Има нешто во очекувањето. Во она чувство додека чекаме да видиме што ќе биде. Срцето го чувствуваш дури во грлото. Сладок немир и надеж.
Не знам каде да те тагирам. Пиши ми приватна порака нешто да те прашам ако сакаш. Ме интересира нешто. Поздрав
Човек таман ќе се израдува дошол до пари, и ќе ги спука до десетти. Ех животе, стварно курва си..ама скапа, ескорт! После следи сликање, но исклучиво со ефтин апарат и дома, зошто за по кафиќи немаТ пари. Не е Марфи крив, ни Ангина која прошлата недела ме фати за грклан, не не. Ама се вадам со овие двајца, демек сешто е купено било неопходно (жими мајка). Само кога ќе се сетам дека пред 4-5 години зборував како ќе знам да раководам со парите, сега комотно ми доаѓа поштено да си се изнасмеам. Толку уверено тврдев дека нема да се расфрлам по глупости, што дури и моите скоро ,,поверуваа". ..5 years later располагам со најчудните и најнепотребните производи на пазарот некогаш видени. Масичка на расклопување без ногарки, волнени папучи во кои може да ставиш се` освен стапало, четка за заби која повеќе личи на мини нефункционален вибратор и уште еден куп стварчиња кои само зафаќаат простор на терасата. И пази, не само што сум антиталент за пазарување на куќни елементи, туку пред една недела во маркет ми се случи една тотална глупост. Одам да купам нешто за вечера, разгледувам, и занесено читам на глас. Млеко трајно, бајно, сјајно.. а продавачката цело време позади мене се туфка, мести нешто. И одеднаш не можејќи да ги најдам крокетите, ја прашувам - се извинувам, држите тука куркети? Кога ми се сврте со поглед како да си го видела мужот гол со стрината од тетка, сфатив колку е саатот. Од толку што ми беше брука, на брзака дофатив нешто што личеше на крокет, и се упатив накај касата. Кога, ете ти ја истава продавачка доаѓа со поглед под око, ми носи actual крокети, и ми вика - еве може овие, два денари се поскапи? Јас само една фаца - у знак на одобрување, платив, и магла низ врата. Супер испаднаа крокетите, ако ве интересира...
Големината на еден човек лежи во желбата да помогне некому, дури и тогаш кога не може да си помогне себеси
Неделата ми беше: Ацетон имав, памук немав. Памук купив, ацетон снемав А денот ми е: Цаци кога би знаел дека имам и омилен порно глумец Хепи недела Туку, што коктел ќе се пие денес?
Ако се пробудиш наутро и помислиш дека иднината ќе биде подобра, тогаш денот е убав. Во друг случај, не е.
Имате ли во друшто една особа коja се знае и секогаш е во право? Jас да. За се има коментар, секогаш неjзините обврски се наjбитни, Вашите не мора, можеи друг ден. Вие да и бидете како поттрчко, за таа да си ги каже проблемите и да си заврши работа. Како помлада(а сега па стара што сум ) не ми сметаше тоа. Кога се побунив дека ми смета да ме вика само за таа да си заврвши работа, кога ми се пушти како сум смеела така да зборам. Тогаш сфатив дека самата сум си крива за тоа, премногу сум и дозволила. Затоа не премолчуваj некои работи. Слободно кажете си што мислите.
Дека здравството ни е крш! Во една од поликлиниките во Скопје , при преглед на грло докторот немаше рачна сијаличка за да ме прегледа,па фино лепо си светеше со телефонот! Човек да не знае дали да плаче или да се смее!
Ептен тапа времево..... Кога не треба врне, во психа ме мава... Плус пмс - добитна комбинација. Да беше убаво времето барем немаше расположението да ми биде вака плус Бора Чорба ќе си го ислушав како што треба....
Денес така убаво си ја чукнав главата што еве уште ми излегуваат црни светки и ѕвездички. Одиме во Матстар со другарка ми,таа ќе пробуваше патики и се наведнав на долните редови да гледам еспадрили јас,и се исправив оддеднаш и кога сум ја лупнала главата во тие стаклените полици а луѓе 100 внатре,и другарка ми почна да паничи,да вика лелеее многу се удри,а јас мртва ладна нееее гајле немам(ама ме болеше,и уште ме боли,и тајно се фатив да не имам крв,немав ух си реков добро е ).
Одиме со две другарки по улица, си правиме муабет ама во позадина слушаме и некој глас од зад нас. Осеќаме како некој е се поблиску до нас, па го слушаме како пее нешто рандом: -Лелеле видииии каква еее....Со поглед ти ме убиваш...Каде ќе бегаш...Ќе те фатам ти си мојааааа.... Очекувам да помине покрај нас некој пијаница или циган....Само поминува покрај нас човекот кога гледаме тој да ти бил ПОЛИЦАЕЦ Во униформа облечен. И баш кога поминуваше покрај нас, се засили уште толку да пее......Ни пушти една заводничка насмевка и не поздрави... Јас си мислев е скрена камера...Дека пак се вратиле К15 да снимаат, но за жал реален бил полицаецот. Си влезе во полициска кола и си замина. ПОЛИЦИАЕЦ!!!! Кога ќе видиш полицаец треба да се чувствуаш безбеден, а не ко некое манијачиште да ти пее на уво
Кажав ДА на најпрекрасниот маж кој кој што сум го имала во мојот живот и го љубам со целото мое срце.
Ако едно мислење е во склоп со темата,во никој сучај не е офф топик.И не сме роботи за да некој не програмира по нивни терк(сите ние имаме личен печат по кој се разликуваме едни од другги)да неможеме да го кажеме она што сакаме, ,,силување,, е тоа..
Дојди кај нас да ги видиш полицајците Навечер во кафичите доаѓаат како група од екскурзија по 15 луѓе . Еден им е матица јер е постар, а на останатите ако им покажем лична карта ќе ми се обраќаат со тетко.
Сдк порасна синот мој и кафе за првпат ни вари. За него какао. Па уште и ми вика мамо пробај го да видиш дали сум го направил убаво. Те сакам љубов.
Прекрасен поминат ден вчера,се собравме друштво од детството,сите веќе возрасни,чат пат муабет што и како сме правеле порано како деца,мали,смеа до солзи.Другарка наша веќе 5 години се бори со бременоста,што све не пробаа,и за жал имаше 4 спонтани абортуси,големи борби,многу плачки,многу разочарувања,знаете вчера што се случи?Ни кажа дека не се откажала,и дека веќе е 6ти месец бремена,иако се познаваше малце стомачето не сакавме одма да и рипнеме,аааа не кажуваш,едно друго,не затоа што само она си знае низ каква мака помина.Вчерашната дружба се претвори во кафана,музика до даска,пиење до утринските зори,солзи радосници,гушкања,кажување колку се сакаме,едноставно неможам емоциите да ви ги искажам,и ежењето на мојата кожа послем ваква вечер. Луѓе сакајте се ама многу сакајте се,никогаш немој од ништо да се откажувате,стремете кон сонот,цврсто со сета сила и сета снага,само движете се напред,заборавете на минатото и само НАПРЕД.
Со мислите се навраќам една година наназад од сега. Бев тешко болна, а сепак до крај се борев да стигнам до целта, не пролеав ниту солза туку напротив се чувствував полетно, борбено, чувствував како се качував по скалите да ги дофатам ѕвездите затоа што патот по кој чекорев не беше лесен. Вешто ја криев својата цел од сите затоа што знаев ако разбереа другите што подготвувам, на каде се движам ќе ме уништат, ќе сторат се за да ми застанат на патот на успехот. Година подоцна тие луѓе од кои бегав и ги криев своите цели и соништа повторно ми застаа на патот, пробаа да го урнат тоа што се борев да го изградам и успеа, ми ја скратија шансата за напредок.... Ех камо да можев од солзиве да си изградам свој мост на среќа, напрема океанот што си го создавам...