Денес во градинка внук ми имаше приредба. Душа моја 4 месеци како оди во градинка а веќе толку убаво се вклопи во средината. Сите дечиња беа толку слатки и интересни што за момент посакав да ги имам нивните години... Една од воспитувачките заминува во пензија и одржа краток говор,кажуваше дека од скоро 40 години работа со деца најубав дел и биле токму приредбите и дека најмногу ќе и фалат токму тие. Кажа дека многу сакала да чита книги и буквално сите книги што ги читала порано и сега биле за Париз,и рече не ми се исполни желбата да одам Париз и кој знае дали ќе одам некогаш...на крај ни посака на сите присутни да дочекаме и ние пензионирање,ама да бидеме среќни пензионери,а не како неа(скоро и почина сопругот во тешка сообраќајќа) го заврши говорот со солзи,и јас почнав да плачам,се криев се стегав,(бидејќи никогаш не плачам пред други)а ми доаѓаше да вијаам како ранет волк,ме погодија зборовите дека останува сама и што не и се исполнила животната желба... Ах животе,животе..премногу емотивна сум,всушност одсекогаш бев,но растев во лоша околина,бев рането пиле,секојдневно ми ги кршеа крилјата,ме убедуваа дека неможам да летам,се борев,се борев...сеуште се борам против сите,а најмногу против себе... Јас сум само една емотивна ранета птица,која беше принудена да стави железен оклоп врз себе и да се претставува тоа што не е...
Секогаш пред битни настани имам огромна трема. Ниската самодоверба многу ми влијае. Утре ме чека еден таков настан каде што ќе треба да се претставам во најдобро можно светло. Цело време ми се врти во глава дека нема да успеам, ќе се обрукам. Се препотувам при сама помисла, страшна трема имам размислувајќи, а тек утре. Не знам како да си го сменам размислувањето и малку посмела и похрабра да бидам, за се понатака во животот живци ќе кинам.
Преубав ден поминат со мојата другачка. Патем мило ми е многу што ти се допадна поклончето, ептен ме израдува. Денот ми го разубаве, мислам дека кога ке ме гушнеш онака све непозитивно, и сите тешкотии ми поминуваат. Ти благодарам за секој ден убав поминат со тебе. Посебна си, и остани таква каква што си. Јас сум пресрекна што те имам, си знаеш више, не мора да ти кажувам. Само едно ке кажам душа човек си, со најдобро срце. Ти благодарам за цела срека што ми ја донесе во мојот живот најмила моја Засекогаш сестрици
Уствари никому не му е гајле што сакате да кажете. Ама сепак кажуваме... А еден ден животот ќе ни удри шамар од кој целото лице ќе ни поцрвени. Ама од болка. И тогаш се ќе биде јасно. Ќе паднат маските, ќе пиеме кафе во 2:30 по полноќ за да се отрезниме и да раскажеме што имаме. Трезен се кажува се што сакаш да кажеш. Но, има ли толку храбри? Избрав љубов пред другарство, неверство пред верност, предадов личност заради момент на среќа. И ова се ќе изветрее утре заедно со вотката... Ќе остане само грижата на совест додека си ја чекам казната.
Лето ли е, или што ли е..... Наместо да се топлам, ја мрзнеам. И времево више не е тоа што беше некогаш, се поремети скрос. Опрај се више сакам топло, сакам сонце, а не дождови, грмежи, и ладно Ај послушај ме, и биди добро те молам
Заеби кафе во друштво,мене најубавото испиено кафе ми е она наутро кое сама си го пијам во мир и тишина,точно по мој вкус.
За полуматура поклон кола Уоооу ќерко заврши 8 одделение и го постигна најголемиот успех во животот. Дали се сериозни луѓево или јас сум застаната со времето?? Очигледно ова се некои искомплексирани родители кои немале можност да си ги исполнат своите каприци, па сега преку детето лечат комплекси. Јас полуматура кога завршив моите ми поклонија едно фустанче и тоа беше се. Ама што знаам јас, просто дете.
Да се надоврзам. СДК, ај родителиве што ја купиле колава, него каде бе со дебиливе што викаат "ако и дозволиле родителите - океј". Да бе, океј, возачка што ќе и' е, нек се радува дете Дај опрајте се, утре кога ќе ви го смачка вашето дете да не прашувате каде се институциите, важи? Сами сте си криви!
Секој има "право" на лош ден. Ама нема право кога го има тој ден да им го упропасти на сите околу него. Некои го толкуваат како ПМС Некои како темна страна од карактер.. Некои како -поќути,ќе му помине.. Во секој случај е главна одлика на незрелост.
За жал е вистина,и ке си вози што се вика ке си гази. Дебилизам во крајност е ова,незнам само колку треба да си ретардиран на дете од 14год да му купиш кола.
Секогаш кога ќе се залетате да купите нешто,одвојте две минути да се прашате дали навистина ви е потребно.Имам толку многу непотребни работи кои воопшто ги немам користено или носено. Џабе фрлени пари,а некој ни најосновното не може да си го дозволи. Се срамам.
Охридскиот универзитет за информатички науки и технологии се викал "Св. Апостол Павле". Ова е исто како некој Богословски факултет да го крстат "Никола Тесла".
На сите нас во животот ни треба еден бродолом. Да не тресне, да не разниша, за да ја сфатиме суштината на животот. А камо да бевме ветре развигорче и да однесеме се така тивко и топло се од себе. Да однесеме од себе болести,омраза а да донесеме љубов. Бродолом тоа ни треба.
Вчера на пешачки за малку фалеше девојче да биде прегазено по незнам кој пат се случува ова пред моите очи. Таксист за повик од 200 денари што се брзал да земе патници ќе усмртеше млад живот. Јас разбирам сите се бориме за парче леб,но каде е човечноста треба да мислиме дека секој е човек и има душа. Понекогаш ми се гади од градов Скопје,ми доаѓа да соберам парталите и да избегам во село,во планина далеку од гужви. П.с Едвај чекам да земам годишен одмор и бежимо из града ах рече Бах.
Некогаш треба да се распаднеме И тоа да се распаднеме од нашите погрешни уверувања. Некогаш треба да се разочараме и тоа поради погрешните верувања во луѓето Некогаш треба да пораснеме, присилно и тоа за да видеме од повисоко што всушност е љубов, што е другарство, што е партнерство Некогаш треба сами да се погледнеме од страна и да видиме во што сме се составиле Сами да се изненадиме од тој посигурен глас, од грбот исправен, од искрата во очите, од решителноста за да си покажеме дека не, не требало да мислиме дека еден човек тоа ни го донел, дека една љубов нас не расцутела, дека едни раце крила ни ставиле... Не цело време сме тоа ние!!!