Сдк си имам најдобри другачки, сакам да ви се заблагодарам што сте секогаш тука за мене во секое време, посебни сте, и срекна сум што ве имам. Засекогаш сестрички мои
Тогаш кога ми е најтешко ми го вртат грбот сите.А,најмногу боли што најдобрата другарка,со која сме блиски како сестри,ми го прави истото.И после зошто сум била толку ладна спрема сите? Епа друго решение во овој изопачен свет нема.Во моментот на слабост сите гледаат да ти се наситат,да те понижат,да те критикуваат...А,забораваат дека кога нив им требало помош си правел се што си можел.Ама во ред,и оваа тешкотија ќе помине и нема да трае вечно.Со помош или без,ќе го пребродам и ова.Но,тркалото се врти.Не му посакувам на никого да дојде во тешка ситуација,ама сигурно нема прва да притрчам за помош кога ќе биде обратно.После ова изгубив секаква доверба во луѓето.Кога довербата ми ја користат оние кои ми значат,што остана за другите? Жалосно што опстојува поимот човек,одмана човекот се изгубил во тој поим...
Уф, кои тешки мисли се раѓаат додека му велиш ,,се гледаме за брзо" и за кратко зад него се клатат само вратите кон операционата сала... Се гледаме!... Те чекаме!...
Само една песна може да те врати во минатото. Животов ми е песна секоја си има добри и лоши спомени. Синојча спиев околу половина час оди работи сега да те видам Одиме Ќамуш... Добро утро убав ден
Годините летаат,ние пораснавме созреавме јас полека одам по некој пат,се надевам стабилно чекорам до создавање на нешто убаво. Моите ги гледам од страна и си мислам,колку искуство имаат во животот,што се не поминале за да бидеме онаа што сме денес за тие да имаат скромно за еден убав живот. Се мачат,се нервираат и тажни се понекогаш ама се тоа е дел од животот.Здравјето е онаа што го посакувам најмногу,да не служи сите да се радуваме заедно на деновите кои доаѓаат да создадеме повеќе спомени. Една бркчка плус бележи некоја нова година,посакувам уште толку да живееш татко,уште толку да ми бидеш ветар во грб и да се чуствувам сигурна додека си до мене.Нека ти е најсреќен роденденот,беше и ќе бидеш мој херој
5 години на форумов ми поминаа многу брзо, се надевам дека уште многу години ќе продолжиме виртуелно да се дружиме и советуваме. Како вчера да беше кога се зачленив на форумов. Ве гушкам феминки Еве од мене да ве почастам за 5-тата годишнина.
Баба ми велеше луѓето по ситниците ќе ги познаеш. Кога знаат дека ти се случива нешто и не прашуваат, не те бараат знај дека не им е гајле за тебе!!!! Во право била, оти кој е оној луд кој ќе ве сака а нема да сака да сподели моменти со вас???
Ја имам прочитано, повеќе од еднаш. Ама морам да те поддржам максимално дека некој што не ја прочитал, не може да зборува за истата. СДК дека некои луѓе просто не заслужуваат ништо. Дури да не ти е жал кога глупости им се случуваат. Не верувам во карма, ама верувам дека ако си идиот према другите, не можеш да очекуваш да бидат тие фини со тебе.
Од досегашното искуство со луѓе кои удираат нож во грбот,научив една работа: "Моќни се само кога сте им завртени со грб"!
Кога читам постови на форумов си Помислувам дека живеам во некој паралелен свет. Сите се совршени, сите платите до плафон, секој ден трошат минимум 1000рка и плус штедат, и уште и се потсмеваат зошто некој вака, некој така. Ситиот на гладниот не верува. Животот некому е мајка некому маќеа. Ама пак и секој си ја крое својата судбина. И самата сум си контрадикторна. Оффф и јас незнам што сакам да кажам. Може сум малку љубоморна. Признавам. Да не барам преку леб погача, да не ме снајде полошо. Да сме здрави и живи само.
@НаталиЛили, сети се на мама25 Се што ќе прочиташ на форумов, прифати го со гоооолема доза на резерва
@НаталиЛили , не го земај форумот здраво за готово. Сите ние со просечни примања имаме еден ден во месецот кога трошиме илјадарка или две, останатите денови живееме просечно како и сите други во државава. Само што овде се можеш да исфилуваш и да го спакуваш така убаво во пост да изгледа дека на сите им цветаат ружи и се богати. Сети се дека е форум, дека многу од реалниот живот од овде е напумпан или измислен. Не завидувај на среќа или слога која можеби кога ќе се одлогираат од овде не постои.
И еве доаѓа уште едно лето. Искрено, се плашам од тоа. Се плашам од премногу слободно време, се плашам од моите избори што ќе ги правам за тоа време. Од тишина, од жешко, од осаменост, а понекогаш и од себе се плашам. Сакам да беше полесно да променам cè. Поточно, себеси да се променам. Да бидам промената што сакам да ја видам во светот, така ли беше? Сакам да бидам зафатена со работи што сакам да ги правам, сакам да напредувам, сакам да не се откажувам и да не се враќам постојано на почеток. Сакам слобода. Сакам да ги отфрлам старите бесмислени шаблони на размислување и да внесам нешто ново и свежо. Навистина посакувам да ги применам советите што ги давам на другите луѓе, да гледам поинаку кон нештата и да го искусам душевниот мир. Сакам плановите да престанат да бидат без успех, или уште подобро, нека престане потребата од било каков план за иднината и сè што ќе постои нека биде сегашниот момент. Сакам да престанам да се споредувам. Сакам да се запознаам себеси. Затоа што, сè што досега сум била, било очаен обид да копирам некој со низа најдобри можни карактеристики, некој што е "совршен" - ако воопшто постои таков. Леле, колку комплицирано се чини сè.