Понекогаш, кога ми е тешко, одам да мањачам некоја од оние кои еден другар ги следи на фејсбук... So цицките и гзот у вис, хеланките у ,, долната,, , со некоја трајбл тетовања и шминка како транџа, со цитати за животот врз селфито од гзот, со љубовни статусi / статуси дека не се ку*ви, или пак понижувачки кон останатите жени, и одма ми е подобро оти има поголеми очајнички и греотичарки од мене...
Ова е можеби најдобриот статус за сите нас феминки кои тастатурите ги изгребавме пишувајќи, објаснувајќи и борејќи се со своите демони, болки, неправди..... Затоа морав да го споделам!
Пребаруваш нешто на мобилен, со конкретни key words, нали, и седнуваш после на лаптоп, оти некои работи не ти се отвараат на мобилен. И... пишуваш прва буква од истото она и гугл ти исфрла предлог.... истото од а до ш. Коа ќе почне гуглoв на ист ваков начин да ми ги излистува мислите..е, жими се, параноја ќе почне да ме фаќа веќе и со сеќира ќе го мавнам и мобилниот и лаптопот и компјутерот, а и те-ве-то богами. #SoAffraidOfTheFuture
Нешто најважно и најубаво што сфатив е дека сегашниот момент и денешниот ден е она што е тука и што можам да го осетам,да го почувствувам и допрам...
Ufff mene sekogas mi e tesko, ama ova bese eden od najteskite denovi, se plasam da ne prosledat uste mn takvi.... Ne znam kako veke da se iskazam....ova moevo e Sakam kazam, ama ne znam recam... Solzite neka zborat namesti mene...
Веќе полека но сигурно почнуваат да ми одат на нерви сите тие објави, твитови, реченици, изреки за тоа како било порано, а како е сега. На 8 години јас имав вошки, а сега имаат ајфони. На 3 години јадев песок, а сега имаат лаптопи. На 5 години играв со џамлии, а сега знаат да отклучат сами смартфон. ОК. Во ред е. Сите што имавме детство во '90тите знаеме како беше. На сите не фаќа носталгија, ама времето е сменето. Луѓето се сменети. Децата се сменети. За нив сега ова е детство и точка. Да, многу посреќни ние бевме ама се претерува веќе. Технологија е развиена...има доста примамливи понуди и за секое просечно семејство да си дозволи и интернет и телефони за децата. Едноставно времето оди напред. Светот се развива. Не можеме само да седиме и да кукаме колку среќни сме биле пред 20 годиини, а овие генерации се уништуваат. Не се уништуваат. Едноставно во таков период се родиле и такво детство ќе имаат. За нив ова е среќен период, пошто не знаат како било порано... И нема потреба да знаат... Сменета е храната, воздухот, начинот на живот... Се е поинакво и на нив не преостанува ништо друго освен да се среќни со таблетите и ајфоните. Тие спомени и игри од минатото може само себично да ги зачуваме за себе. Доста веќе едно исто се пишува.
@JollyGirl Не знам мене што ми е поиритантно, дали она дека јас и ти сме имале вошки на 8 години или тоа дека во времето на дедо ми немало интернет.
Едно сто и едно правило се измислија за... што е политички коректно, што е говор на омраза, што е... што. Немој да навредиш по религиска основа, немој по расна, по полова, по етничка... по ЛГБТ и 938847729 други. И на крај, најголемите пропагатори на сите правила за коректност, исправност, етичност ќе ги видиш како блујат по социјални мрежи врз некое си девојченце, врз нејзините родители кои и купиле грдо количе. Баш сте пример. Пиз*а ви. Нека се воведе сто и второ правило за ваквите да се санционираат. Си твитнал, си фејсбукнал си.... си на*бал. Пис, лов и рејнбоус.
Кога сме веќе кај полуматури, јас вчера дознав дека некои после завршување на четврто славеле мини полуматура во ресторан, со цена поголема од тоа ние што плативме за полуматурата. Стварно, на таа мака што ја вложиле тие четири години мислам дека и шампањ требале да им отворат. Кај нас ептен се преувеличуваат ваквите работи повеќе од што треба.
Додека бев на работа денес, доаѓа мајка со синче, 3годишно дете. Додека ме чекаа да им наплатам и се заврте на мајка му и и вика "мамо,многу те сакам" . Е така,од чиста мира. Се насмевнав без да ме приметат,и срцево ми се наполни чиниш мене некој ми го рече тоа И за миг се вратив назад во минатото за 20години. Секој ден кога татко ми си доаѓаше од работа ќе седнеше на фотеља, а јас ги отварав вратите од собите карши и се затрчував со цела сила, и така трчајки се дерев "Многу те сакаааааааааааам" и му се фрлав во прегратка. И јас од чиста мира го правев,сакав да знае колку многу го сакам. А сега,сме ко дивјци. Ќе ме праша кај одам, ќе му ја треснам вратата пред нос,не е твоја работа ќе му речам. Ме удри пред две години во нервоза, и од што се каеше си испи 10 таблети за притисок. Сакаше со живот да се казни затоа што ме удрил. Не можам да си го простам тоа. Јас бев крива,признавам. Никој не го спомна оттогаш,ама ми стои во глава врежано. Се лутиме за се, нервозни сме сите, животот место во хармонија и љубов, ние во немир го минуваме. По срамно е да го гушнам него ли да го изнервирам? Повеќе комшиите си ги почитуваме одколку родителите. Е*ате дивината е*ате. Сите сме исти,с-и-т-е !
Жапке, еве јас не само што сум против навреди на тие основи што си набројала, туку и општо плукањето по полуматуранти, матуранти, апсолвенти овој период не ми се допаѓа. Не ми се допаѓаат мејнстрим коментарите и досетките во стил дека на сите тие поводи не треба воопшто да се обрнува внимание и дека немаат никаква причина за радост... Но, ова со колата навистина е претерано, и како разгалување и пред сѐ од безбедносни причини за тоа 14-годишно дете ако седне само да вози. Не сум ги видела баш сите коментари за ова на фејсбук, не знам колку се остри, ама оваа постапка за мене навистина е аздис и ми нема споредба со политички некоректни навреди и дискриминации.
Во последно време обожавам да чистам дома а потоа да се напијам кафе или сок. Домаќинка сум станала,перам,пеглам може ќе се наканам и да готвам.
Пред неколку недели бев сама во Келн. Т.е. групата беше организирана, ама јас имав малку поинакви планови, а и не познавав никој и сите беа постари машки, па сама си го организирав времето, на крај и сама се вратив. И сите ме прашаа што сум си купила. Викам, си купив чадор. Тргнав да посетам еден објект на Цумтор, и заврна. Зелен, поголем од мене, 12 евра. -Е како чадор, а облека, шминки нешто? А јас жива среќна, симнав карта на Келн на телефон и посетив се што сакав. Истураше дожд а јас допирав згради и шетав наоколу со GPS. Се изгбив барајќи пократок пат кон мостот на Рајна, запознав навивачи на хокеј тим, седев на скали и јадев во ресторан што сама си го најдов. И еве денес ми го донесоа чадорот, бидејќи не можев да го вратам со авион. Прекрасен е. И засекогаш ќе ме потсетува колку исполнето се чувствувам кога сум сама.