според она за децата нека има, вие сте важни, јас сум стара.... Во меѓувреме и други проблемчиња и заби за средување а она само чмаела, сметајќи се сама себе како небитна за спомнување. Едвај едвај ја натерав да отидеме. Деца ќе немало кој да чува, не морало, скапо било, што ќе и било...триста ми ги кажа. После само еден термин зборот кој го употреби беше олеснување и дека наскоро повторно ќе може да се смее како некогаш без да се срами. И да. Стварно е среќа е кога ќе ја вратиш насмевката на лицето на својата мајка.
Како интересно...кога си дете роденденот е једина годишнина која ти е битна...и мислиш дека сите годишнини на светов се само убави и ништо повеќе. И после растеш. И тоа е. Една година пекол. Пеколот беше почнат пред две недели, ама ... на денешен ден почна се и еве...уште трае... Амплитудата му се менуваше, но дрма...тамам ќе те занишка како да дремнеш, па ко ќе те опали да не знаеш кај си... Некогаш мислам дека у тунелов одам наопачки... Научив да викам не и лекцијата е јасна. И никогаш повеќе нема да кажам да кое е против моја воља. И научив колку е фул оф шит - секоја планина, своја тежина. И научив колку луѓето сакаат да се нереални драма квинс кои сами си го комплицираат животот и во суштина им е заслужено се она кое можеле да го контролираат и променат, но не сакале. Е затоа не можете да споредувате рид со планиниште. Погледнете малку подалеку од својот нос. Уште колку ли не има до крајот на срањево?! А луѓето се себични и ќе ти земат и да ти е последно, зошто нивниот ебан рид е потежок од твојот Монт Еверест кој го дишеш со боца кислород.
Во денешно време често и на форумов, а и во реалноста на нашето општество се зборува на долго и на широко на тема прифаќање vs дискриминација, при што првото често се оценува како вклопување небаре во некој моден тренд само за да си кул и ин, па дури и се поврзува со политики, политичка припадност и некаква корист. Па ме инспирираше прво во една друга тема да пишам, но за да не бидам офтопик и да опфатам повеќе нешта, ќе пишам овде. Честопати кога седам на прозорец, глетката на онаа зграда наспроти ми враќа многу спомени. Основното училиште во кое учев. Моите понови познаници и пријатели знаат само за моите успеси од тогаш како ученичка, и дека сега во контакт имам останато со 4-5 посебни личности од тој период. Типично за мене, да ги скривам негативностите и да ги споделувам само позитивните работи пред другите, колку и да се минимални... Мојот клас, па и цела генерација во основно (во периодот од 5-8 одделение, кога веќе личноста почнува да се гради со самостојни мислења и однесување) – беше едно големо дно дна. Бесчувствителни bullies кои си прават забава од исмевање поразлични од нив на било каков начин – на секој чекор, колку ти душа сака. Од каде да почнам? Ах, ајде од тоа спомнатото во актуелната тема што ме инспирираше – исмејување на однесување нетипично за полот. Во мојот клас, додека повеќето машки се развиваа во хулигани за кои е кул да се пцуе на секој втор збор, па и да почнат во тепачки да учествуваат – имаше едно дете отсекогаш заинтересирано за литература, мода, кое се дружеше воглавно со женски, и еден од тие личности што се бројат на рака за кои реков дека имам останато и денес во контакт. Дефиницијата, се знае – ,,исфеминизиран“. Упс, пардон... за алфа мажјациве уште од најмали нозе тоа е далеку од нивниот речник можеби и сега, а не па тогаш... значи – ,,педерче“. Обраќање со женска форма од неговото име, вицови со него, потсмев секој ден, па и кревање рака понекогаш беше секојдневие од 5 до 8 одделение за тоа дете, кое уште од тогаш беше прекрасна, културна личност. Друг пример... девојче – мелез. Исто прекрасна личност, мирна, паметна, креативна со која само далечината и престојот во странство ни го спречува сега контактот. Секогаш кога читам ,,остроумни“ расистички коментари во сред 21 век, ми текнува на моментот кога бевме во група за еден проект, и еден од овие бесчувствителни нелуѓе на глас пред неа ѝ се обрати на друга школска што исто работеше со нас, велејќи ѝ низ цинична и одвратна смеа – ,,што сте ја ставиле со вас во група, ќе ви го исцрни хамерот“. Понатаму, закачање со интровертни и повлечени деца (меѓу кои и јас), нарекување на деца со поголема или многу помала телесна тежина со сите најодвратни компарации... и да не ни набројувам понатаму. Ете затоа, драги мои. Ете затоа имам нулта толеранција за секаков тип дискриминација (меѓу кои и расизам, и најдискутабилното – хомофобијата, и закоравеното размислување и поим за вистински маж), омраза, психичко и физичко насилство. Никој не може да ме убеди дека неприфаќање на различност која не повредува никого на никаков начин (посебно кога оди и со навреди, омраза и помисла за насилство), е морална вредност. Може да ме сметате за "libtard", исперен мозок, соросоид, whatever... но имам доволни причини да сум горда на своите ставови и да ги сметам за реални.
Пример за врвно животно достигнување во кариерата е мој роднина што започнал како шофер на камионче, а сега е горд сопственик на 24 шлепери, ама за други нели врвно животно достигнување е државна работа
Сакам да кажам дека на некои од нас жените не ни е најголемо достигнување во животот да си фатиме дечко, да се омажиме или да родиме дете. И тоа е океј.
Мојата омилена радио персона е одговорна за смеењето денес. Имено,кога типот бил мал, мајка му му купила пар тигрести папагалчиња. Типот се приврзал кон нив, па коа едното се упокоило бил многу тажен и тврдел дека преостанатото папагалче било осамено. И мајка му, за да не го гледа тажен и за да не биде осамено останатото папагалче земала старо ТЕНИСКО ТОПЧЕ, скубнала пердуви од упокоеното, ги залепила на топчето заедно со набодена глава од тапа за шише и тоа нешто го ставило во кафезот на папагалчето за да залаже дека другото уствари е живо
Летово треба повторно да проодам и да научам да трчам. Не сум убедена дека ќе биде лесно, но знам дека крајот кој ме очекува е перфектен. Благодарна сум на себе за работи кои сум ги направила, во кризни моменти се појавуваат како светлина во тунел. И ако некој зборува за "живот на стара слава", тоа е она што ме одржува(ше) на површината моментално.
Моментот кога се возиш во автобус и цело време си мислиш дека со задникот се допираш на телефонот од дечкото што стои зад тебе...одеднаш гледаш дека всушност телефонот му е во рака После си викаш ајде може новчаникот му е во џеб...Се симнувате од авобус и гледаш дека новчаниот му е во заден џеб....Си викаш или пиштол има човекот во џеб или пак петинг сум имала во авотбус....(по кој знае кој пат)... Си мислиш дека може среќа ќе ти донесе. Ко претходниот пат. Одиш пред кабинет за оценка. Собрани неколку души и само една вика: - Ќе видите сега сите паднати ќе бидеме...секоја година истото...Не знам дали овој човек воопшто има жал? Па некои родители не јадат за да го пуштат детето овде, а тој вака ни прави...Како не му е жал?? Во истиот момент од кабинет излегуа неговиот најстрог асистент, не погледнува и ни вика: - А вас како не ви е жал да ги трошите родителите и да НЕ учите? Заради една гуска ќе ја наречам, сите колективно посакавме да се отори земјата и да не снема. Ги објави резултатите....593487 души паднат, а само 5 души пуштени и тоа со 7ца...што е тоа 8?... А 9?... А не дај Боже дали слушнал за 10? Читам сум поминала и воопшто не ми е беше битно со што...битно поминато е...пријатно строг човеку. (Дечкото и пиштолот ми донеле стрејча)
Вчера за првпат у животов пробав Ред Бул. Ми се приспа после ручек, а требаше да работам, па викам ај да видам што е ова чудо што децава го пијат у секоја могуча прилика - и кога имаат за учење и кога се на журка. Накратко, скроз се разочарав - беше побетер и од моите најцрни прогнози. Прво, не само што не ми даде никаква енергија нити ме расони, туку после саат време морав да си правам кафе за да не заспијам. Второ, имаше толку ужасен вкус, како некој сируп за деца од времето, кој со сила ме тераа да го пијам кога имав температура. И стварно не сфаќам зашто некој би упропастувал совршено добра вотка со чудово. Изгледа сепак сум престар за некои работи.
Животот без љубов не вреди ништо. Не прашувај се по каква љубов треба да трагаш, дали духовна или материјална, дали божествена или овоземна... Поделбите само водат до поголеми поделби. Љубовта нема етикети, нема дефиниции. Љубовта е тоа што е, чиста и едноставна.
@JollyGirl твојава ситуација во автобус ме потсети на една (слична) моја ситуација. Само за разлика од тебе јас имав "петинг" со дечко и девојка, по нагло закочување од страна на шоферот. I guess that was my "threesome" experience
Eve ti resenie kako da trgnes od mesto. Procitaj i spodeli iskustvo. The Power of Habit Book by Charles Duhigg Prosrcaj malku na internet mora da ja ima nekade.
Ич не и се замарај. Потсети се дека и она е човек. Има свои слабости, чувства и стравови. Можеби е до толку несигурна во себе па со тоа што ги раководи твоите колешки го покрива своите недостатоци. Јас те советувам да се охрабриш, зближи си се со твоите колешки но никако отворено не и се спротивставувај. Кога повеќе сте заедно сте и посилни и полека ќе ја напикате во ќош.
Почнав да се сакам себеси,да добро слушнавте бидејќи одсекогаш имав ниска самодоверба и не се сакав воопшто. И погодете што?- не сум била толку грда и лоша бре
@Bitter-Sweet Sweet, дали ти ја дочита Библијата? Ептен ми е мило ако ја заврши. Те прашувам бидејќи знам дека беше зафатена со читање други религиозни книги.
Како што почна, така и заврши нашево другарство. Најблиска ми беше, се си кажувавме, те сметав за сестра.. Си стојам на своето дека ти беше таа што ме издаде, се додека не се уверам во спротивното. Не му верувам и него, но те знам дека си зборлива и знае да ти се испушти, плус цела недела сумљиво се однесуваше. Не можеше еден час да одвоиш за да зборуваме, а за со дечкото имаше време. Фала ти многу, премногу ми значеше и криво ми е што дојде до ова. Извини што морав да ти вратам со иста мера, па дури и полошо, на крај краишта и двете сме заебани. Ако на крајот испадне дека сепак си ја кажувала вистината, се ќе направам за да ми простиш, бидејќи те видов колку беше повредена.. Кога рече дека после ова нема да можеш да продолжиш со мене, те разбирам, и јас истото го мислев, не можам да продолжам, ја изгубив довербата во тебе.. Извини за се, знам дека и ти се каеш за тоа што го направи, ако ти го направи тоа, а сум прилично сигурна дека беше ти.. Морав, извини, goodbye forever..
@EvAngelos на твое задоволство, се вратив на Библијата - одново. Морав, подзаборавив некои важни работи.